Култура
Околу 310 загинати Палестинци, продолжуваат нападите од Израел
Околу 310 Палестинци загинале во израелскитевоздушни напади врз цели на исламското движење Хамас во Појасот Газа штозапочнаа во саботата, а бомбардирањата и натаму продолжуваат.
Околу 310 Палестинци загинале во израелскитевоздушни напади врз цели на исламското движење Хамас во Појасот Газа штозапочнаа во саботата, а бомбардирањата и натаму продолжуваат.
Привоздушните напади се ранети над 1.400 луѓе, соопштија спасувачките екипи во териториитеконтролирани од исламистичкото движење.
Израелскивоени авиони утрината го бомбардираа Министерството за внатрешни работи со коешто управува Хамас во Газа, што е прв удар на владина зграда во тридневнатаизраелска офанзива, соопштија извори на Хамас.
Сеуште нема информации дали во нападот има жртви.
Израелизведе неколку десеттина воздушни напади врз Појасот Газа изминатата ноќ во коишто загинаа седум Палестинци, од кои шест деца, соопштија болнички извори.
Нападитесе сконцентрирани на градот Газа каде се наоѓа и зградата на Министерството завнатрешни работи, која според репортерите е уништена.
Израелскитесили го бомбардираа и Исламскиот универзитет во Газа, кој што се смета заупориште на екстремистичкото движење Хамас, но тој напад помина без жртвипоради тоа што во зградата немало студенти.
Израелзапочна воена офанзива во саботата како одговор на ракетните и артилерискитенапади од Газа на јужниот дел од неговата територија. Нападите зачестија пред еднанедела кога истече шестмесечното примирје меѓу Израел и екстремното палестинскокрило на Хамас
./крај/бг/бе/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денес е Ден на македонскиот јазик
Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.