Македонија
Направена е промена на делови и тестирања на владиниот 'лирџет'
Инспекторите и пилотите од македонските воздухопловни институции кои во Нирнберг заедно со овластениот сервисер „Аеро-динст“, направија контрола, проверка и тестирања на владиниот авион „Лирџет 60“ по враќањето во Скопје, до Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), ги доставија првичните извештаи и информации за состојбата на авионот, во која се наведува дека е направена е комплетна контрола, проверка и тестирањe на леталото.
Во четвртокот доцна попладнето авионот со кој од Стразбур се враќаше кон Скопје македонскиот премиер Никола Груевски со соработниците, поради декомпресија во кабината мораше принудно да се приземји во Цирих, од каде што беше пренесе во Нирнберг на проверки.
Во текот на проверките на авионот од типот „Лирџет 60“, констатирано е дека во текот на летот се појавил проблем во функционирањето на системот за пресуризација. Извршена е промена на системи и делови од авионот. Извршена е промена на левиот и на десниот мултифункционален прекинувач (squad switch system), кој е во директна корелација со системот за пресуризација. По промените и тестирањата од страна на сервисерот е потврдено дека авионот е исправен за летање. Последен редовен сервис на авионот е направен на почетокот на април годинава.
Извршена е промена на вентилот за проток на воздухот (flow control valve). По промената на наведените системи и делови, извршени се и тестирања на авионот „Лирџет 60“. Извршено е тестирање со проверка на миксер вентилите на левиот и на десниот мотор, со моторите пуштени во погон. Извршен е оперативен тест за пресуризација, со авионот на земја.
Извршено е тестирање на системот за пресуризација во сите три можни оперативни начини на функционирањее, автоматски (auto), мануелен (manual) и итен (emergency), со авионот во воздух.
Добиена е комплетна документација од сервисерот „Аеро-динст“ за овие промени и тестирања, и по промените и тестирањата од страна на сервисерот е потврдено дека авионот е исправен за летање.
Авионот на канадскиот производител „Бомбардие“, е набавен во 2004 година, за 11 милиони евра./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две недели по мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност, велат од СДСМ
Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност и од вистината за суспензијата на над 130 милиони евра европски пари, велат од СДСМ.
„Дополнително, наместо конкретни одговори, тој на официјално барање од собраниско тело испраќа документ без содржина, без причина за суспензијата, без рокови, без план како да се надмине кризата. Едно големо ништо. Тоа е срам, тоа е навреда за 3.000 потенцијални нови бизниси, за 10.000 работни места кои сега се блокирани, и за сите земјоделци кои со години вложуваат труд, кредити и лични пари за да ги реализираат своите инвестиции. Прашањето е зошто владата го штити Трипуновски за мега скандалот со ИПАРД средствата“, прашуваат од опозицијата.
Наместо да се обидува да го минимизира скандалот, велат од СДСМ, владата треба да го повика Трипуновски на одговорност.
„Министер кој јавно тврди дека не чувствува одговорност за скандал тежок 130 милиони евра од сопствениот ресор не смее да остане на функција. Министер кој ја крие вистината од земјоделците и кој го загрозува нивниот опстанок нема кредибилитет да го води земјоделството“, сметаат од СДСМ.
Македонија
„Кацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев, беше наградена за предметот за 27 април, каде предметот го обликуваа во обвинителен акт и за истиот пресуди драконски затворски казни од над 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеле и по 12 часа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кацарска е дел од оние во правосудството, кои на очиглед на целата јавност правеа бројни прекршувања на постапките, процедурите и законите, и се причина за доверба од 2 проценти во правосудството.
СДС молчи додека нивната маша во Уставниот суд, Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари, а укинување на пензиите од 7000 денари.
Кацарска има двојни мерила и стандарди, за себе и судиите бара повисока плата и привилегии, а за пензионерите укинување на покачувањето на пензиите.
Токму поради тоа, неопходни се реформи во правосудството, за да се обезбеди поефикасен и праведен систем неопходно е да се врати довербата на граѓаните во институциите.
Граѓаните заслужуваат транспарентно, независно и ефикасно правосудство ослободено од партиските стеги и било какви партиски интервенции.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на сите граѓани за раст на пензиите, платите и подобар животен стандард на сите граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)

