Македонија
МО и АРМ формираа Комисија за проверка на почитување на правилниците по тројното убиство
Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија формираа Kомисија со цел да се испита дали се почитувани правилата, процедурите и елаборатите за упатување на стража, употреба на лично вооружување, располагање со муниција и да се провери дали имало пропусти во примената на овие правила кај професионалниот војник кој изврши тројно убиство во вторникот во Злетово, а потоа се обеси.
„Министерството за одбрана на Република Македонија, по повод трагичниот настан кој вклучува и професионален војник во служба на АРМ, изразува длабоко жалење и искрено сочувство до семејствата на починатите“ се вели во соопштението.
Комисијата воедно ќе има задача да даде препораки за подобрување на постојните правилници и процедури со цел да се оневозможат вакви немили настани во иднина.
„Укажуваме дека огромниот дел од припадниците на Армијата на Република Македонија високо професионално си ги вршат своите поставени задачи. Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија ќе преземат соодветни мерки во насока на превенција за спечување на ваквите појави“, велат од Министерството за одбрана.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

