Економија
Најсилен раст во градежните активности во Германија последните 15 месеци
Во германскиот градежен сектор во јуни е забележан најизразен раст на активностите во последните 15 месеци, што сигнализира за цврст и забрзан раст на вкупните активности во тој сектор, објави во четвртокот лондонската аналитичка компанија Markit.
Индексот на менаџерите на набавки (PMI) во секторот градежништво, добиен со анкета спроведена меѓу повеќе од 200 деловни челници во овој сектор, во јуни е зголемен на 54,5 поени, од мајските 50,6-процнетни поен.
Така тој е на највисокото ниво од март 2012 година, се наведува уште во извештајот на Markit. Вредностите на индексот над 50 поени укажуваат на раст на активностите, а оние под оваа граница на нивен пад.
Во јуни активностите пораснале во сите сектори, од изградбата на станови до секторот на комерцијални проекти и граѓанското инженерство, толкуваат во лондонски Markit.
Со цел да се поддржи растот на активностите, градежните компании го зголемија нивото на вработеност трет месец по ред, при што во јуни е забележано најбрзо темпо отворањето на работни места во последниот период од 12 месеци.
Покрај тоа, во анкетата на споменатата лондонска истражувачка компанија, се покажува и умерен оптимизам меѓу деловните челници од градежниот сектор во најголемата според обемот европска економија.
Кога станува збор за договорените нови работи,. Ситуацијата во јуни речиси останала непроменета во однос на претходниот месец. Со тоа приливот нови работи е речиси стабилизиран по последователниот пад во периодот од април минатата година, се нотира уште во извештајот на Markit.
„Градежниот сектор забележа најсилни квартални резултати во последните речиси две години врз основа на цврстиот раст на активностите и очигледно дал позитивен придонес на германскиот бруто домашен производ (БДП) во вториот квартал од годинава“, вели во извештајот економистот на Markit, Фил Смит во својот осврт на најновите резултати од извештајот за германскиот градежен сектор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.
Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

