Македонија
Заев: Намалувањето на оштетното барање на Груевски е евтин трик
Евтиниот трик со којшто се намалува оштетното побарување од 500 илјади на 50 илјади евра апсолутно е ирелевантно и неважно за целиот овој процес, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вторник по одржаното рочиште од судскиот процес по тужбата за клевета и навреда што против него ја поднесе премиерот Никола Груевски.
„Во целиот овој процес, треба да се утврди дали тужителот договарал, дали е тоа неговиот глас и дали учествувал во продажбата на Македонска банка. По пат на тужба тој бара оштетно побарување, од мене, како претседател на опозицијата или лично Зоран Заев, заради нанесена штета на честа и угледот“, рече Заев.
Сакам да констатирам, додаде, дека аудио снимката како крунски доказ не е прифатена и Ден Дончев, кој лично ја достави аудио снимката и материјалните докази, лично кај мене на рака, не е повикан да сведочи, иако е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време.
Заев рече дека и денешното рочиште во кое што судот дозволи Никола Груевски да не даде одговор дали гласот на снимката е негов или не и да се повика на партиско соопштение, само по себе, како што рече, ја потврдува оваа фарса, којашто според него и неговите адвокати има извесен крај.
„Сè е јасно и после неприфаќањето на Ден Дончев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време, доставувачот на снимката и конкретните материјални докази и повторното одбивање од страна на судот, да не биде прифатен како доказ, само по себе ја потврдува извесноста од решението на целиот овој процес“, рече Заев по судењето во Основниот суд Скопје 2.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

