Култура
Обама ќе ја обновува економијата

Избраниотамерикански претседател Барак Обама вети дека ќе инвестира во инфраструктуратана ниво незабележано од 1950 -тите години, кога беше воспоставен системот наамериканските автопатишта
Избраниотамерикански претседател Барак Обама вети дека ќе инвестира во инфраструктуратана ниво незабележано од 1950 -тите години, кога беше воспоставен системот наамериканските автопатишта
Инвестирање е делод неговиот план за отворање на 2,5 милиони нови работни места во американскатаекономија, која се повеќе запаѓа во криза. Тој исто така ја истакна потребатаод експанзија на брзиот интернет и модернизација на училиштата.
САД со соочени сонајвисока невработеност за 34 години, работодавците во ноември скратиле рекордни 533 илјади работни места
Таа бројка ја искачи невработеноста во државата на 6,7 отстои понуди драматичен доказ дека Соединетите Американски Држави (САД) тонатподлабоко во рецесија.
Националното биро за Економски истражувања (НБЕР) соопшти дека американската економија е ворецесија веќе една година. Еденкомитет на НБЕР утврди дека САД влегле во рецесија во декември 2007,кога завршила економската експанзија што почнала во ноември 2001 година.
Во денешнотоседмично обраќање; Обама рече како може да се остварат најголемиот дел одновите вработувања.
„Ќе создадемемилиони работни места со најголемата нова инвестиција во нашата националнаинфраструктура од создавањето на федералниот систем на автопатишта одпедесетите години“, рече Обама./крај/ббц/ил
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Денови на Крали Марко во Прилеп

Меѓу настаните кои претставуваат традиционални културни обележја на град Прилеп се и „Денови на Крали Марко“, кои се одржуваат кон средината на месец мај, со што се одбележува годишнината од загинувањето на легендарниот крал и се промовира Прилеп како град каде што живеел најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот.
Манифестацијата ќе се одбележи со концертниот проект „Гласови под Кулите“ кој го спојува древното и современото, македонското и медитеранското, балканското и западноевропското. Концертот е во организација на Општина Прилеп во соработка со НУЦК Марко Цепенков – Прилеп.
Програмата ќе биде полна со изведби на традиционални македонски песни, чалгиски интерпретации, но и нови инспирации од европскиот и балканскиот музички фолклор.
Од „Гласот ми се чуе горе в планината“ и „Крали Марко и Митре Тирочанче“, „Зајде сонце, зајде“, до „Douce Dame Jolie“ „Pourquoi, doux rossignol” и „Узви се лоза алова“ – концертот ќе ги обедини сите тие елементи во еден уникатен музички концепт.
„Болката, разочарувањето и жртвите на јунаците кои се борат со својата судбина, песните за борба и храброст, преку контрадикторните моменти на одлуки и жртви што ги носат, ќе бидат само дел од патувањето низ нашите музички корени. Емоција која допира до најдлабоките основи на нашето постоење и сеќавање, додека ги поврзува епохите и просторот, можеби поврзувајќи ги нашите исконски звуци со трупите на некои патувачки музичари и минатото со сегашноста и иднината.
Ана Митоска (вокал, сантур), Петар Христов (цариградска лира, вокал, ут, лаута, дудук, сопран саксафон, блокфлејта…), Зоран Беговски (кавал, деф, вокал), и Симон Облешевски (клавијатури), ќе оживеат легенди и звуци што се носат од далеку – и остануваат длабоко во нас“, се вели во најавата за настанот.
Култура
Државниот симфониски оркестар од Солун првпат доаѓа во Скопје

Државниот симфониски оркестар од Солун првпат во неговото 66 годишно постоење ќе настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 мај со почеток во 19.30 часот.
Оркестарот ќе настапи со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и нашиот светски реномиран пијанист Симон Трпчевски.
Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот грчки диригент Владимирос Симеонидис.
На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годишнината од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”
Проектот се спроведува во рамките на националниот план за закрепнување и отпорност Грција 2.0 финасиран од Европската Унија NextGenerationEU.
Култура
Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски-Питу – животна приказна“ во Музејот на Македонија

Музејот на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај со промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“.
Промоцијата ќе се одржи на 19 мај 2025 година (понеделник), во 12 часот, во изложбените простории на Музејот.
„Публикацијата е дел од истражувачкиот проект посветен на животниот пат на револуционерот Кузман Јосифоски – Питу и се реализира во рамките на годишната програма, со поддршка од Министерството за култура и туризам. Нејзината намена е да ја збогати музејската презентација и едукација, на теми со историска содржина и да послужи како корисно помагало во наставата по историја и граѓанско образование, во рамките на образованиот процес“, велат од Музејот.
Автор на публикацијата е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Промотор на настанот ќе биде м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос – историчар во НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност.