Контакт

Забава

Фејсбук ја затвори страницата за бришење на профилите

Објавено пред

Фејсбук во вторник објави дека ја блокира страната која на корисниците им овозможува да го избришат својот или профилот на пријателот од најпопуларната социјална интернет страна.

dobivaj vesti na viber

Фејсбук во вторник објави дека ја блокира страната која на корисниците им овозможува да го избришат својот или профилот на пријателот од најпопуларната социјална интернет страна.

“Web 2.0 Suicide Machine”  на чија страна се појавува бесилка им овозможува на корисниците на Facebook, MySpace, Twitter ili LinkedIn да го убијат односно избришат  профилот  на пријателите и да избришат одредени информации кои се објавени на страната.

Фејсбук и се спротистави и на Seppukoo.com страната која ги повикува корисниците да остават добар впечаток кај своите пријатели со цел да се деконектираат односно да си направат виртуелно самоубиство во стилот на јапонските самураи./крај/х/бк



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Тие имаат најскап вкус: Овие знаци не прашуваат за цена

Објавено пред

Додека некои внимателно го следат секој денар и составуваат детални табели, други ги користат картичките со став дека животот е премногу краток за компромиси.

dobivaj vesti na viber

Астрологијата ни открива дека нашиот однос со парите и луксузот не е случаен – тој често е запишан во ѕвездите што светкаа на денот на нашето раѓање.

Некои хороскопски знаци едноставно се раѓаат со префинет вкус и вродена потреба за најубавите работи што животот ги нуди. За нив, квалитетот нема цена, а задоволството е примарна цел. Откријте кои се најголемите хедонисти на Зодијакот кои трошат како да нема утре.

Лав
Кралот на Зодијакот мора да ја исполни својата титула. Лавовите, управувани од светлото Сонце, сакаат да бидат во центарот на вниманието, а луксузот е нивна природна состојба. Тие не купуваат само облека, туку инвестираат во својот имиџ. Дизајнерските парчиња, златниот накит и најновата технологија се алатки за нив да го изградат својот статус и да му ја покажат на светот својата уникатност.

За Лавот, цената е само бројка што ја потврдува вредноста. Тие нема да размислат двапати пред да се расфрлаат на ексклузивна вечера, ВИП билети или одмор во петѕвезден хотел. Нивното мото е едноставно: „Јас го заслужувам најдоброто“, и тие ќе се погрижат да го добијат, без разлика каква е нивната банкарска сметка.

Бик
Владеан од Венера, планетата на убавината и задоволството, овој земјен знак има исклучително скап вкус. Сепак, за разлика од Лавот, Бикот не се стреми кон раскош, туку кон супериорен квалитет и сензуална удобност. Тие би сакале да инвестираат во еден совршен кашмирски капут отколку во десет просечни, а нивниот дом мора да биде оаза исполнета со најдобри материјали, гурманска храна и квалитетно вино.

Биковите се вредни работници и веруваат дека го заработиле своето право да уживаат. Нивното трошење не е импулсивно, туку внимателна инвестиција во долгорочна удобност и задоволство. За нив, луксузот е опиплив – тоа е чувството на свила на кожата, вкусот на премиум чоколадо и мирисот на скап парфем.

Вага
Друг знак управуван од Венера, Вагата има вродено чувство за естетика и хармонија. Вагите имаат непогрешливо око за убавина и се привлечени од сè што е елегантно, рафинирано и хармонично. Нивните плакари се полни со внимателно одбрани парчиња, а нивните домови изгледаат како страници од списание за внатрешен дизајн.

Вагите се расфрлаат со уметност, дизајнерски мебел, третмани за убавина и фина кујна, верувајќи дека нивната околина директно влијае на нивниот внатрешен мир. Тие не можат да поднесат ништо што е евтино или безвкусно и се подготвени да платат премија за совршена рамнотежа на формата и функцијата. За нив, убавината е инвестиција во среќа.

Стрелец
Додека другите знаци инвестираат во материјални работи, Стрелецот, вечниот патник на Зодијакот, инвестира во искуства. Управувани од Јупитер, планетата на експанзијата и среќата, Стрелците не се грижат за буџетот кога станува збор за можноста за авантура. Тие ќе се расфрлаат со лет од прва класа до егзотична дестинација, час по готвење во Италија или луксузно сафари без двоумење.

Нивниот оптимизам се протега и на финансиите – тие се убедени дека парите секогаш ќе се појават некако. За нив, животот е збирка спомени, а не работи. Тие би сакале да имаат приказна за неверојатна вечера во ресторан со три ѕвездички Мишелин отколку за најновиот модел на паметен телефон.

Овен
Импулсивниот и страствен Овен живее во моментот, а ова важи и за нивното трошење. Кога Овенот сака нешто, мора да го има – веднаш. Не се мачат да споредуваат цени или да читаат рецензии. Ги води возбудата од ловот и победата, а шопингот често е бојно поле на кое ја докажуваат својата моќ.

Ги привлекуваат статусни симболи, најнови гаџети и брендови кои врескаат „успех“. Овенот ќе биде првиот во општеството што ќе го има најновиот спортски автомобил или патики со ограничено издание. Трошењето е адреналински спорт за нив, а подоцна ќе размислат за последиците, ако воопшто размислуваат.

Риби
Сонливите и романтични Риби трошат пари за да создадат свој свет на имагинација. Нивниот вкус е специфичен и честопати скап, бидејќи се привлечени од работи што имаат душа и раскажуваат приказна. Може да биде уникатно парче накит, уметничко дело, ретка книга или органска козметика со есенцијални масла.

Рибите трошат со своето срце, а не со својата глава. Цената станува неважна ако емоционално се поврзат со некој предмет. Тие ќе инвестираат значителни суми пари во создавање пријатна и магична атмосфера во нивниот дом, што за нив е засолниште од реалниот свет. Луксузни свеќи, удобни ќебиња и врвен аудио систем се неопходност, а не луксуз за нив.

Без разлика дали сте Лав кој гордо носи дизајнерска чанта или Стрелец кој го планира вашето следно патување на долги релации, овие знаци нè потсетуваат дека животот е наменет да се ужива. Иако е мудро да се има финансиски план, понекогаш инвестирањето во сопствената среќа и задоволство е најисплатливата инвестиција. На крајот на краиштата, кој вели дека не можеме малку да се разгалиме?

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Ѕвездата од „Игра на тронови“ го прослави 30-тиот роденден во провокативна облека

Објавено пред

Актерката Софи Тарнер се здоби со слава со улогата на Санса Старк во серијата „Игра на тронови“, а имаше само 13 години кога започна снимањето. Се чини дека „времето лета“, а познатата Санса, или поточно, Кралицата на Северот, сега го прослави својот 30-ти роденден.

dobivaj vesti na viber

Таа објави компилација фотографии од гламурозната прослава на Инстаграм, а привлече внимание со својата комбинација на облека.

„Значи, ова е 30… Мислам дека досега ми се допаѓа“, напиша таа во описот на објавата.

Софи за оваа пригода избра „гола“ облека, моделот „Irina Halter Dress“ од брендот Retrofête. Необичната креација е направена од кристали, а отворениот грб е исто така забележлив.

Фустанот ја истакна нејзината витка фигура, но и природната убавина што ја краси уште од самиот почеток на нејзината актерска кариера.

Комбинацијата ја надополни со висечки кристални обетки, блескава чанта и сребрени сандали. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – одлучувајќи се за меки бранови што паѓаа по рамената.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото/Видео) Потресна исповед на Линдзи Лохан за „Вог“: „Зошто никој не ме заштити?“

Објавено пред

Откако се врати во светот на познатите личности, актерката Линдзи Лохан не престанува да ја интригира јавноста. Таа привлекува големо внимание со својот физички изглед, или поточно, со пластичното лице за кое плати многу.

dobivaj vesti na viber

Сега, во новиот број на списанието „Вог“, таа размислуваше за своето воспитување, но и за својот бурен живот проследен со бројни скандали и пиење.

„Често размислувам назад и се прашувам: Зошто некој едноставно не ме одведе од тоа место, зошто некој не ме заштити? Бев тинејџерка.“

Таа зборуваше и за своите рани актерски денови.

„Кога бев помлада, не ми беше удобно да го изразам своето мислење за ликот што го играв. Но, сега е друга приказна, сега имам поголема самодоверба да кажам дека нешто ми се допаѓа или не ми се допаѓа“, рече таа.

Таа и нејзиниот сопруг Бадер Шамас имаат син, Луис, кој го добија во 2023 година. Двојката се надева дека ќе го прошири своето семејство, а дотогаш уживаат во родителството.

„Соработуваме одлично бидејќи тој е толку смирен, а јас сум како петарда. Толку сме избалансирани“, рече таа, опишувајќи го својот живот во Дубаи.

„Живеењето во Дубаи беше паметна одлука. Можам само да поминувам време со моето семејство, а самиот град ме тера да се чувствувам како да сум фокусирана на она што е навистина важно за мене“, вели Линдзи Лохан, додавајќи дека повеќе не мора да се грижи за својот физички изглед во јавноста како порано.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет40 минути

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа52 минути

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија11 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија17 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија18 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија19 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија19 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија20 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа21 час

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија21 час

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион22 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет22 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија22 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија22 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија23 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион23 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет24 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет24 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион1 ден

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...