Македонија
По смртта на Тамара, Фондот одобри средства за лекување на друго девојче во странство

По смртта на деветгодишната Тамара од Велес, којашто не ја дочека операцијата на ’рбетот во странство, Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) одговори позитивно на барањето на родителите на дванаесетгодишно девојче од Струмица исто така со проблеми со ’рбетот.
„ФЗОМ ја информира јавноста дека позитивно е решено барањето за лекување во странство на девојчето М.С., коешто се испраќа на лекување во странство, во Турција, во времетраење од осумнаесет дена и во придружба на родител“, се вели во соопштението.Семејството на дванаесетгодишната Мартина Стојковска побара да се донираат пари за девојчето да може да оди во Турција и таму да биде оперирана. За операцијата потребни се 40.000 евра./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари.
„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски.
Тој, потенцира дека домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе има капацитет за 50 лица, по европски стандарди, со 24 часовна медицинска помош.
Герасимовски истакнува дека продолжуваат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија за да им се овозможи на сениорите дружење и рекреација.
Македонија
„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на Марковски компани додека 600 000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите блиски смислуваа начини и формираа мрежи од фирми за да испумпаат државни средства. Милионски суми од државниот буџет завршија во џебовите на фирми блиски до кланот Заеви“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен.
03.10.2023 година, направена е рамковна спогодба за ископ на јаловина на РЕК со Марковски компани во вредност од 25 милиони евра, во која подизведувачите ќе заработат 10% или 2,5 милиони евра.
Како подизведувачи на овој ископ на јаловина, се појавуваат фирмите „Сим Инженеринг’’ и „Јавор транс“, кои се во сопственост на Симеон и Горан Крстеви.
Симеон и Горан Крстеви се луѓе блиски на Зоран Заев, кои со него беа уште од аферата Глобал.
Намерно не биле главни изведувачи за да не се забележат, но сепак парите од државните тендери завршиле директно кај нив. Ова е само еден од начините како парите од Марковски компании биле канализирани до Заев и неговите блиски.
Овие две фирми подизведувачи само од еден тендер заработиле 5 милиони евра.
Овие криминални шеми се директна злоупотреба на јавни средства и пари на граѓаните.
Затоа на 19 октомври СДС ќе доживеат дебакл, народот со заокружување на бројот 9 ќе се спротистасви на корупцијата, злоупотребите и криминалот и ќе даде шанса на оние кои работат чесно и за народот а не за сопствени интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза можат да посетат 129 дестинации

За прв пат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите десет. САД паднаа на 12-то место, израмнети со Малезија, во најновиот квартален извештај.
Листа на најмоќни пасоши во 2025 година:
Сингапур (193 дестинации)
Јужна Кореја (190)
Јапонија (189)
Германија, Италија, Луксембург, Шпанија, Швајцарија (188)
Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Ирска, Холандија (187)
Грција, Унгарија, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Шведска (186)
Австралија, Чешка, Малта, Полска (185)
Хрватска, Естонија, Словачка, Словенија, Обединети Арапски Емирати, Обединето Кралство (184)
Канада (183)
Латвија, Лихтенштајн (182)
Исланд, Литванија (181)
САД, Малезија (180)
Што го прави пасошот „моќен“? Еден јасен показател е отвореноста за патување – можноста за влегување во дестинации низ целиот свет едноставно со покажување на пасошот, без потреба од виза.
Индексот на пасоши Хенли е еден од неколкуте што ја мерат таквата „моќ“ на пасошот и, за прв пат во својата 20-годишна историја, американскиот пасош испаѓа од првите десет. Три азиски пасоши сега го држат првото место: Сингапур со пристап без виза до 193 дестинации, Јужна Кореја со пристап до 190 дестинации и Јапонија со 189 дестинации.
Во меѓувреме, САД се изедначени на 12-то место со Малезија. Граѓаните на двете земји уживаат пристап без виза до 180 од 227 земји и територии следени од индексот. Индексот, составен од лондонската консултантска компанија „Henley & Partners“, користи ексклузивни податоци од Меѓународното здружение за воздушен транспорт (IATA). Бидејќи „Хенли“ рангира повеќе земји со ист резултат како едно место, всушност 36 земји имаат подобар резултат од САД на таа листа.
Падот на американскиот пасош е резултат на низа промени во правилата за влез.
„Слабеењето на американскиот пасош во текот на изминатата деценија е повеќе од случајност – тоа е фундаментална промена во глобалната мобилност и динамиката на меката моќ“, рече Кристијан Х. Келин, претседател на „Henley & Partners“.
„Земјите што ја прифаќаат отвореноста и соработката брзо напредуваат, додека оние што се потпираат на минатите привилегии заостануваат.“
Македонија е рангирана на 42 позиција со можност за влез без виза во 129 држави.
Најдобро рангирана земја од регионот е Грција, чиј пасош се најде на 6 место со можност за посета на 186 држави без виза.
Србија е на 36 позиција, со можност да посети 137 држави без виза, Албанија е 47 место заедно со Босна и Херцеговина, со можност за патување без виза на 122 дестинации. Бугарскиот пасош е на 14 место со можност за посета на 178 држави без виза. Црна Гора е 43 место, а со црногорскиот пасош можат да се посетат 128 држави без виза, Хрватска и Словенија се на 8 место, со можност за посета на 184 држави без виза.
На дното од листата, на 106-то место, Авганистан останува најслабиот пасош со безвизен пристап до само 24 дестинации, две помалку отколку на почетокот на годината. Сирија е на 105-то место (26 дестинации), а Ирак е на 104-то место (29 дестинации). Јазот во мобилноста помеѓу најдобро и најлошо рангираните пасоши е 169 дестинации.