Забава
Лажни вести што ги измамиле и најсериозните весници

Дека бившиот американски претседател Џорџ Буш има коефициент на интелигенција понизок од 100 и не звучи толку неверојатно, но од новинарите, пред да
Дека бившиот американски претседател Џорџ Буш има коефициент на интелигенција понизок од 100 и не звучи толку неверојатно, но од новинарите, пред да објават таква информација, би се очекувало и да ја проверат.
Истото важи и за веста дека лав во Камбоџа нападнал и повредил 42 џуџиња!
Секако, би било логично таквите информации да се проверат, но понекогаш звучат толку добро, што е штета да не се објават, а подоцна да се проверат.
Иако корисниците на интернетот го осудуваат овој млад медиум за ширење на невистини и лажни вести и жалат во “вистинското“ новинарство какво што денес повеќе не постои, сатирите и грешките во новинарството се стари колку и самата професија.
Понекогаш намерни, понекогаш случајни, редовно ги мамат читателите и самите новинари, кои понекогаш не се трудат доволно околу проверката на информациите, па едни од други пренесуваат секакви глупости.
Една од најпознатите и првите измами е печатена во 1835 година во њујоршкото издание на Сан, каде од 25 август до 16-ти септември е објавена низа репортажи за новите сознанија за живот на Месечината.
Новите сознанија вклучувале и детален опис на вонземските суштества, кои живеат на Месечината, опишани како луѓе кои наликувале на лилјак, чекорат исправени, но имаат крилја направени од тенки мембрани.
Во описите имало и невообичаени растенија и конструкции какви што човекот не може ниту да замисли.
Новинарите се повикувале на научното списание Единбург Журнал оф Сајенс, кој престанал да излегува неколку месеци порано.
Дека во 19. век измислувањето на приказни и репортажи во недостиг на вистински вести не било непознато, сведочи и примерот на Марк Твен, кој во младоста измислувал сатирични приказни за разни американски весници.
Меѓутоа, неговите приказни читателите ги сфаќале премногу сериозни и, како и многумина денес, не ја препознале сатирата во нив.
Но, така тоа оди… ако нешто е доволно интересно или соодветно, нема врска што е малку искривено. Секако, ако приказната е доволно добра, медиумите главно ќе ја пренесат, колку и да е очигледно дека е сулуда, денес, како и тогаш.
Интернет страната Cracked објавила неколку интересни примери во поновата историја на кои наседнале разни медиуми, од Америка, преку Европа, до Кина, што очигледно докажува дека сите исто наседнуваме.
Минатата година во мај многу медиуми ја пренесоа веста дека 13 годишно момче ја украло кредитната картичка на својот татко и потрошило 30 илјади долари на обновување на својата колекција видеоигри, електронски апарати и две проститутки, кои ги ангажирал со него да ја играат видеоиграта Ало.
Приказната го вклучила и интересното објаснување на детето, кое на проститутките преку телефон им кажало дека тој всушност е џуџе од патувачки циркус, за да не помислат тие дека е премлад.
Подоцна се открило дека приказната ја измислил Линдон Антклиф, интернет маркетинг стручњак, со цел да привлече посетители на својата страна.
Но, веста се појавила и на Фокс Њус, поради што Антклиф на крајот морал да ја признае измамата, тврдејќи дека навистина се трудел приказната да делува доволно глупаво и неверојатно за да биде јасно дека станува збор за шега.
Новинарите на Фокс Њус веројатно не го делеле неговото мислење…
Денес веќе сите знаат дека Онион е една од најголемите светски сатирични новински агенции, која се занимава исклучиво со лажни вести и дека на нивните вести може единствено да се насмееме.
Но, пред шест години тоа не било случај, барем не во Кина. Можеби затоа и не чуди што весникот Бејџинг Ивнинг Њус ја пренел веста од оваа агенција за тоа дека американскиот Конгрес се заканил дека ќе го напушти своето седиште во Вашингтон, доколку не му изградат нова зграда.
Приказната да биде уште поинтересна, главниот уредник на кинескиот весник во интервју за ЛА Тајмс се бранел со против прашања: “Како знаете дека не сме ги провериле своите извори пред да ја објавиме приказната? Можете ли вие да докажете дека приказната не е вистинска?“, на што новинарот на Тајмс му отворил неколку статии на Онион и го убедил дека оваа агенција не е најдобар извор на сериозни информации.
Фокс Њус и пекингшкиот весник не се ништо во однос на измамата на која во 1934 година наседнале скоро сите американски весници, пренесувајќи ја првоаприлската шега на едно германско списание.
Иако Фотошопот се уште не бил ниту замислен, новинарите со помош на малку попримитивен програм со фотографија ја проследиле веста за германскиот пилот Ерих Кохер, кој наводно патентирал летало што го придвижуваат белите дробови на “пилотот“:
Весникот тврдел дека вградениот мотор го претвара јаглерод диоксидот што пилотот го издишува во погонско гориво. Многу реално…:-)
Бушизмите последниве години беа омилен предмет за мајтапење на медиумите. Но, во 2001 година, почнал да кружи мејл кој се повикувал на истражувањето на Институтот Ловенштајн во Скрантон, а според кое, тогашниот претседател Џорџ Буш имал најнизок коефициент на интелигенција од сите американски претседатели во последните 50 години.
Станувало збор за бројката 91, поради која Буш наводно не го владеел добро ниту англискиот јазик, ниту имал завиден вокабулар.
Иако урнебесното откритие го пренел дури и угледниот Гардијан, веста е измислена на сатиричната страна Linkydinky.com.
Една од неверојатните лажни вести пренесени на “сериозни“ њус портали вклучува и 42 џуџиња и борба со лав.
Веројатно би требало да стане новинарско правило барем три пати да се провери секоја вест што вклучува 40 и повеќе џуџиња на едно место. Имено, приказната за тоа дека во Камбоџа лав повредил џуџиња ја пренеле Њујорк Пост и ББЦ, а почетокот на приказната е кај две момчиња, кои се расправале за тоа дали еден лав би бил посилен од 40 џуџиња, при што нивната расправа толку многу ескалирала, што едниот од нив, кој бил на страната на лавот, отворил интернет страна со разработени аргументи, поради што и многумина наседнале на оваа приказна.
Несомнено е дека грешки се прават и дека ќе се прават, но барем научивме дека 13 годишни момчиња не ги трошат парите на тато на проститутки, дека претседателскиот коефициент на интелигенција не мора да биде толку низок и уште еднаш да ја провериме секоја вест која вклучува 40 џуџиња.
За сето останато, новинарството совршено добро функционира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Тие имаат бескрајна имагинација, но лесно се заведени од нешто ново: хороскопски знаци што никогаш не го завршуваат она што го почнале

Тие замислуваат живот полн со успех, патувања, признанија и исполнети желби, но патот до тие соништа често се претвора во бесконечно одложување и губење на фокусот.
Цели светови полни со бои, идеи и грандиозни планови живеат во нивните глави. Додека нивната имагинација лета високо, нивните стапала понекогаш остануваат цврсто залепени за местото каде стојат.
Кои се овие хороскопски знаци?
Риби
Рибите имаат бесконечна имагинација и идеи што би можеле да го променат светот, но честопати им недостасува структура и организација за да ги спроведат во пракса. Нивните соништа се прекрасни, но брзо се совладани од секојдневниот живот, па затоа остануваат само во нивните умови наместо на хартија.
Близнаци
Близнаците сакаат сè одеднаш и затоа ретко завршуваат нешто. Нивната љубопитност ги води во илјада различни насоки, но кога ќе дојде време да постигнат нешто конкретно, тие веќе се ментално на нов проект.
Стрелец
Стрелец обожава големи планови и визии за иднината, но нивната потреба за слобода честопати ги спречува да истраат до крај. Лесно се заведуваат од нов предизвик, оставајќи ги старите цели полузавршени и заборавени.
