Македонија
Прогласена епидемија на жолтица и во Скопје
По Штип, и во Скопје е прогласена епидемија на жолтица. Центарот за јавно здравје во петок соопшти дека до сега има 66 заразени, а само во изминативе 10 дена биле пријавени 21 случај. Зголемениот број на заразени можно е да се должи на интензивните дождови и излевање на канализациите, велат од ЦЈЗ.
Центарот за јавно здравје Скопје информира дека во јули и август се регистрирани зголемен број случаи на заразна жолтица на подрачјето на Скопје и поради тоа е прогласена епидемија.
„Станува збор за вкупно 66 случаи, од кои најголем број, 21 се на територијата на општина Шуто Оризари, во Карпош осум, во Чаир има шест случаи, во Центар седум, во Кисела Вода има пет случаи, во Гази Баба и во Ѓорче Петров по три, во Аеродром девет и во Илинден и во Бутел по два случаи“, се наведува во соопштението на ЦЈЗ.
Заболените лица се на возраст од 3 до 58 години. 23 случаи се на возраст од три до 14 години, по 19 случаи се на возраст од 16 до 25 години и од 29 до 40 гдини, додека пет случаи се на возраст од 48 до 55 години.
Од ЦЈЗ информираат дека во изминатите десетина дена е пријавен 21 случај, при што во четири семејства, од кои две од Шуто Оризари и по едно од Карпош и Аеродром, има заболено по два члена, додека другите случаи се епидемиолошки неповрзани.
Како можна причина за појавата на епидемија, ЦЈЗ ги посочува интензивните дождови, собирањето на атмосферската вода и делумното излевање на канализационата мрежа во општините каде се појавени повеќето случаи.
Но, предупредува ЦЈЗ, независно од местото на живеење, зголемениот број случаи може да се должи и на недоволно оддржување на лична хигиена како што е недоволно миење раце и несоодветно миење на свежо овошје и зеленчук пред конзумација.
Од вкупниот број заболени лица, 40 се болнички лекувани на Клиниката за инфективни болести Скопје и на Инфективното одделение при ГОБ „8 Септември“. Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 15 лица, кои се во добра здравствена состојба.
Олеснителна околност,велат од ЦЈЗ, е тоа што сè уште трае летниот распуст на учениците, со што дополнително се спречува ширење на заразна жолтица во училиштата.
Одделението за епидемиологија при ЦЈЗ Скопје ја следи состојбата и презема соодветни санитарно-хигиенски и против епидемиски мерки за спречување на ширење на заболувањето.
За заштита од жолтица се препорачува особено внимание при одржување на лична хигиена, потоа одржува на хигиената во домот и санитарните јазли, редовно миење на раце пред јадење и особено после одење во тоалет, детално миење на свежо овошје и зеленчук пред конзумација, конзумација на исправна вода за пиење односно да не се користи вода за пиење од дополнителни водоснабдителни објекти како што се бунари.
Во Штип, исто така, е прогласена епидемија на жолтица, а во последните три месеци во градот се регистрирани 27 заразени.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

