Контакт

Култура

Кавадеречка културна есен

Објавено пред

И годинава во Кавадарци се одржува манифестацијата „Кавадаречка културна есен”, која почна на 1 октомври и ќе трае до 3 декември

dobivaj vesti na viber

Предвидено да се одржат 60 настани, и тоа: театарски претстави, концерти на класична концерти, ликовни изложби, промоции на книги, фолклорни концерти и др. културни и уметнички настани, на кои ќе се претстават кавадаречки автори и институции, како и гостувачки проекти од повеќе македонски градови и странство.Досегашните одржани настани се и повеќе од добро посетени и прифатени од кавадаречката публика.Од досега одржаните настани на „Кавадаречка културна есен 2009”, би ги издвоиле успешната премиера на Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе” – претставата „Госпоѓа министерка”, во режија на Душан Наумовски, а во чест на јубилејот 25 години актерска дејност на Милица Гоцхевска: концертот на Симон Трпчески; ликовната изложба на Гоце Божурски од Куманово; Интернационалниот ликовен Караван на Тихомир Кондев; Меѓународната Вечер насловена „Распеана чаршија” (домаќин е Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ со гости фолклорни ансамбли од Македонија и Србија); Промоција на збирка поезија од Надица Тренчева; Портрет на уметникот Киро Урдин и проекција на неговиот документарен филм „Оган и вода”; Џез концерт со Аљоша Симјаноски и проекција на неговиот документарен филм „Чедо”; целовечерен концерт на Миле Каровски, класична гитара и Лазе Соколов, кларинет; концерт на Квартетот флејти „Сиринкс” придружувани на клавијатура од Дамир Имери И други.Меѓу другите настани до крајот на кавадаречката културна есен не очекуваат и промоција на книга од Кирил Темков; изложба на Драган Најденовски од Битола; изложба на Ана Максимовиќ од Ниш, Србија; концерт на Гудачки квартет „Марија” од Скопје; Изложба на Илија Кочовски од Битола и Касиопеја Наумовска од Скопје; неколку репризи на хит претставата „Госпоѓа министерка” на Театарот при Домот на културата од Кавадарци и др.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Објавени конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2025 година

Објавено пред

Министерството за култура известува дека Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2025. Со оваа награда се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.

dobivaj vesti na viber

Воедно, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година. Со оваа награда пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјава.

Конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2025 година траат од 1 до 31 мај 2025 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Нова книга „Културата и траумата – Писмо до бугарскиот пријател“ од проф. д-р Златко Крамариќ

Објавено пред

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата „Културата и траумата“ од познатиот македонист од Хрватска, д-р Златко Крамариќ. Воведниот текст од книгата е во форма на „Писмо до бугарскиот пријател“. Како редок познавач на балканските состојби тој во овој прилог ја нагласува смислата за добрососедството и заемната почит меѓу државите, посочувајќи дека „еден од битните детали во тие визии на идните посакувани односи во Европа е и односот спрема соседите. Можеби токму тој детаљ и е еден од најважните. Има ли нешто поубаво отколку да се живее крај среќен и задоволен сосед. Неговата среќа и задоволство и нас би требало да не прави среќни“, констатира авторот.

dobivaj vesti na viber

Во книгата „Културата и траумата“ посебен акцент е ставен и на улогата на Штросмаер и македонскиот идентитет, на модернизмот во мрачните времиња, на создавањето на македонската интелигенција и на новите политики кон новите идентитети.

Златко Крамариќ (Осиек, 1956) е познат хрватски научник, универзитетски професор, книжевен критичар, врвен теоретичар на литературата и долгогодишен дипломат. Автор е на триесетина книги, преведени на повеќе јазици. Во изминатите четири децении со особена љубов и континуирана посветеност, тој ја афирмира македонската литература, поставувајќи високи критериуми при анализирањето на дела од најзначајните македонски писатели. Со својот континуиран ангажман, Златко Крамариќ застанува на чело на проучувачите, проследувачите, толкувачите и аниматорите на процесите на македонската историја, традиција и култура и на македонскиот јазик и богата литература. Член е на Друштвото на хрватските книжевници, на Хрватското филозофско друштво, на Матица Хрватска, а во 2015 година беше избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

Прикажи повеќе...

Култура

Филмовите на Кустурица на програмата на Кинотеката

Објавено пред

Во мај 2025 година Кинотеката ја претвора својата проекциска сала во вистинско светилиште на сликата, мислата и сеќавањето. Богатата и внимателно курирана програма ја слави моќта на филмот да размислува, сведочи, предизвикува и да возбудува.

dobivaj vesti na viber

Со акценти врз авторски поетики, политичка историја и философска рефлексија мајскиот репертоар претставува редок пример на културна програма, која истовремено е и уметничка прослава и интелектуална провокација.

Балканот и сонот: Емир Кустурица

Програмата почнува со два антологиски филма на Емир Кустурица – „Подземје“ и „Аризона дрим“, кои ја отелотворуваат неговата единствена авторска визија. „Подземје“ е епопеја за историјата на поранешна Југославија, раскажана како гротескен театар на апсурдот, каде што реалноста и илузијата коегзистираат во еден подземен лавиринт на заблуди. „Аризона дрим“, пак, е своевидна бајка за американскиот сон низ погледот на балканскиот емигрант, обоена со магичен реализам, иронија и меланхолија. Филмовите на Кустурица не се само приказни – тие се блуз, балада и политичка сатира во едно.

Ин мемориам: Џин Хекман

Во чест на неодамна починатиот Џин Хекман, Кинотеката приредува омаж со проекции на два негови незаборавни филма: „Разговорот“ на Френсис Форд Копола и „Непростено“ на Клинт Иствуд. Првиот го прикажува Хекман во улога на интровертен експерт за прислушување, фатен во мрежа на параноја и морална дилема, а вториот го претставува како насилен шериф што го преиспитува митот за херојството. Хекман останува синоним за актерска прецизност, длабочина и човечка кревкост.

Пазолини: Поетот на радикалното
Мајската програма вклучува и ретроспектива на култниот италијански режисер Пиер Паоло Пазолини, чија филмографија претставува постојан судир помеѓу поезијата и политиката, телесното и божественото, порокот и светоста. Неговите филмови сведочат за бескомпромисната борба против културната хомогенизација и буржоаската хипокризија.

Солидарност на големото платно: Полската совест

Во соработка со Амбасадата на Полска, Кинотеката претставува избор на филмови со наслов „Солидарност на големото платно“, посветен на едно од највлијателните демократски движења во Источна Европа. Преку дела на Кшиштоф Кишловски, Агњешка Холанд и посовремени автори гледачите ќе може да ги почувствуваат драмите на политичката совест, отпорот и колективната меморија. Овој циклус не е само историска ретроспектива – тој е и потсетник на улогата на филмот како сведок и фактор на општествени промени.

Во рамките на мајскиот циклус „Солидарност на големото платно“, Кинотеката на Македонија со гордост ќе ги угости двeте извонредни имиња од современата полска документаристика – режисерот Куба Микурда и визуелната уметница и филмска монтажерка Лаура Павела.

Куба Микурда е полски режисер и филмски теоретичар, чија работа се одликува со уникатна психоаналитичка перспектива и иновативен пристап кон архивските материјали. Иако нема формално филмско образование, неговата стручност произлегува од современата психоанализа – како поранешен студент на Славој Жижек, тој е автор на книга за поимот „не-се-сè“ кај Жак Лакан. Микурда е автор на високо оценетите документарци „Love Express: Исчезнувањето на Валеријан Боровчик“ (2018), „Бегство на сребрениот глобус“ (2021) и „Соларис, моја љубов“ (2023), а предава и на престижната Филмска академија во Лоѓ.

Павела, пак, е визуелна уметница, скулпторка и монтажерка со богато искуство во областа на уметничкиот и документарниот филм. Таа е авторка на многубројни изложби во Полска и светот и предавачка на предметот found footage на филмска академија. Павела е долгогодишна соработничка на Микурда со кого го има снимено филмот „Соларис, моја љубов“, а заедно со Изабела Пајонк беше номинирана за престижната награда „Орел“ за монтажата на „Бегство на сребрениот глобус“ во 2022 година. Нејзината работа се одликува со префинето чувство за асоцијативна монтажа на архивски материјали – тема на нејзините неодамна завршени докторски студии.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Договорот за минерали меѓу САД и Украина повторно е пред колапс, дознава „Фајненшл тајмс“

Соединетите Американски Држави и Украина во последен момент наидоа на блокада на патот, бидејќи беа на работ да потпишат договор...

Македонија5 часа

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и...

Македонија5 часа

Незаконски и неуставно е одобрението за отворање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја укина одлуката за давање одобрение за основање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во село...

Македонија6 часа

(Фото) Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети од Царинската управа при откриени обиди за шверцување

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на сребрен накит во вредност од 430.880 денари. Сребрениот накит...

Македонија6 часа

Димитровска: Осомничениот ми е семеен пријател, разговорите не се поврзани со „Адитив“

Петседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, вели дека еден од осомничените од случајот „Адитив“, во кој и...

Топ8 часа

50-годишник од Охрид повеќепати силувал малолетничка, која се породила во март годинава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување...

Економија9 часа

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа...

Македонија9 часа

„Дали криминалот во „Глобал“ тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во...

Македонија9 часа

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да...

Македонија9 часа

„Влен“: По 22 години измама, носиме канализација во Зајас на Али Ахмети

„Кичево, градот што беше заборавен од минатите влади повеќе од две децении, денес се враќа на мапата на сериозни инвестиции...

Свет11 часа

(Видео) Кина објави драматична снимка со порака до САД: „Нема да потклекнеме“

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Златната доба на Америка доаѓа; УПС: Ќе поделиме 20.000 откази поради царините

Американскиот логистички гигант УПС вчера објави отпуштање на околу 20.000 работници и затворање на повеќе од 70 објекти низ САД,...

Европа21 час

Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир...

Македонија21 час

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како...

Македонија22 часа

(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. „Ова е...

Македонија23 часа

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Потребна е...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња...

Македонија1 ден

(Видео) Меџити: И покрај нашите понуди тие одлучија да бидат заедно со ДУИ и со Ахмети, Таравари има пофалби за владеењето на ДУИ, а избега од тоа владеење

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција извести дека вечерва...

Македонија1 ден

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски дека не му веруваат и прашаа зошто обвинетите кои се во домашен притвор шетаат по улици

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откога јавно му порачаа...

Македонија1 ден

Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот...