Економија
Дијаспората активно се вклучува во подигање на македонската економија
Голем број бизнисмени од дијаспората и потенцијални странски инвеститори се собраа на Глобалниот инвестициски самит во Охрид со цел одблизу да се запознаат со условите за инвестирање во Македонија.
Тие разговараат и остварување потесна соработка со македонски компании, но и да пренесат дел од своите успешни приказни и да помогнат со своите деловни контакти ширум светот.
Настанот е организиран од невладината организација `Македонија 2025` која е основана од угледни членови на македонската дијаспора, а во организацијата членуваат и успешни бизнисмени од Македонија.
Пред еминентните странски и домашни бизнисмени, членови на бизнис-дијаспората и странските дипломати се обрати македонскиот премиер Никола Груевски, кој истакна дека е почестен што има можност да говори пред еден ваков аудиторим и нагласи дека за владата дијалогот со бизнис заедницата е стратешка определба врз која ќе продолжи да ја креира економската политика.
„Иако имаме различни цели, сите имаме една цел, да работиме за успех и во функција за развој на нашата татковина Република Македонија. Остварување на економски раст, надминувањето на глобалните предизвици, одбрана на стандардот на граѓаните, создавањето на нови работни места, бараат заеднички ангажман“, изјави Груевски.
Тој накусо ја запозна бизнис дијаспората и странските бизнисмени со реформите што ги презеде владата во изминатите години во насока на создавање поволна бизнис клима и намалување на трошоците за работењето, како што е намалувањето на даноците, намалување на царините, ослободувањето на данокот на добивка за инвестиции, преземање антикризни мерки, ниското ниво на задолженост на државата, слободните економски зони со своите бенефиции, договорите за слободна трговија и друго.
„Македонија се повеќе се гледа како привлечна инвестициска дестинација и важна порта кон Европа на мултинационалните компании, чии ефекти веќе се гледаат во понудата на работни места и значително учество на нивните производи во извозот“, рече Груевски.Македонскиот премиер порача дека и покрај кризата Македонија продолжува да оди со силни чекори напред.
„Главни приоритети на македонската влада се забрзување на процесот за членство во ЕУ и НАТО, обезбедување силна поддршка за деловниот сектор и конкурентна економија“, рече Груевски.
Претседателот на бордот на `Македонија 2025`, Мајк Зафировски истакна дека бизнис дијаспората преку организацијата на овој настан сака да го стави своите искуство и својата мрежа на контакти во корист на македонската економија.
„Самитот во Охрид има две цели, да се пронајдат потенцијални инвеститори и да се зголеми посветеноста на владата и бизнис заедницата, Македонија да се движи напред и да се подобри бизнис климата“, рече ЗафировскиЧленот на бордот на директори на `Македонија 2025`, Зоран Мартиновски, истакна дека често слушаме како дијаспората е дел од успешните приказни на одредени држави.
„Ние сме на добар пат да изградиме цврста платформа за соработка која во иднина ќе биде основа за соработка и отворање на странските пазари за македонските компании“, рече Мартиновски.
„Во светот има многу успешни луѓе со македонско потекло и сигурен сум дека со својата експеретиза, знаење и контакти можат многу да помогнат во економскиот развој на Македонија“, додаде Мартиновски.
Потпретседателот на `Македонија 2025`, Робер Арсов, истакна дека за дијаспората овој самит претставува одлична можност да се запознае со можностите за соработка во Македонија.
„Ова е еден чекор напред за создавање на зголемена соработка меѓу дијаспората и македонскиот бизнис. Во таа смисла инвестицискиот самит е еден вид медиум кој се надевам ќе продолжи и во иднина и ќе произлезе во годишен совет каде што бизнисмените ќе може да се запознаваат и да остварат контакти“, рече Арсов.
Глобалниот инвестициски самит под мотото `Нови можности: Преку бизнис дијаспора до зголемена трговија, инвестиции и економски раст`,на кој учествуваат 350 лица,продолжува до недела./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