Водолија
Водолиите размислуваат надвор од кутијата и сонуваат за револуционерни промени, но честопати им недостасува трпение за малите, секојдневни чекори што водат до тие големи достигнувања. Нивните соништа честопати остануваат само фасцинантни идеи во нивните глави.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Дури и кога фустанот е едноставен, таа е провокативна

Њујорк неодамна беше центар на светот за многу јавни личности. Познати дами се собраа на гала-вечер организирана од „Керинг фондацијата“, посветена на борбата против насилството врз жените и децата.
Вниманието на јавноста го привлече актерката Салма Хајек, која на настанот се појави во придружба на сопругот Франсоа-Анри Пино, а за таа цел носеше навидум едноставна креација.
Салма, која секогаш наоѓа начин да ги истакне своите раскошни облини, овој пат реши да ја разбуди имагинацијата на многумина. Таа избра тесна црна тоалета која ја нагласува нејзината завидна фигура, но најголемо внимание привлече бујното деколте.
Како и обично, нејзините гради беа во преден план, а таа гордо ги носеше. Што се однесува до остатокот од изгледот, таа избра силна шминка во земјени тонови, минималистички додатоци и чантичка во црна боја.
Косата ја стилизира на наједноставен начин – предниот дел ѝ беше фатен високо.
Забава
(Фото) Единствената боја на лак за нокти што ви е потребна оваа есен

Оваа есен чоколадно кафеавата боја ја носи титулата нијанса која е тренди, елегантна и бескрајно нослива во исто време. Совршено ја евоцира есенската атмосфера и дефинитивно е еден од најголемите есенски трендови. Потсетува на костени, мирис на топло какао и меко ќебе, кои се синоним за пријатна атмосфера. Затоа е визуелно и емоционално совршена за ова време од годината.
Покрај топлината, чоколадно кафеавата боја носи и неутралност со стил. Иако е неутрален тон, таа е доволно богата и темна за лесно да ги замени црвените или бордо нијансите кои традиционално доминираат во есенските маникири. Нејзин плус е што добро се вклопува со сите тонови на кожа, така што секој може да ја пронајде својата идеална варијанта.
View this post on Instagram
Зошто чоколадно кафеавата е задолжителна оваа есен
Познати експерти за маникир и трендсетери веќе ја прогласија за една од „it“ боите за нокти за есен 2025 година.
Уредниците и инфлуенсерите од целиот свет се согласуваат за ова, што дополнително потврдува дека чоколадно кафеавата не е минлив хит, туку долгорочен фаворит.
Чоколадно кафеавата боја доаѓа и во различни текстури и завршни обработки. Покрај класичниот сјаен сјај, популарни се мат и полумат изгледи, кадифеен ефект, како и луксузен гел финиш. Секоја од варијациите дава различен впечаток, но заедничко им е што дополнително ја нагласуваат софистицираноста на оваа нијанса.
View this post on Instagram
Како да носите чоколадно кафеав маникир?
Прво, изберете ја формата на ноктите што најмногу ви одговара – овални, малку заоблени или популарните „squoval“ нокти изгледаат особено елегантно. Потоа нанесете основен слој, два слоја чоколадно кафеава и завршете со завршен слој, сјаен или мат, во зависност од ефектот што го сакате.
Ако сакате да додадете допир на гламур, златни или бронзени детали, ситните светки или суптилната уметност на ноктите можат да го подигнат целиот изглед. Не заборавајте да се грижите за вашите раце и кутикули, бидејќи темните нијанси ги нагласуваат сите несовршености на кожата.
View this post on Instagram
Чоколадно кафеавиот лак за нокти не е само тренд – тој е универзален симбол на елеганција, топлина и есенски шик, а со толку многу достапни варијации, лесно ќе го пронајдете оној што најдобро го одразува вашиот стил.
фото: принтскрин