Економија
Бизнисмените задоволни од легализацијата на земјиштето под фирмите
Членовите на Управниот одбор на Сојузот на стопански комори (ССК) во понеделникот одржаа работен состанок со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, при што ја поздравија одлуката за легализација на државното земјиштето кај легализираните бесправно изградени објекти.
Претседателот на Градежната комора при ССК, Сеад Кочан, истакна дека ваквата одлука е мошне корисна за граѓаните, но и за стопанствениците.„Ова е добра можност земјиштето до 30% да се легализира, а стопанствениците може да имаат повеќекратен бенефит. Легализацијата ќе чини од 4 до 7 евра по метар квадратен, на тој начин стопанствениците ќе се здобијат со комплетен имот чија процената вредност може да изнесува 200 до 400 евра по метар квадратен“, истакна Кочан.Министерот Јанакиески истакна дека ова беше едно од барањата на ССК во претходните средби, бидејќи на овој начин се овозможува целокупно решавање на имотот, кој претходно бил нелегално изграден на земјиште на Република Македонија. „Со измените на Законот за легализација, кои стапија на сила на 17 декември, очекувам да се забрза процесот на легализација. Сепак, имаме два проблеми за ова прашање едниот е недоставување на геодетските елаборати од страна на граѓани и компании, така во Законот ставивме одредба доколку граѓаните и приватните компании не го достават елаборатот во рок од 18 месеци, го губат правото на легализација. И вториот проблем е тоа што општините ангажираат мал број лица и затоа апелирам општините да го зголемат бројот на лица кои ќе работата на овие предмети“, истакна Јанакиески. Тој додаде дека согласно Правилникот за урбанистичко планирање, кога се работи за бесправни објекти за кои е завршена постапката за утврдување на правен статус, земјиштето, односно дворното место треба да изнесува до 30% од вкупната парцела на која е изграден објектот и истото може да се откупи по намалените цени кои се во важност согласно одлуката на Владата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

