Македонија
На Криволак започна воената вежба „Македонски Блесок-11“

Со свечена церемонија во саботата во во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ и Армискиот полигон „Криволак“ започна теренската вежба „Македонски Блесок-11“, која треба да претставува утврдување на стандардите на НАТО и се базира на сценарио за воени дејствија под меѓународен мандат
Вежбата ,,Македонски Блесок-11“ претставува ткн жива вежба со единици на терен и е базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот предводени од НАТО или Европската унија, а под мандат на Обединетите нации, со којашо треба да се демонстрира борбената готовност на декларираните единици за употреба во операциите предводени од НАТО.
На чинот на свеченото отварање присуствуваше Началникот на штабот на Здружената оперативна команда, бригадниот генерал Азим Нуредин. На отварањето обраќајќи се пред учесниците на вежбата Нуредин истакна дека реализацијата на вежбата „,Македонски Блесок 11“ за Армијата на Република Македонија претставува една од задачите со врвен приоритет во 2015 година.
„Ваквата констатација се базира врз сеопфатните и темелни подготовки, како и сложениот планирачки процес кој го реализиравме, од што ќе произлезе НАТО оценување Ниво 2 на четата на Воена полиција и самооценување Ниво 1 на ренџерската чета од составот на Полкот за специјални операции“, рече генерал Нуредин.
Истакна дека претстојната вежба претставува одлична можност за изведување колективна обука на единиците како форма за усвојување на НАТО стандардите, но и за усовршување на штабните процедури во НАТО водените операции, што ќе придонесе во јакнењето на нивната борбена готовност.
При посетата бригадниот генерал Азим Нуредин со директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски извршија обиколка на раководството на вежбата при што од страна на штабот на вежбата се изврши презентација за вежбата и активностите во текот на вежбата.
На вежбата ѝ претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во разни ситуации, согласно листата на задачи на НАТО при изведување на операциите за подршка на мирот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф – Групација“ во Скопје, каде што се складира електронски отпад, е намерно подметнат и претставува хибриден напад врз државата.
Ангелов објасни дека пожарот зафатил два производствени погони во кои имало и пластика. Огнот делумно се проширил и кон уште два соседни објекти каде што е складирана поголема количина на пластичен отпад.
„Пластиката дава густ и црн, а верувам и токсичен чад“, рече Ангелов.
Директорот на ДЗС соопшти дека нема повредени, а побарана е помош од соседните противпожарни единици. Дел од пожарникарите се во црниот чад со заштитни маски.
Рече дека сите ресурси се насочени кон овој пожар, на терен дејствува ер-тракторот, хеликоптерите на МВР и АРМ, хермелин, пожарникари…
Тој нагласи дека пожар од ваков обем не може лесно да се запали и дека не е случаен:
„Ова е хибриден напад врз државата, бидејќи во краток временски период се случија повеќе тешки пожари што предизвикуваат огромно загадување на воздухот во Скопје – Вардариште, Дрисла, депонијата во Шуто Оризари и денес оваа фабрика. Мета сме на хибриден напад, а за мотивите можеме само да погодуваме.“
Ангелов додаде дека Министерството за внатрешни работи работи на откривање на сторителите и упати апел до граѓаните: „Секое сомнително однесување, лица со туби, особено околу вакви објекти, веднаш пријавете ги на бројот 112 или во најблиската полициска станица.“
Македонија
(Видео) Големиот пожар во Трубарево се гасне и со хермелини

Специјализирани возила со хермелини, ер трактор, хеликоптери на МВР и АРМ, екипи на скопската противпожарна бригада го гаснат големиот пожат што избувна во Трубарево во складиштето за електронски отпад.
Видеата во прилог го прикажуваат гаснењето на огнот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Пожарите се подметнати за создавање вештачка криза, скопјани се жртви на политички игри

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска порача дека споделува загриженост со скопјани за пожарите кои деновиве ја зафатија околината на главниот град, оценувајќи дека постојат сомнежи за нивно намерно подметнување.
„Не само што некој си игра со трпението, туку си игра и со здравјето на илјадници граѓани во Скопје! Го повикувам Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да ги превземат сите неопходни мерки за откривање на сите кои се замешани во свесното и намерно потпалување на сите депонии околу главниот град Скопје. И ги повикувам да постапат брзо,“ истакна Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека институциите мора да делуваат за да го заштитат здравјето на граѓаните, посочувајќи дека „основани и отворени се сомнежите дека поголем дел од пожарите кои се случуваат овие денови се подметнати со цел создавање на вештачка криза во општеството во очи на претстојните локални избори“.
„Никогаш во последните неколку децении не ни се случувало ова – да се палат ридови и сите ѓубришта во радиус од 20 километри околу главниот град. Овие пожари се со цел да се предизвикаат политички пожари. За жал, граѓаните и ние скопјани сме жртви. На ова мора да му се стави крај,“ нагласи Ѓорѓиевски.
Тој најави дека по одржувањето на локалните избори прва и основна задача ќе му биде создавање на систем во кој „нема да има пожари, Скопје ќе биде чисто, а депониите нема да бидат проблем, туку решение“.
„Имам План за чисто и здраво Скопје. Имаме комунални претпријатија со илјадници вработени, а немаме кој да се грижи за комуналниот ред. На овој напад против животната средина и против здравјето на граѓаните мора да му се стави крај,“ додаде Ѓорѓиевски.