Забава
Лубеницата најсилен афродизијак
Лубеницата се состои од 92% вода, а во останатите 8% има многу ликопени кои го штитат срцето, простатата и кожата и тоа ја прави да биде еден од најсилните афродизијаци
Таа е еден од најсилните природни афродизијаци. Истражувањата покажале дека таа делува многу слично на вијаграта, најпопуларното средство за подигање на потенцијата, но без никакви непријатни нус-појави.Лубеницата е богата со природни состојки кои во телото покренуваат здрави реакции. Една од нив е цитрулин кој ги опушта крвните садови, исто како што е случајот со вијаграта. Лубеницата има предност да делува на целото тело, а поради дејството на опуштање, многу е делотворна и кај жените. Најдобро е да се јаде со семки, бидејќи тие содржат голем број корисни состојки.Освен ова дејство, лубеницата има моќ и да ја зголемува отпорноста на сончеви зраци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Првиот тренд за 2026 година е боја во која многумина ќе се заљубат
Во исчекување на нивното објавување, многумина се сетија дека аналитичката агенција WGSN ја предвиде бојата на годината за 2026 година, а сега само треба да видиме дали биле во право за овој моден тренд.
Тие, во соработка со агенцијата Coloro, заклучија дека тоа ќе биде боја наречена трансформативна тиркизна. Во превод, трансформативна сино-зелена.
Течна фузија помеѓу сигурна темно сина и морско зелена, ова е бојата за период на промени. WGSN предвидува дека 2026 година ќе биде година на преориентација, обележана со зголемена побарувачка на потрошувачите за поголема одговорност кон животната средина.
Оваа промена нема да влијае само на однесувањето на потрошувачите, со растечки фокус на иднината, туку и на производството, при што идните потреби и желби на потрошувачите ќе се одразат во изборот на бои.

„Трансформативната сино-зелена боја носи чувство на свежина, смиреност и обнова. Во 2026 година, старите идеи ќе бидат преиспитани бидејќи луѓето бараат итни промени во начинот на кој се однесуваме кон нашето општество, ги организираме нашите индустрии и соработуваме со нашата околина. Трансформативната сино-зелена боја ја одразува природната разновидност и го одразува начинот на размислување што ја става Земјата на прво место“, соопшти агенцијата.
Дали нивното предвидување се одрази во колекциите на познати брендови за пролет/лето 2026 година? Само неколку.

Модната куќа Chloe подготви вибрантна колекција за следната пролет-лето сезона во која креативниот директор Чемена Камали го спои боемскиот дух со енергијата од 80-тите, а сината се сретна со зелената боја во неколку презентирани изгледи.
Сино-зелената боја го најде своето место во колекцијата на брендот Zimmermann, а Loewe ја воведе во свое издание преку неколку детали.

Останува да се види дали Pantone ќе го потврди предвидувањето и со тоа ќе ѝ даде поттик на оваа боја.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Колумбиската „бомба“ во фустан од Викторија Бекам
Софија Вергара, актерка и една од најубавите жени во светот, покажа дека е меѓу познатите личности кои обожаваат да носат облека од колекцијата на Викторија Бекам.
Колумбиско-американската ѕвезда беше фатена додека одеше во ресторан во Беверли Хилс, каде што ја помина вечерта со пријатели, а за оваа пригода се одлучи за прекрасна зелена креација од Викторија Бекам што познатата дизајнерка ја создаде специјално за неа.
Кежуал фустанот има кратки ракави и миди должина, со дискретен деколте и набор под градите.
Атрактивната ѕвезда го комбинираше фустанот со сандали во малку потемна нијанса.
Иако обично носи смели комбинации кои го истакнуваат нејзиниот главен адут – градите, Софија Вергара овој пат беше малку помалку провокативна, но сепак доволно за да мами погледи и да привлече со својата убавина и фигура.
Патем, Софија Вергара неодамна стана амбасадор на спортскиот бренд Skechers, пишувајќи историја како првата Колумбијка што е лице на популарен бренд.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Објавен трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“, познат е и датумот на премиерата
Првиот краток трејлер за „Ѓаволот носи Прада 2“, долгоочекуваното продолжение на култниот филм од 2006 година, конечно пристигна. Обожавателите на Миранда Пристли и нејзините асистенти добија увид во следното поглавје од оваа модна приказна.
Во својот препознатлив стил, 20th Century Studios го објави трејлерот со легендарната реплика: „Продолжение? За пролет? Револуционерно“. Видеото е придружено со песната на Мадона, Vogue, која го одбележа и оригиналниот филм и го потврдува враќањето на главните ѕвезди.
„Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се враќаат во ‘Ѓаволот носи Прада 2’ во кината од 1 мај 2026 година“, се вели во официјалното соопштение.
Новиот филм ќе ја следи главната уредничка на списанието Runway, Миранда Пристли (Стрип), а се бори да ја одржи својата кариера во свет во кој печатеното новинарство полека исчезнува.
Ситуацијата станува уште покомплицирана кога Миранда се соочува со Емили Чарлтон (Блант), нејзината поранешна помлада асистентка, која оттогаш стана моќен извршен директор на луксузна група. Токму нејзиниот маркетинг-буџет е тој што на Пристли очајно ѝ е потребен за да ја спаси својата империја.
Заедно со враќањето на саканите ликови од првиот филм, објавено е дека голем број нови лица ќе се приклучат на глумечката екипа, а некои од споредните ликови нема да се појават во продолжението.
фото: принтскрин

