Македонија
Ивановски: Невработените информатичари ќе се дообучуваат и доедуцираат

Невработените информатичари ќе се дообучуваат и доедуцират за да се оспособат да продуцираат вредности веднаш откако ќе влезат во приватниот сектор, изјави министерот за информатичка технологија и администрација, Иво Ивановски, на тркалезната маса на тема „Одлив на работна сила од ИКТ секторот“, во организација на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.
Министерот Ивановски истакна дека во Агенцијата за вработување се регистрирани 1.330 невработени информатичари, кои би можеле да бидат искористени за потребите на приватниот сектор.
„Со Министерството за образование и со Владата преземаме повеќе активни мерки да ги доедуцираме овие кадри за да можат веднаш да бидат способни откако ќе влезат во приватниот сектор да продуцираат вредности. Владата ја разгледува можноста за издвојување дополнителни средства за дообука на невработените информатичари, затоа што има голем број на странски компании од секторот информатички комуникации кои доаѓаат во Македонија и бараат таков кадар“, рече Ивановски.
Тој додаде дека голем дел од невработените информатичари евидентирани во Агенцијата за вработување работат за странски компании и со новиот закон ќе мора да ги плаќаат придонесите за пензиско и здравствено осигурување.
„Со тоа очекуваме во овој сектор да се намали сивата економија, па со тоа ќе ја видиме и реалната слика на невработени информатичари. Нашите податоци говорат дека голем дел од нив работат како здружен тим за аутсорсинг и со тоа остваруваат добри приходи“, рече министерот Ивановски.
Тој додаде дека Владата подолго време работи на реформите во образованието, при што се апелира повеќе студенти да се запишуваат на техничките науки. Инаку, бројот на студенти во ИКТ областа изнесува 1.200 на годишно ниво, од кои дипломираат околу 50 %.
Тркалезната маса е организирана со цел Владиниот, приватниот и академскиот сектор да најдат начини како да се намали и спречи заминувањето на ИКТ кадрите од Македонија во странство и за зголемување на бројит на информатички кадри за потребите на приватниот сектор во земјата.
На тркалезната маса се обрати и претседателот на ИКТ комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Саша Огненовски, а присуствуваа и деканите на факултетите од Република Македонија со кои ИКТ комората има потпишано Меморандуми за соработка, кои ги изнесоа своите видувања за оваа проблематика.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.