Македонија
Македонците бараат албанскиот претседател да не го декретира законот за територијална поделба
Македонците во Албанија побараа од претседателот на државата Бујар Нишани да го врати повторно во Собрание новиот закон за административна територијална поделба кој беше усвоен со мнозинство гласови во албанското Собрание и покрај несогласувањето на малцинствата.
Друштвото на Македонците „Илинден“ упати писмо до Нишани во кое се наведува дека верува дека претседателот во согласност со Уставот нема да го потпише законот и така ќе ја заштити декомратијата во земјата.
Македонското малцинство во Албанија смета дека со соединување на општините во Голо Брдо и Гора се прави чекор назад за правата на малцинствата во Албанија.
„Областите Голо Брдо и Гора и со админстративната поделба во 1913 година се како посебни административни единици“, се нагласува во писмото и притоа се додава дека со оваа нова поделба се газат сите демографски, географски, економски и културни критериуми во областите на Голо Брдо и Гора.
„Соединувањњето на општините во Голо Брдо и Гора како планински области го отежнува животот на населението така што за еден извод тие треба да патуваат повеке од два часа“, се истакнува во писмото на здружението на Македонците „Илинден“, потпишано од страна на претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
Инаку Ѓурѓај за Макфакс изјави дека Македонците во Албанија на овој закон ќе се спротистават со сите демократски средства. Претходно несогласувањето со овој закон Македонците го искажаа и со писма упатени и до меѓународниот фактор со цел да ги изнесат аргументите зошто овој нов закон е директно против правата на малцинствата во Албанија.крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши експресниот пат Градско – Дреново
Работниците беа повлечени и активности на терен немаше, не беа решени косините и недостасуваа околу 13 милиони евра за да се доврши реализацијата на овој експресен пат, истакна вицепремиерот Николоски на пуштањето во употреба на експресениот пат Градско – Дреново.
Но со посветен работа, со огромна подршка на премиерот успеавме за месец дена да го решиме тоа што претходната влада не успеа за година и половина и денеска да имаме завршен експресен пат, додаде вицепремиерот Николоски.
“Изведувачот се спремаше за арбитража, веќе првите чекори беа преземени и работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година и половина не сакала да потпише два адендума, Адендум 3 и 4, кој што беа договорени со ДЕУ и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува.
Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата, истата се формираше на крајот од јули, во тек на август се работеше на содржината на овие два адемндуми и на 12 септември проблемите се решија. Од 12 септември до буквално Нова година се работеше, се заврши комплетно и сакам да честиттам на сите бидејќи имаме експресен пат.
Овие работи треба да се кажат бидејќи народот треба да знае кој работи а кој не работи. Овој пат денеска што го гледате е реален и не е направен со вештачка интелегенција како што го имаше во одредени пропагандни спотови во изборите и ова е најдобра подршка зошто оваа влада треба да биде подржувана од народот за уште поубави проекти”- се обрати пред присутните вицепремиерот Александар Николоски.
Македонија
Се очекува и утре да вее снег – прогноза за времето до крајот на неделата
Времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови за појава на голомразица и снежни наноси.
Утре не’ очекува променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 5 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.Попладне насекаде врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. По некои котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Македонија
Владата ги повика на консултаци невладините организации за Извештајот за состојбата
Владата денеска упати јавен повик до невладините организации да земаат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година.
Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата од 2005 година, кое се грижи за унапредување на условите во кои работи невладиниот сектор, бара тие да помогнат во оценување на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество.
Во повикот од невладините се бара да го пополнат прашалникот за мерење на вредностите на индикаторите од Акцискиот план на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2025 година, информираа од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење.
Целта на вклучување на невладините организации е Извештајот да биде реален и да даде објективен приказ на состојбите во граѓанското општество.
Прашалникот е јавно достапен на веб страната, кој можат да го пополнат сите регистрирани невладини организации во земјата најдоцна до 25 јануари годинава.