Контакт

Култура

Премиера на Унковски во Германија

Објавено пред

На 2 октомври, во Државниот театар на покраината Хесе во Висбаден, Германија, македонскиот режисер Слободан Унковски ќе ја има премиерата на претставата „Камен“, по текст на водечкиот современ германски автор, Мариус фон Мајербург

dobivaj vesti na viber

Унковски втор пат режира во овој врвен германски театар и е еден од ретките режисери надвор од германското говорно подрачје кој е поканет да работи. Пред две сезони ја работеше претставата „Скакулци“ по текстот на Билјана Србљановиќ. Hessisches Staatstheater Wiesbaden е театарска институција со огромна продукција, со преку 30 премиери годишно на драмската сцена, операта, балетот, детскиот театар… Театарот е и организатор на Биеналето на европска драма и на фестивалот „Мајфест“, каде се прикажуваат најновите европски претстави. Досега на Биеналето на новата европска драма се прикажани три претстави во режија на Унковски: „Буре барут“ и „Другата страна“ на Дејан Дуковски и „Шини“ на Милена Марковиќ.„Камен“ („Der Ѕtein“) опфаќа период од 1935 до 1992 година и зборува за митовите на минатото и криењето на вистината за злосторствата на нацизмот. Преку состојбите во една куќа во Дрезден е дадена слика на колапсот на еден систем. Сопствениците на куќата се двигатели на дејството и откривачи на вистината – митот за таткото кој ги спасува Евреите, а всушност ги праќа во логор, се пренесува на наредните генерации се‘ додека на крајот не излезе вистината на виделина. Играат: Сузан Барт, Уве Краус, Дорин Никсдорф, Ева Марија Дамаско, Стефани Хелман и Франциска Вернер. Сценографијата и костимографијата се на Ана Атлагиќ, а драматург е Карола Хануш. По премиерата на „Камен“, Унковски продолжува со пробите во Југословенско драмско позориште во Белград, на Шекспировата „Како што милувате“, а до крајот на оваа сезона треба да заврши со својата опера „Мандрагола“, според истоимениот текст на Макијавели, чиј автор е Иван Јевтиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Денес е Ден на македонскиот јазик

Објавено пред

Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

dobivaj vesti na viber

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Прикажи повеќе...

Култура

Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024

Објавено пред

МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.

dobivaj vesti na viber

Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.

Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Прикажи повеќе...

Култура

Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“

Објавено пред

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.

dobivaj vesti na viber

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет41 минута

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет44 минути

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет57 минути

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет59 минути

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...

Економија19 часа

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија23 часа

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија23 часа

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија23 часа

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет23 часа

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...

Македонија1 ден

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до...

Македонија1 ден

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...

Свет2 дена

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...

Свет2 дена

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет2 дена

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ2 дена

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија2 дена

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ2 дена

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија2 дена

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...

Регион2 дена

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој...