Забава
Родни од „Далаверџии“ ги спореди реалните шоуа со ментална институција
Актерот Николас Линдхарст, познат како Родни од култната серија „Далаверџии“, ги спореди реалните шоуа, а посебно британскиот „Јас имам талент“ со ментална институција.
Говорејќи за квалитетот на телевизиската програма, ѕвездата на легендарната серија на ББЦ вели дека серија од типот на „Далаверџии“ во овој момент не би била прифатена од телевизиите, бидејќи има потреба од формати слични на оние во кои се појавува Сајмон Кауел.
„ТВ компаниите денеска ги задушуваат добрите сценарија бидејќи не сакаат да ги развиваат. Програмите за потрага на талент во старт ќе имаат околу седум милиони гледачи, така што не можат да си дозволат да емитуваат нешто што ќе привлече само милион на почетокот“, вели Родни, пренесува „Гардијан“.
Тој се наврати и на квалитетот на шоуто „Британија има талент“.
„Стотина години наназад продававме билети за ‘Бедлам’. Така ви испаѓа. Сурово е да се гледаат луди луѓе, вклучувајќи ги и судиите понекогаш. Не морате да имате никаков талент, а тоа е тажно, бидејќи сепак не сакате да гледате неталентирани луѓе“, вели Линдхарст. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) 22-годишна пејачка на Мет Гала дојде во необична креација: и беше потребна помош при движењето
Јужноафриканската пејачка Тајла ги привлече сите погледи на овогодинешната Мет Гала во необична креација.
22-годишната девојка пристигна во фустан од Balmain прекриен со песок, во комбинација со чанта во форма на песочен часовник.
Tyla is lifted up the stairs at the #MetGala. pic.twitter.com/XYpkS41WMG
— Variety (@Variety) May 6, 2024
На Тајла ѝ била потребна помош при качување по скалите поради оваа креација, а подоцна пет мажи носеле дел од нејзиниот фустан кој се влечел по подот. На прашањето дали воопшто би можела да седне во овој фустан, пејачката кратко одговорила: „Кому му е гајле, луѓе, јас сум слатка“.
Официјалниот дрес код за настанот беше „градината на времето“, а Тајла претходно објасни за Vogue дека нејзиниот фустан е инспириран од „песокот на времето“. Креативниот директор на Balmain, Оливие Рустинг, изјави дека е воодушевен од идејата за оваа креација.
„Инспирацијата за оваа креација дојде од желбата да се редефинираат границите и да се трансформира ефемерниот материјал во безвременско ремек-дело. Идејата ја разгоре мојата имагинација и не можев да бидам посреќен со крајот“, рече тој.
Забава
Во Малме вечерва првото полуфинале на Евровизија
Вечерва во Малме со почеток во 21:00 часот ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија, а за пласман во финалето се борат 15 земји.
Вечерва пред публиката од земјите членки на големата петорка ќе се претстават и Велика Британија и Германија, како и Шведска, која како домаќин избори пласман во финалето.
Годинешното издание на Евровизија го одбележа и политичката ситуација во светот, особено војната во Газа, поради што веќе се одржуваат протести ширум Шведска. Меѓу демонстрантите има негодувања затоа што на Израел му беше дозволено да учествува, а Русија претходно беше исфрлена поради војната во Украина.
Во втората полуфинална вечер закажана за овој четврток ќе настапат Израел и нивниот претставник Еден Голан, а и’ е препорачано да не излегува од хотелската соба.
Шведската полиција е во состојба на готовност и дури побарала засилување од Данска и Норвешка за време на натпреварот.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.