Забава
Ендавоар слета на Кенеди
Американскиот ракетоплан со екипаж од шест астронаути утрово слетал во вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал завршувајќи ја 14-дневната мисија на Меѓународната вселенска станица (ISS)
По прејдени 9,17 милиони километри и две седмици минати во Вселената, „Ендавоар“ безбедно се приземји утрово во 4 часот и 21 минути по средноевропско време, соопшти американската вселенска агенција NASA.Членовите на неговиот екипаж при оваа мисија изведоа три вселенски прошетки за инсталирање на модулот „Транквилити“ и неговата купола, со што на ISS се создаде повеќе животен простор за астронаутите кои престојуваат подолг период.Модулот има седум прозорци и овозможува поглед од 360 степени, долг е седум мери со дијаметар од 4,5 метри и е тежок 18 илјади килограми. Куполата е долга 1,5 метри со дијаметар од три метри а е десет пати полесна од модулот. Мисијата на „Ендоавоар“, кој веќе десет пати патуваше до ISS и назад, беше последната од досега изведените 130 вселенски мисии од прогрaмата на NASA. Сите нејзини постари ракетопални (спејс шатли) кои учествуваат во оваа програма, треба да бидат повлечени од употреба до крајот на годината.„Ендавоар“, „Аталнтис“ и „Дискавери“ во 2010 година уште четири пати ќе бидат лансирани а на ISS ќе превезуваат само резервни делови.NASA уште во 2003 г. по несреќата на „Коламбија“ одлучи да ја приземји конечно целата флота ракетоплани кога ќе биде довршена изградбата на Меѓународната вселенска станица. Агенцијата планираше да ја замени сегашната флота со новата генерација вселенски бродови од типот Орион, но претседателот на САД, Барак Обама го укина финансирањето на овој проект и ги пренамени шесте милијарди долари во следните пет години за поддршка на комерцијалните компании за развивање на „вселенска такси служба“ и превезување на американските астронаути до ISS. САД имаат и договор со Руката вселенска агенција за превезување на своите астронаути со рсуксите вселенски бродови од типот Сојуз.Инаку, просторот на Меѓународната вселенска станица која кружи околу Земјата на висина од околу 400 километри, треба да биде завршен идната година. Станицата е заедничи проект на 16 држави и досега е речиси 90 отсто завршена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува“.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тикток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокираше сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација што ја комбинираше со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следеше лавина од коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тикток“, додека друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, искоментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

