Економија
Јапонија најави купување на европските обврзници поради смирување на должничката криза

Новиот јапонски министер за финансии најави дека Токио ќе купува обврзници коишто ќе ги издава европскиот постојан кризен фонд за да може да ја смири должничката криза во еврозоната и да го стабилизира јапонскиот јен
Министерот Таро Асо изјави за медиумите дека новата влада ќе зафати од девизните резерви за да го финансира купувањето обврзници, меѓутоа не сакал да прецизира за кој износ од европскиот долг Јапонија е подготвена да купува.
Неименуван претставник во јапонското министерство за финансии за AFP рекол дека купувањето на обврзниците би можело да започне „уште денес“, имајќи предвид дека Европскиот механизам за стабилизација (ESM) во вторник би требало да започне со продавањето на должничките хартии. Соговорникот додал дека Јапонија „ќе донесе одлука за купувањето откако ќе ги види условите за емисиите“.
Јапонија ја смета Европа за свој важен извозен пазар и веќе купи за милијарди долари обврзници коишто ги издаде претходникот на ESM, Европскиот фонд за финансиска стабилност (EFSF).
„Стабилизацијата на европската финансиска криза на крајот ќе придонесе за стабилноста за цените на валутите, вклучувајќи го и јенот, па затоа имаме намера и натаму да откупуваме обврзници кои ќе ги издава ESM, користејќи ги притоа резервните резерви“, изјави јапонскиот министер за финансии Асо.
Јапонија се соочи со падот на европската побарувачка на јапонски производи поради должничката криза. Во вторникот јапонските медиуми пишуваат дека новата влада во Токио ја разгледува можноста за усвојување нов дополнителен буџет во вредност од 13.100 милијарди јени (150 милијарди американски долари) поради поттикнување на растот на третата според обемот светска економија. Околу 40 отсто од таа сума би биле резервирани за јавните работи.
Владата размислува и за поттикнувачки мерки во вредност од 20.000 милијарди јени кои би требало да ја зајакната домашната побарувачка и да создадат нови работни места, пишува во вторникот јапонскиот економски весник Nikkei.
Поради тензиите во еврозоната, јапонскиот јен, инаку традиционално засолниште за инвеститорите во несигурните времиња, кон крајот на 2011 година достигна рекордно ниска вредност во однос на американскиот долар од околу 75 јени за долар, што предизвика паника меѓу јапонските извозници чии стоки во такви услови поскапеа.
Во меѓувреме јенот поевтини а изминатите седмици неговиот пад беше особено силен, имајќи предвид дека новиот премиер Шинзо Абе најави притисок на централната банка дополнително агресивно да ја ублажи монетарната политика за да го поддржи стопанството./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Божиновска на „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети хидроелектраната „Козјак“, каде што се информираше за тековното функционирање на капацитетот, безбедносните стандарди, како и можностите за понатамошно унапредување на производните перформанси.
Хидроелектраната „Козјак“, која е дел од производниот систем на АД „ЕСМ“, располага со инсталирана моќност од 80 мегавати и служи како еден од клучните столбови за производство на електрична енергија од обновливи извори, но и како заштита од поплави на сливот на реката Треска.
„Со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, затекната беше исклучително тешка хидролошка состојба. Нивото на водостојот во акумулациите беше под алармантни 4%, што сериозно ја загрозуваше енергетската стабилност на државата. Но, преку одговорно и домаќинско менаџирање, координација со институциите и стратешко планирање на производството, денес состојбата е значително подобрена. Последните податоци покажуваат дека водостојот во акумулациите надминува 50% – јасен показател дека системот се стабилизира“, рече Божиновска.
Министерката истакна дека „Козјак“ претставува значаен дел од енергетскиот систем кој има повеќекратна функција.
„ХЕ ’Козјак‘ е пример за одржлива инвестиција – произведува чиста енергија, штити од поплави и позитивно влијае на локалната микроклима. Овој капацитет ја покажува вредноста на стратешкото планирање во енергетиката“ изјави министерката Божиновска.
За време на посетата, министерката беше информирана од страна на раководството на ХЕ „Козјак“ и претставниците на АД „ЕСМ“, дека објектот се одржува согласно највисоките безбедносни и еколошки стандарди, со редовен мониторинг на состојбата на браната, нивото и квалитетот на водата, како и биодиверзитетот во езерото.
Министерството за енергетика најавува дека во следниот период ќе се работи на подготовка на студии за можни подобрувања: зголемување на капацитетот, подобрена автоматизација и воведување на нови технологии за управување со резервите на вода.
„Ќе продолжиме со инвестиции во модернизација на постојните капацитети и во развој на нови проекти од хидроенергетиката. Нашата цел е јасна: стабилен, чист и независен енергетски систем“ нагласи министерката Божиновска.
Економија
Од полноќ поскап дизел

