Забава
Атомски бункер на продажба на eBay
Бункер од студената војна, уреден како атомско засолниште, е понуден на на продажба на eBay.
Бункер од студената војна, уреден како атомско засолниште, е понуден на на продажба на eBay.
Бункерот се наоѓа во националниот парк Пик во централниот дел на Англија и доаѓа со оригиналната опрема која се користела за време на студената војна.
Продажбата започнала со 500 фунти, а бункерот за неколку дена достигнал цена од 27.000 фунти.
Бункерот бил изграден од 1959 и со него управувала организацијата за цивилна заштита Ројал Обсервер Корпс чија првенствена задача била да предупреди за опасност од нуклеарен напад и евентуална радијација.
Бункерот, кој бил активен се до распаѓањето на Советскиот сој во 1991, овозможува и прекрасен панорамски поглед на околината./крај/хи/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Таа е толку заљубена што ги крши сите свои правила: „Тој е извонреден, посебен и љубезен“
Една од омилените холивудски актерки, Џенифер Анистон, конечно ја пронајде среќата во љубовта. Иако од самиот почеток не ја криеше својата врска со љубовниот гуру Џим Кертис, актерката не сакаше да открива премногу детали за нивната љубов.
Откако официјално ја потврдија својата врска со објави на Инстаграм, Џенифер даде уште неколку детали за својата романтична љубовна приказна во интервју за „ELLE“, што е вистинска реткост бидејќи речиси никогаш не споделува ништо од својот приватен живот, па сега со Кертис ги „крши своите правила“.
„Тој е извонреден и им помага на многу луѓе, хипнозата е само една од работите што ги прави. Тој е многу посебен, нормален и љубезен, сака да им помогне на луѓето да се излекуваат, да ги надминат своите трауми и стагнација и да дојдат до објаснување. Тоа е одлична работа кога ќе го посветиш својот живот на тоа“, рече Џенифер.
Џенифер Анистон ужива во љубовта по долго време и тоа е единственото нешто што искрено ги прави сите нејзини обожаватели среќни. Се чини дека таа пронајде сè што бараше со Кертис, а извори блиски до неа претходно изјавија дека е многу среќна со него.
фото: принтскрин
Забава
Меган Маркл се враќа на глумата по осум години: „Малку сум зарѓана“
По осумгодишна пауза, Меган Маркл се враќа на глумата за новиот филм „Close Personal Friends“. За време на снимањето, таа се шегуваше велејќи дека е „малку зарѓана“ по долгата пауза, според Page Six.
Иако се пошегува, извор на снимањето откри за списанието People дека е очигледно дека добро се подготвила. „Беше очигледно дека вежбала и дека за неа е голема работа да се врати. И беше одлична“, рече изворот. Тој додаде дека Маркл пристигнала на снимањето на филмот на Amazon MGM и „се претставила како Меган“.
„Сè на неа беше многу слатко и мирно“, сподели изворот. „Искрено, изгледаше возбудена што е на снимањето“. Според него, поранешната ѕвезда на „Suits“ била „исклучително дружељубива“ и имала „многу топла енергија“.
Детали за новиот проект
Војвотката од Сасекс снимала сцени во Пасадена, Калифорнија, минатата недела и била во одлично расположение. Маркл, која се игра себеси во филмот, изгледаше елегантно во сино-бела кошула со копчиња и бели панталони. Во филмот, кој го следи парот кој се спријателува со познат пар, глумат и Џек Квејд, Лили Колинс и Бри Ларсон.
Крај на актерската пензија
Враќањето на Маркл во глумата доаѓа осум години откако се пензионираше од Холивуд по свршувачката со принцот Хари во 2017 година.
Нејзината последна улога беше како Рејчел Зејн во хит серијата „Suits“, која ја играше седум сезони од 2011 до 2018 година. Таа имаше и улоги во „Remember Me“ (2010) и „Horrible Bosses“ (2011).
фото: принтскрин
Забава
Три хороскопски знаци се соочуваат со исклучително тешки 7 години: бидете внимателни
Три хороскопски знаци се осудени на тежок период во следните седум години. Нивната судбина е неправедна, но дали ќе најдат сила да издржат?
Се чини дека некои луѓе имаат многу забава во животот, додека други мора да работат напорно за да постигнат мали победи. Така, неповолни астролошки околности ќе ги следат одредени хороскопски знаци до 2032 година.
Астролозите ги предупредуваат трите хороскопски знаци за сериозни предизвици и наведуваат дека ќе се соочат со вистински „пекол“ во следните седум години.
Финансиските проблеми и емоционалните кризи ќе им го променат животот. Астролозите им советуваат да бидат особено внимателни и мудри. Ако не бидат внимателни, ќе се соочат со големи проблеми.
Близнаци
Ѕвездите им носат финансиски проблеми и деловни недоразбирања на Близнаците, што лесно може да доведе до долгови. Ќе им треба огромна сила за да го надминат овој финансиски удар.
Девица
Девиците може да влезат во конфликти со своето семејство. Можни се имотни спорови, што ќе доведе до зголемен стрес. Астролозите советуваат да не се заглавувате во детали и да побарате помош за да избегнете проблеми и неволји.
Вага
Вагата ќе се соочи со големи промени во животот, вклучувајќи финансиски загуби и емоционални разочарувања. Астролозите советуваат да не се донесуваат избрзани одлуки.
Претпазливост и мудри одлуки до 2032 година.
Астролозите советуваат сите три знаци да бидат претпазливи и да донесуваат мудри одлуки за да избегнат сериозни последици. За Близнаците, Девицата и Вагата, периодот до 2032 година ќе биде тежок. Предизвиците ќе траат долго. Само со огромна сила можат да го надминат овој ужасен период.
фото: принтскрин

