Македонија
Се зголемува бројот заболени од жолтица во Скопје
Во главниот град Скопје во текот на викендот се регистрирани шест нови случаи на заболени од жолтица со што вкупниот број евидентирани случаи се зголеми на 72.
Од споменатиот број 72 заболени, шеснаесет се лекуваат на Инфективната клиника, двајца на инфективното одделение во Градската општа болница „8-ми Септември“ и се во добра здравствена состојба, а другите се пуштени на домашно лекување, според податоците на Центарот за јавно здравје.
Најголем број од заболените, односно 27 се на возраст од 3 до 14 години, 21 лице се на возраст од 29 до 40 години, 19 лица на возраст од 16 до 25 години, а шестмина заболени се на возраст од 48 до 55 години.
Најмногу заболени има во населбата Шуто Оризари, а по неколку заболени има речиси во сите скопски општини, односно во Аеродром, Карпош, Центар, Чаир, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден и Бутел.
Во петокот, по Штип и во Скопје беше прогласена епидемија на жолтица. Центарот за јавно здравје во петокот соопшти дека дотогаш се регистрирани 66 заразени, а само во претходните десет дена биле пријавени 21 случај. Зголемениот број на заразени можно е да се должи на интензивните дождови и излевање на канализациите, велат од ЦЈЗ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

