Македонија
Одложена седницата на Советот, не се избрани останатите обвинители на Јанева
Одложена е во вторникот седницата на Советот на јавни обвинители којашто започна во 10 часот утрото и на којашто требаше да се одлучува за преостанатите седум помошници обвинители од тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева.
Иако Јанева уште во понеделникот испратила допис до Советот и побарала да биде избран цел нејзин тим, а претседателот на Советот, Петар Аневски, најави дека најитно ќе расправаат за ова, сепак седницата беше одложена без објаснување поради која причина е тоа сторено.Седницата, којашто беше зад затворени врати за јавноста, е презакажана за во среда во истото време.Денешната седница беше најавена како редовна седница, претседателот на Советот отвори можност, покрај точките за кои требало да расправаат обвинителите, дополнително да се стави на дневен ред и изборот на останатите обвинители на Јанева.Во понеделникот избраните седум јавни обвинители не дадоа свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители, откако Јанева ги повика да не даваат заклетва поради тоа што не е избран цел тим, и со тоа според неа се крши Законот за специјално обвинителство. Во понеделник наутро пред закажаната седница до Советот стигнало и писмо од министерот за правда, Аднан Јашари, потпишано од четирите политички партии со кое се бара да бидат избрани сите 14 јавни обвинители од тимот на Јанева. Политичките партии утрово до пет часот преговараа со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан, но сé уште нема договор и пробиени се роковите од договорот во Пржино./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

