Забава
Успешно пресадено лице во САД
Лекарски тим од Кливленд ја претстави Кони Калп (46) од Охајо, на која лани во декември успешно и пресадено лице
Лекарски тим од Кливленд ја претстави Кони Калп (46) од Охајо, на која лани во декември успешно и пресадено лице.
Ова е прво пресадување на лице со САД и четврто во светот.
Сопругот во 2004 година ја застрелал Кони Калп со сачмарка во лицето и целосно ја унаказил. Сачмата и го разнела носот, образите и горната вилица, оставајќи само очи, брада и чело. Таа дишела преку канила на вратот, а без усни речиси и не можела да зборува.
Сопругот добил казна затвор од седум години, а Калп била подложена на 30 операции на лицето, кои не успеале да и ги обноват основните функции на лицето.
Последен излез беше трансплантација на лицето, рече докторката Мариа Семионова, која ја предводеше лекарската екипа.
Хирурзите за време на 22 часовна операција на Кони Калп успешно и пресадија лице од неименувана покојна жена, при што и е сменето 80 насто од лицето – коски, мускули, нерви, кожа и крвни садови.
Калп при операцијата добила нос, долни очни капаци и горна усна.
По операцијата Кони Калп за прв пат од несреќата нормално продишала и можела да јаде. Таа се уште не може да ги движи мускулите на лицето, но со растењето на новите нерви лицето ќе развие движења, велат лекарите. Најголема утеха и е што децата повеќе нема да се плашат и да бегаат од неа
Кони Калп, која е мајка на две деца, сака да ја поттикне толеранцијата до слично унаказаените луѓе
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Најзгодната Британка никогаш не била толку секси
Ѕвездата од ријалити шоуата, Маура Хигинс, се појави на престижниот настан „Women of the Year“, кој традиционално секоја година собира голем број познати убавици.
Како и обично, Маура се погрижи сите очи да бидат вперени во неа, а најзаслужна за тоа беше нејзината провокативна облека. Исто како и на нејзиното претходно јавно појавување, ријалити убавицата ги оправда очекувањата.

Црниот вечерен фустан со проѕирни делови, така што само градите ѝ беа покриени со свила, остави магичен впечаток кај сите. Таа маестрално и самоуверено ја истакна својата завидна фигура за собраните фотографи.

„Најзгодната Британка“, како што популарно ја нарекуваат, не сакаше да претерува со деталите и да „уништи“ сè што постигна со фустанот, па затоа не носеше впечатлив накит или впечатлива шминка. Ја собра косата во пунџа и остави прамен од едната страна.

Целата убавина и раскош на заводливата Маура дојдоа до израз, и иако беше многу провокативна, ја задржа својата смиреност и ги освои сите со својата елеганција.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Северина се сплетка и падна: скокаше на концерт во високи потпетици, а потоа го бакна подот
На социјалните мрежи почна да кружи видео од концерт на Северина, која во еден момент падна на сцената.
За време на изведбата на песната, Северина скокаше и трчаше по сцената во штикли, а во еден момент се сопна и падна на глава.
„Опа“, извика момчето што го сними падот на пејачката.
Таа продолжи да лежи на грб со раширени раце некое време, а потоа стана и продолжи да пее.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Кралици на издржливоста: растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив
Ако сте еден од оние кои искрено ја сакаат идејата за зеленило во својот дом, но секое растение на крајот пропаѓа, проблемот можеби не е во вас, туку во погрешниот избор.
Кактусите и сукулентите често се сметаат за најбезбеден избор, но тие всушност бараат повеќе светлина и соодветна грижа отколку што мислите. За среќа, постојат голем број растенија кои се поотпорни, лесни за одржување и изгледаат уредно и декоративно.
Што всушност значи „издржливо растение“?
Издржливо растение не е она што можете да го заборавите со месеци, туку она што добро толерира помалку од идеални услови: послаба светлина, повремено прескокнување на наводнување и промени на температурата. Ваквите растенија се идеални за зафатени, често отсутни или едноставно заборавени сопственици кои сепак сакаат нивниот дом да изгледа живо.

Сансевиерија
Сансевиеријата не бара многу. Толерира сув воздух, ретко наводнување и потемни простори. Идеална е за станови каде што нема многу природна светлина. Освен што изгледа елегантно, го прочистува воздухот и е речиси невозможно да се уништи.

Растение пајак
Растението пајак е едно од најблагодарните собни растенија. Толерира различни услови, брзо се шири и лесно се обновува, дури и по долготрајно занемарување. Треба да се полева само еднаш неделно, а листовите повремено да се бришат. Исто така, добро се снаоѓа и во висечки саксии, што го прави естетски интересна опција.

Потос
Потосот е растение кое успева речиси насекаде. Не му пречи вештачката светлина, па затоа е чест избор за канцеларии. Лесно се размножува и брзо расте, а треба да се полева само еднаш на секои две недели.
Единствената претпазливост: држете ја подалеку од домашни миленици.

Замија
Замијата е исклучително отпорна и може да издржи и суви простори и заборавеност. Не бара речиси никакво внимание: доволно е да се полева еднаш месечно. Листовите се темнозелени и сјајни, што го прави просторот веднаш да изгледа поуреден и посвеж. Често ја избираат луѓе кои сакаат зеленило без обврска.

Аспидистра
Аспидистра, честопати наречена „железно растение“, со години има репутација како едно од најотпорните собни растенија.
Може да расте во агли каде што другите растенија не напредуваат, а толерира и слаба светлина, сув воздух и нередовно наводнување. Идеално е за постари станови или канцеларии со вештачка светлина.
Како да изберете растение кое одговара на вашиот ритам?
Пред да купите, земете ја предвид светлината, температурата и вашите сопствени навики. Ако патувате многу, изберете растенија кои толерираат суша (замија, сансевиерија).
Ако сакате нешто што лесно се размножува и брзо создава ефект на „зелен агол“, изберете го растението пајак или потос. А ако барате растение за темен агол од собата, аспидистра е безбеден избор.
фото: принтскрин

