Македонија
Јанкулоска: Безбедносната ситуација е стабилна се друго е манипулација
Обвинувањата на опозицијата и манипулациите за безбедносната состојба во земјава се само евтина политичка реторика која се користи за затскривање на безидејноста на оваа политичка група.
Ова во интервју за Прес24 го истакнува министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која оценува дека СДСМ манипулира со неколку случаи на убиства кои полицијата експресно ги расчистила. Според Јанкулоска, мафијашките пресметки од времето на СДСМ се далечно минато за Македонија.
„Ниту еден од овие случаи не ја тангира општата безбедност, иако јавноста со право е вознемирена по секоја ваква сторија. Сепак, времето на мафијашки пресметки и масовна изнуда и рекет, за време на владеењето на СДСМ е далеку зад нас. Впрочем, тоа го говорат и бројките. Точно дека за првите осум месеци имавме 19 убиства, што е зголемување во однос на минатата година, но јавноста треба да знае дека лани имавме рекордно мал број убиства, односно само 20. Оваа бројка убиства ја немало уште од 1980-те години, односно од поранешна СФРЈ. За волја на вистината, од 2006 година кога ја презедов функцијата, бројот на убиства континуирано се намалува од 42 на најниските 20 во текот на 2013-та. Доволно е само да се направи споредба со показателите од времето на СДСМ. Имено, во 2002 година се регистрирани 65 убиства, во 2003 неславен рекорд од 75 убиства, во 2004 имало 56 убиства, а во 2005 – 53 убиства. Кога на тоа ќе се додаде пониската ефикасност во периодот до 2006 година, станува јасно колку СДСМ и нивните експерти се компетентни да зборуваат за безбедносната состојба“, истакнува министерката Јанкуловска.
Во моментов можноста од ширење на фундаментализмот не претставува голема опсаност, смета Јанкулоска и додава дека полицијата има редовни контакти со сите служби во регионот и пошироко, и на дневно ниво разменуваат информации кои би можеле да бидат од значење за земјите од регионот.
„Доколку има потреба, подготвени сме да реагираме на соодветен начин, бидејќи поседуваме и знаење и човечки потенцијал“, тврди Јанкулоска и додава дека министерството, резултати по однос на ова прашање, очекува од засилените санкциите кои се спроведуваат за учесниците во паравоени формации надвор од земјава.
„Ги следам размислувањата на експертите, но ценам дека наместо бавење со црни сценарија и ширење дефетизам или лоши предвидувања, би било многу пожелно кога истите би се ангажирале на продлабочивање и на меѓуетничките и на меѓурелигиозните врски. Впрочем нашата иднина зависи од нас. Кај нас постои една лоша навика доколку се случи каков и да е инцидент меѓу лица со различна етничка припадност, истиот веднаш да се припишува на припадноста на различните етнички или религиозни групи. Како да не може да постои некој друг мотив или причина. Како да не се случуваат исти такви инциденти и меѓу лица од иста етничка заедница“, одговара министерката на прашањето за предупредувата на експертите дека во Македонија се продлабочуваат етничките разлики по неколкуте меѓуетнички инциденти кај младите.
Јанкулоска смета дека е добро што поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) почнал отворено да зборува за она за што во минатото го негирал и дека соработка со ИВЗ постои, но дека полицијата може да реагира во рамки на нејзините ингеренции.
Министерката во интервјуто изразува охрабрување до поглаварот на ИВЗ и натаму да продолжи низ процедурите да ги посочува настанатите проблеми./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„СДС вршеле рекет сред пандемија, со закани уцени и притисоци Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Последните сведоштва во јавноста на др Жан Митрев сè уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер кој ја чува фотелјата на Бихачка, Венко Филипче. Во екот на ковид пандемијата кога граѓаните се бореа за живот Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја превземат приватната болница Жан Митрев. Заев и Филипче освен притисокот и уцените ветиле и „помош во судски процеси“ во замена за удели.
Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност што претставува организиран грабеж.
Дополнително уште пошокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.
Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче. Ова е само дел од низата случаи во криминалната мрежа на тандемот Заев-Филипче и скандалите како златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија.
Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и Филипче.
Дали вака за СДС изгледа европска Македонија што ја ветуваат? Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДС сакаат повторно, некогаш да ја управуваат државата?
Венко Филипче после сите афери и скандали кои се врзуваат со неговото име нема кредибилитет да биде на политичката сцена. После вакви скандали доколку Филипче би имал морал и доблест веднаш би си поднел оставка.
ЈО да не молчи. ЈО веднаш да го истражи случајот. Одговорност и правда мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег

