Македонија
Потпишан Меморандум за соработка со Microsoft во областа на образованието
Министерството за информатичко општество и администрација и Канцеларијата на Microsoft во Скопје, во понеделник го потпишаа Меморандумот за соработка во областа на образованието, кој овозможува употреба на новите информатички технологии во образовните процеси во земјата.
Министерот Иво Ивановски и генералниот директор на Microsoft за Централна и Источна Европа, Адриана Боерсма, истакнаа дека документот е од исклучителна важност за младите генерации, бидејќи преку него се поттикнува креативноста, нови идеи и знаења кои се неопходни за едукативната сфера.
„Меморандумот нуди една сеопфатна заедничка јавно-приватно програма за образовна надоградба, чии стратешки цели се: развој на учењето, поттикнување идни иновации и развој на вештини и квалификации од 21-от век. Преку овој документ ќе соработуваме и ќе се фокусираме на креирање Microsoft иновативни училишта и иновативни наставници, развој на ИТ академија, програми за сертификација и многу други активности од заеднички интерес“, рече Ивановски.
Тој додаде дека Министерството за информатичко општество и администрација и Microsoft заеднички ја препознаа потребата да се подобри пристапот и користењето на информатичката и комуникациската технологија во основното и средното образование, па оттука ќе се стремат заеднички да го подобрат пристапот и употребата на ИКТ за поддршка на наставата и учењето.
„Наша заедничка заложба е да ги поттикнеме младите луѓе да имаат повеќе можности за образование, вработување и претприемништво. Нашето партнерство е посветено да им помогне на младите луѓе да ги искористат можностите преку програмите на Microsoft, со цел да научат вештини, да се подготват за идните работни места, како и да започнат сопствен бизнис“, истакна Ивановски.
Генералниот директор на Microsoft за Централна и Источна Европа, Адриана Боерсма, истакна дека иновациите и информатичките технологии се клучните фактори кои овозможуваат ослободување на потенцијалите, зголемување на конкурентноста и создавање на услови за намалување на невработеноста, проблем со кој се соочуваат особено младите луѓе, насекаде во светот.
„Меморандумот за соработка треба да го трансформира процесот на образование и да овозможи доживотно учење. Преку поголемо имплементирање на Мајкрософт Youth Spark иницијативата ќе се креираат нови можности за младите, ќе се создадат услови тие да ја подобрат својата продуктивност и да го ослободат својот потенцијал“, рече Боерсма. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

