Забава
Казахстан гради амбасада за вонземјани
Владата на Казахстан веќе започна си изградба на првата амбасада за вонземјаните, пишуваат локалните медиуми
Владата на Казахстан веќе започна си изградба на првата амбасада за вонземјаните, пишуваат локалните медиуми.
Според тие информации, властите во Казахстан веќе избрале место за градење покрај градот Алмати за овој амбициозен проект.
Комплексот ќе содржи куќи за гости, театар и простор за службата за преведување. Покрај амбасадата ќе се изгради, нормално, и писта за слетување на НЛО-ата.
Казахстанската влада верува дека средбата со вонземјаните е реалност и дека во иднина ќе стекнат голема финансиска добивка, бидејќи ќе бидат првата земја што ќе изгради таков комплекс. Исто така, владата верува дека на тој начин ќе покаже дека размислува однапред.
Казахстан верува дека е вистинското место за првата средба со вонземјаните, бидејќи жителите на оваа држава се убедени дека во Каспиското езеро постои подводна база на вонземјаните.
Фуад Гасимов, шеф на Националната вселенска агенција на соседниот Азербејџан, тврди дека за бившиот Советски Сојуз постојано ги следел слетувањата на НЛО објектите во Каспиското езеро, што го криеле како воена тајна. Гасимов тврди дека и тој бил вклучен во оваа тајна програма на СССР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,