Забава
Курс за правила за облекување
Жените вработени во Англиската банка неодамна присуствуваа на предавање под наслов “Облека за успешните жени“, на кое водечките консултанти за имиџ
Жените вработени во Англиската банка неодамна присуствуваа на предавање под наслов “Облека за успешните жени“, на кое водечките консултанти за имиџ на компаниите ги советувале како да се облекуваат на работа, што ја разбранува британската јавност и активистите за женски права, кои предавањето го нарекле сексистичко.
Предавачите на присутниот женски персонал им рекле дека карминот и високите потпетици се пресудни за деловниот успех. Тие ги советувале секогаш да носат високи потпетици со максимална висина од пет сантиметри и секогаш да ставаат шминка, па дури тоа да е само кармин за усни.
Во продолжение на предавањето им било речено да избегнуваат канчиња околу зглобот, бидејќи тоа потсетувало на проституција. „Здолништата и кондурите мораат да бидат со иста боја“, им посочиле на присутните економистки.
„Треба да избегнувате бели потпетици, пренатрупани торби, премногу накит на рацете и пирсинг“, прецизирале советниците за имиџ.
Членовите на организацијата за борба за човековите права и најуспешните бизнис жени во Велика Британија, овој собир го оцениле како „сексистички“, додавајќи дека „она што го прави Англиската банка, е страшно и апсурдно“.
„Поставувањето на вакви правила испраќа порака на вработените дека мора да изгледаат и да се облекуваат на одреден начин за да бидат успешни во бизнис светот, а тоа строго се коси со практиката на еднакви можности“, изјави Катерина Рејк, претседателка на групата за женски права во Англија.
Семинарот е само еден од последните примери како бизнис популацијата се носи со економската криза. Неодамна на женскиот персонал во адвокатската фирма Фрешфилдс Брукхаус Деринџер исто им било советувано да носат потпетици и здолништа наместо пантолони. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Следниот чекор на вештачката интелигенција: интерфејси што читаат мозочни сигнали
OpenAI предводи инвестиција од 252 милиони долари во Merge Labs, нова лабораторија за развој на интерфејси мозок–компјутер (BCI – Brain-Computer Interface), чиј коосновач е Сем Алтман. Покрај OpenAI, во финансирањето учествуваат и Bain Capital, како и Гејб Њуел од компанијата Valve.
Целта на лабораторијата е во текот на следната деценија да ги поврзе биолошката и вештачката интелигенција, со почетен фокус на медицински примени, а подоцна и на интерфејси за масовна употреба, пишува Hypebeast.
За разлика од Neuralink, кој се потпира на хируршки импланти, Merge Labs развива поинаков пристап. Нивниот тим работи на нови BCI архитектури кои користат молекули наместо електроди за интеракција со невроните, додека податоците се пренесуваат со помош на длабок ултразвук. На тој начин се избегнува вградување импланти во мозочното ткиво. Долгорочната цел на компанијата е да развие неинвазивни неурални интерфејси со висока пропусност.
Инвестицијата на OpenAI оди подалеку од финансиска поддршка. Компанијата ја смета BCI технологијата за клучен следен чекор во развојот на интерфејси што можат да ја направат вештачката интелигенција поприродна и повеќе насочена кон човекот.
OpenAI планира да му обезбедува на Merge Labs прилагодени основни модели и оперативни системи за вештачка интелигенција, оптимизирани за толкување на мозочни сигнали. Во пракса, тоа значи дека софтверските планови на OpenAI и хардверските амбиции на Merge Labs се тесно поврзани со целта за овозможување интеракција со вештачка интелигенција на ниво на мисла.
Овој потег дополнително го нагласува ривалството меѓу Сем Алтман и Илон Маск, чија компанија Neuralink дејствува во истата област. Merge Labs се позиционира како компанија поблиска до хардвер базиран на вештачка интелигенција отколку до традиционалната медицинска технологија, што е во согласност со пошироката стратегија на OpenAI насочена кон чипови, уреди и унапредување на човечките способности. Во исто време, фактот што OpenAI инвестира во компанија чиј коосновач е Алтман покрена прашања за управувањето, можниот судир на интереси и сопственоста над идните неурални технологии.
Забава
(Фото) Најпознатиот хрватски бизнисмен има нова девојка: која е 28-годишната убавица
Мате Римац, познатиот претприемач и основач на „Римац Автомобили“, ја претстави својата нова девојка на јавноста во среда, додека беа заедно на музички настан во Загреб, а фотографите ги фатија како се држат за раце.
Римац се разведе од Катарина Ловриќ кон крајот на 2024 година и оттогаш го чуваше приватниот живот подалеку од јавноста, но со овој потег стави до знаење дека е во нова љубовна врска, па многумина се прашуваат која е новата избраничка на Римац?
Станува збор за 28-годишната Барбара Котарски од Самобор, десет години помлада од него, која е многу активна на социјалните мрежи, каде што има околу 15.000 следбеници. Таа ја сака хуманитарната работа и волонтирањето, па затоа често промовира вакви објави, а учествувала и во бројни волонтерски проекти, пишува 24sata.hr.
Дипломирала бизнис економија во Риека, работела во манекенство, а поради природата на нејзината работа, кога имала 21 година, се преселила во Истанбул на шест месеци.
„Не заработив многу во тие шест месеци, но искуството што го стекнав е многу повредно за мене. Стекнав самодоверба, запознав прекрасни луѓе со кои сè уште сум во контакт“, изјави таа за Diva.hr пред неколку години.
Некои се шегуваа дека убавицата Барбара е „новата Невера“ на Римац.
Забава
„Толку се слатки, како тинејџери“: Мерил Стрип наскоро се мажи?
Холивудската актерка Мерил Стрип (76) и Мартин Шорт, кој е две години помлад од неа, минатата година предизвикаа гласини за врска, а потоа беа видени заедно кај Том Хенкс. Сето тоа беше доволно за гласините да бидат незапирливи, а според изворите, двојката дури размислува и за брак.
Можеби уште поинтригантно е што Мерил се држи до доброто старо правило и со децении не открива ништо за својот приватен живот.
Meryl Streep ‘couldn’t help but fall’ for Martin Short: Inside their ‘completely unexpected’ romance https://t.co/NNmZOGnHXf pic.twitter.com/WZo8X7axr4
— Page Six (@PageSix) March 13, 2025
Според RadarOnline, новопечениот пар е пред брак.
„Пријателите шепотат дека следниот чекор ќе биде бракот. Очигледно е дека Мерил е лудо заљубена. Мартин е брз, интелигентен и, секако, забавен. Прави да се смее. Смислата за хумор може да биде многу привлечна“, рече изворот.
Како што понатаму велат, ниту еден од нив немал поим дека ќе ја најдат љубовта во овој дел од нивниот живот.
„Тие се многу слатки, изгледаат како тинејџери во средно училиште“, додаде изворот.
Иако Шорт претходно ги негираше гласините за нивната врска, никој не им веруваше, па медиумските наслови продолжија да се појавуваат.

