Забава
Како да ја згасиме жедта на овие летни горештини?
Се прашувате ли што треба да пиете за да ја победите жедта во овие тропски горештини? Секој пијалок е добар, но само ако го пиете во вистински момент. Најпрепорачливо е во секое време – негазирана вода
Водата најмогу освежува, а не содржи ниедна калорија. Секогаш имајте на ум дека на високите температури потењето е засилено, и дека мора да ги надоместите изгубените течности. Затоа водата е вистинскиот избор за жешките летни денови.Совет плусИспијте најмалку литар и пол минерална вода дневно, а ако се занимавате со спорт, дозата зголемете ја на два литри.За добро утро – Свежи овошни соковиОвошните сокови треба да ги пиете наутро, пред доручекот или со него, бидејќи тие се вистинска ризница на витамини и минерали. Идеално би било да пиете свежи цедени сокови, но ако не сте во можност да ги правите, арни се и индустриските, со ознака ’100 % овошје, без адитиви и дополнителен шеќер’.Совет плусСепак соковите не можат да го заменат овошјето и затоа јадете го неколку пати на ден. Овошјето содржи богати растителни влакна и ве прави сити.Филџан топол чајЗаради кофеинот и танинот кои ги содржи чајот ги разградува резервните енергетски материи. Содржи и флавоноиди, кои се пет пати поефикасни од витаминот Ц и Е. Покрај тоа, чајот е одличен диеретик, па лекарите советуваат во текот на денот да пиете околу два литри од овој драгоцен пијалок, кој ќе ви помогне од организмот да ги исфрлите сите штетни материи.Совет плусЗа чајот да има што помалку калории, подгответе го сами или нагласете му на келнерот да ви го донесе без шеќер. Одбегнете да купувате леден чај бидејќи содржи премногу шеќер.Во кафуле – Диетални пијалоциВо кафуле практикувајте наместо обична да пиете диетална кока–кола, која содржи само една калорија, додека обичната има 148 калории. Значи, ако внимавате на линијата, а не можете да и одолеете на кока-колата, земете диетална варијанта.Совет плусДиеталните напитоци не се калорични, но го поттикнуваат производството на инсулин, што ја зголемува потребата за шеќер. Затоа пијте ги во мала количина.После спорт – Газирани пијалоциБидејќи содржат таканаречени брзи шеќери, газираните пијалоци дебелеат. Но после некоја физичка активност тие доста брзо ќе ви ја вратат потребната енергија токму поради присуството на шеќер, вода, и калиум бикарбонат, сите супстанции кои сте ги исфрлиле преку потењето.Совет плус – После некој физички напор пијте газирани пијалоци во мали голтки за да ги избегнете стомачните тегоби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

