Култура
ЕУ годинава потроши 2,4 милијарди евра за саморекламирање

Над 2,4 милијардиевра потрошила Европската унија (ЕУ) за саморекламирање во 2008 година.
Над 2,4 милијардиевра потрошила Европската унија (ЕУ) за саморекламирање во 2008 година.
Ова го покажуваистражувањето што синоќа го објави невладината организација „Отворена Европа“,пренесува Макфакс.
Сумата на паришто Унијата ги потрошила засаморекламирање е поголема дури и од годишниот рекламен буџет на компанијата„Кока Кола“.
Освен што има комуникацискастратегија створена за да ја „продава“ ЕУ и нејзините политики, Унијата трошисекоја година милијарди евра во напорите да создаде заедничка европска култураи општество со јавната цел да ја засили поврзаноста на луѓето кон европскиотпроект.
„Даночнитеобврзници не треба да ја плаќаат сметката на безполезен ПР маркетинг, лија целе да не натера да ја засакаме ЕУ.Таквото безполесно трошење на пари засомнителни и глупави проекти треба да престане“, изјави директорот на „Отворена Европа“, Лорен Милали.
„Во ВеликаБританија популарноста на ЕУ е најниска во последните 25 години и Европскатакомисија не прави ништо сериозно во врска со тоа. Наместо парите на даночнитеобврзници да се трошат за пропаганда, лидерите на ЕУ треба да направатдолгорочна стратегија и оценка што не е во ред. Унијата има потреба од итна ирадикална реформа, а не од скапи кампањи за подобрување на имиџот“, додадедиректорот на „Отворена Европа’.
На прво место во пропаганднатамашинерија на ЕУ се класичните пропагандни материјали, како брошури, реклами ифилмови.Унијата располага со сопствен институт за истражување на јавнотомислење – Еуробарометар, со сопствени новинарски канали и средства за влијаниеврз интернетот и медиумите, преку разноразни обуки и награди за новинарите.
На второ место, Унијата дава големи пари навнатрешни организации, кои помагаат за популаризирање на нејзините цели.Освентоа, таа вложува средства, неретко и директно, во невладини организации, научнии лоби групи, кои ја помагаат улогата на ЕУ во различни области, какоенергетика, образование и надворешна политика.
На трето место,Унијата потрошила големи суми на пари за финансирање на политиката за популаризирањена заедничко европско општество и европска култура, особено меѓу младите лица.Само во 2008 година, за таа цел биле потрошени околу 100 милиони евра одбуџетот на ЕУ.
Младите лица се прва целна група на повеќетокампањи на ЕУ. Притоа, специфичен акцент се става на образованието.
ЕУ годишно троши милијарди евра и запопуларизација и рекламирање на европската интеграција, бидејќи нејзините лидериразбираат дека поддршката на тој проект е единствениот начин да бидат сигурни декатоа ќе продолжи да се развива, се наведува во истражувањето на невладинатаорганизација „Отворена Европа“.
/крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.