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,928 (денари/килограм)
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Економија
Време е за паметен потег со решенија за штедење што носат резултати

Во време на брзи промени, економски предизвици и зголемена потреба за финансиска стабилност, сè повеќе граѓани ги практикуваат навиките за штедење. Штедењето денес не значи само чување средства на страна, тоа е стратегија и начин да се обезбеди сигурност за подобро утре.
Халкбанк, како банка која со години вложува во довербата на граѓаните, нуди штедни производи кои ги следат различните животни ситуации и потреби – од флексибилни решенија за оние кои сакаат слобода, до стабилни депозити за оние кои имаат долгорочни планови.
Пет различни модели на штедење со една заедничка цел: финансиска сигурност
Онлајн депозит – за дигиталните штедачи
Овој производ е идеален за сите кои сакаат брзина, ефикасност и потполна контрола од дома. Онлајн депозитот може да се отвори преку електронското банкарство на Халкбанк, без посета на филијала. Со минимален влог од само 3.000 денари, добивате можност за фиксна каматна стапка и можност за избор на рок на орочување (од 3 до 36 месеци). Каматата се пресметува на крајот од рокот, а сè е целосно безбедно со електронски потпис. Овој депозит штеди за вас – додека вие се посветувате на тековните приоритети.
Флекси депозит – за оние што сакаат слобода и флексибилност
Флекси депозитот е наменет за штедачи кои сакаат да дополнат или повлечат средства во текот на периодот на орочување, без да ја изгубат целосно каматата. Со минимален влог од 60.000 денари, овој депозит ви овозможува повеќекратни дополнувања и исплати, преку шалтер или преку електронското банкарство. Рокот е 13 месеци, додека пак каматната стапка е фиксна. Ова е совршено решение за оние кои сакаат штедење со флексибилност и контрола.
Мој депозит – за редовни приматели на плата или пензија
Овој депозит е креиран специјално за клиенти со редовни месечни примања (плата, пензија или други приходи) кои се насочени кон штедење и имаат потреба од дополнителна сигурност и поволни услови. Минималниот износ е 3.000 денари, а можете да изберете рок од 13 или 25 месеци. Каматата се исплаќа на крај или месечно. Дополнителна вредност е можноста за уплата на нови средства до истекот на рокот, што го прави овој производ идеален за континуирано штедење без компликации.
Е-касичка – дигитална навика за секојдневно штедење
Сакате да штедите „неприметно“, без голем напор? Со е-касичката, секоја ваша трансакција со платежните картички на Халкбанк може автоматски да се претвори во заштеда. Овој производ работи така што со секое направено купување, автоматски се издвојува мал износ во е-касичката. Каматната стапка е 1%, минималниот влог е само 100 денари, а рокот е 12 месеци. Совршено решение за оние кои сакаат да создадат навика за штедење без да го почувствуваат тоа.
Детски депозит – за иднината на најмалите
Детското штедење никогаш не било полесно. Со дизајнирана детска штедна сметка и подарок од Халки, овој депозит нуди фиксна каматна стапка, орочување до 60 месеци и можност за дополнителни уплати. Минималниот влог е само 1.000 денари. По полнолетството на детето, средствата автоматски се префрлаат на новата сметка. Ова е одличен начин да изградите финансиска навика и сигурна иднина за вашето дете.
Без разлика дали сакате целосна контрола, флексибилност или сигурност за вашето семејство – секој чекор кон штедење е чекор кон посигурна иднина. Производите на Халкбанк ви овозможуваат да штедите заедно со постојана поддршка. Затоа што вистинската вредност на парите не е само во тоа колку ги имате, туку како ги насочувате. А кога штедите паметно – живеете послободно.
(ПР)