Забава
Чаша природен сок против низа тегоби
Само една чаша природен сто процентен сок од портокал дневно го намалува ризикот од прекумерна телесна тежина и од срцев удар, тврдат американските
Само една чаша природен сто процентен сок од портокал дневно го намалува ризикот од прекумерна телесна тежина и од срцев удар, тврдат американските научници од универзитетот во Минесота.
Резултатите од истражувањето на американските научници покажале дека возрасните мажи и жени кои секое утре пијат чаша природен сок од портокал имаат помалку проблеми со вишокот килограми и имаат помали шанси да доживеат срцев или мозочен удар.
Следејќи ги прехранбените навики на 14 илјади луѓе постари од 19 години, лекарите утврдиле дека ризикот од наведените тегоби бил помал од 15 до 22 проценти кај оние луѓе кои пиеле стопроцентен овошен сок.
Покрај сокот од портокали, одлична алтернатива е и сокот од греипфрут (посебно црвениот), како и лимонот како и другите агруми.
Во најважниот дневен оброк, доручекот, овошниот сок може да игра повеќе важни улоги.
Овошниот сок може на организмот да му ги обезбеди потребните витамини и минерали и на тој начин да му помогне да ги задоволи дневните потреби од вредните нутриенти. Содржината на влакна во овошните сокови му помагаат на организмот во регулирањето на варењето, а прехранбените влакна од соковите обезбедуваат и подобра работа на цревата.
Овошниот сок може да ја спречи таканаречената утринска хипогликемија, односно паѓање на нивото на шеќерот што предизвикува цела низа симптоми како што се вртоглавица, слабост, промена на расположението, болки, а понекогаш и анксиозност и депресија.
Резултатите на голем број истражувања покажале дека дневното внесување на пет или повеќе оброци овошје и зеленчук се клуч на доброто здравје. Во тој контекст се споменува лековитото делување на зголеменото ниво на холестеролот во крвта, намалувањето на телесната тежина, превенција на кардиоваскуларните и малигните болести.
Чистиот овошен сок содржи исти витамини, минерали и фитохемикалии како и свежото овошје.
Количеството на течноста што се внесува во организмот, тежински е неколку пати поголема од внесувањето на цврстата храна, поради што со овошните сокови не треба да се претерува.
Исто така, соковите можат да содржат и големо количество шеќер, поради што е пожелно ограничување на две чаши сок дневно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како да ја исчистите микробрановата печка за 5 минути без триење и мака
Британска новинарка откри како ги отстранила маснотиите и непријатниот мирис од микробрановата печка побрзо отколку што очекувала.
Чистењето на микробрановата печка е една од оние домашни работи што многу луѓе ги одложуваат до последен момент – обично додека не почнат да се шират непријатни мириси од неа, а внатрешноста е покриена со слој маснотии и суви остатоци од храна. Иако често се чини дека темелното чистење бара силни хемикалии и многу триење, има сè повеќе совети што покажуваат дека решението може да биде изненадувачки едноставно и природно.
Токму ова е трикот што британската новинарка Софи Лоу, заменик-уредник на рубриката „Слободно време“ во издавачката куќа Reach Plc, која пишува за патувања, недвижности, домашни трикови, градинарство, готвење и рецепти, реши да го проба.
Нема хемија
„Без спрејови, без хемикалии, без триење – само лимон и сад со вода. Звучеше речиси премногу добро за да биде вистина“, забележа таа.
Сепак, со оглед на состојбата на нејзината микробранова печка, таа решила да се обиде.
Таа го опиша процесот како многу едноставен. Прво, пресекла лимон на половина, го исцедила сокот во сад со вода погоден за микробранова печка и ги ставила двете половини од лимонот во водата. Потоа го ставила садот во микробрановата печка и ја вклучила на полна моќност три минути.
„По само неколку секунди, кујната беше исполнета со свеж мирис на лимон“, вели таа.
Откако завршила програмата, ја оставила вратата од микробрановата печка затворена уште неколку минути, што се покажало како клучен чекор. Во тој период, пареата останала во внатрешноста и дополнително ги омекнала стврднатите наслаги.
Таа ја потопила крпата во топлата вода со лимон, осигурувајќи се дека не е премногу жешка, и ја избришала внатрешноста само еднаш.
„Маснотијата буквално се лизгаше, без никаков отпор“, напиша таа.
Дури и тврдокорните дамки на горниот дел од микробрановата печка, за кои вообичаено се потребни неколку обиди, исчезнале за неколку секунди.
За особено тврдокорната нечистотија, таа открива дополнителен трик: можете да додадете лажичка сода бикарбона во водата со лимон, која, како блага киселина, дополнително помага во разградувањето на маснотиите без оштетување на површините.
На крајот, таа заклучи дека овој едноставен трик пријатно ја изненадил, бидејќи микробрановата печка била чиста за само неколку минути, без триење или користење агресивни средства за чистење.
фото/Depositphotos
Забава
Памела Андерсон испрати силна порака на црвениот тепих: едноставноста може да биде поефикасна од гламурот
Памела Андерсон испрати силна порака на 83-то доделување на наградите „Златен глобус“, придржувајќи се до ставовите за природниот изглед, дека едноставноста може да биде поефикасна од гламурот.
Овогодинешното доделување на наградите „Златен глобус“ одржано во Лос Анџелес беше успешно и за познатата Памела Андерсон, која ја имаше улогата на презентерка на наградата за најдобра актерка во комедија, а со нејзиното појавување на црвениот тепих привлече внимание поради нејзиниот ненаметлив стил.
Во последните години, Памела промовира едноставен и природен изглед, далеку од сè што сме виделе од неа со децении и по кое беше препознатлива кога ја носеше титулата секс симбол, па во морето од гламурозни и драматични изданија се појави во бела, „обична“ и сосема ненаметлива комбинација што совршено ѝ одговара во ерата кога негува само минимализам.
Таа носеше бела, мека, лелеава кошула со широк крој и макси здолниште со спуштен струк од модната куќа Ferragamo, и покажа дека едноставноста може да биде исто толку ефикасна како и смелата комбинација.
Таа го заокружи изгледот со едвај видливи сандали и црвен лак за нокти, како и елегантен накит Pandora. Покрај тоа, таа имаше незабележлива шминка, доволно за да се каже дека е нашминкана, а нејзината фризура предизвика посебен ентузијазам. Таа повторно ја има својата препознатлива руса коса по нејзиното „патување“ кај црвенокосите, која едноставно беше стилизирана во ниска пунџа и накратко го оживеа духот на стариот Холивуд.
фото/епа
Забава
(Видео) Василичарски оган под вода во Охридското Езеро
Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година.
Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организацијата во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите во Охрид.
фото/facebook/Diving Center Amfora

