Контакт

Економија

Грција бележи рекордни туристичи резултати, но и рекордни затајувања данок

Објавено пред

Грција годинава не бележи само одлични туристички резултати, туку и рекордни стапки на затајување данок на своите светски познати острови и друите популарни туристички дестинации, покажуваат податоците од грчкото од министерство за финансии што во петокот ги објави аганцијата АНА/МПА.

dobivaj vesti na viber

Од 1.465 контроли коишто грчките даночни инспектори ги извршиле во периодот од 25-ти до 5-ти август, откриени се 3.904 прекршоци кои ги сториле 731 субјект, а главно се работи за неиздавање сметки за продадената стока или за дадената услуга.

Кршење на даночните прописи се регистрани во вкупно 49,89 отсто од компаниите, а особено ваквите прекршители се забележани меѓу локалното население и работниците во туристичките места.

Така, на островите Евиа и Скирос стапката на даночно затајување изнесува 85,13 отсто, на Милос 81,81 отсто, на Миконос 63,73, на Крит 59,63 и на Санторини 56,36 отсто.

Опоравувањето на грчкиот туризам, во што несомнено добар удел имаат и македонските туристи, би можел годинава сериозно да им се закани на другите медитерански дестинации, како Турција и Хрватска.

Според здружението на грчките туристички компании, приходите од туризмот би можеле во 2013 година да пораснат за 10 отсто и да достигнат 11 милијарди евра, а се очекуваат рекордни 17 милиони гости, најмногу од 2009 година кога започна грчката должничка криза.

Според истите податоци, резервациите за грчките туристички дестинации во Германија се зголемени за 15 отсто, во Велика Британија за 20, додека од Русија се очекуваат дури 30 отсто повеќе туристи./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

МФ: Силна доверба од меѓународните инвеститори- успешно реализирано издавањето на 10-тата Еврообврзница

Објавено пред

Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница.

dobivaj vesti na viber

„Министерството одлучи да издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок од 4 години и со рок од 8 години. Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше постигнато пред повеќе од дваесет години.

Само еден час по објавувањето на почетните каматни стапки, побарувачката од инвеститорите достигна импресивни две милијарди евра, со диверзифицирана база на инвеститори ширум светот, вклучувајќи еминентни институционални инвеститори од Германија, САД и Велика Британија“, соопшти Министерството за финасии.

„Пред отворањето на американскиот пазар, книгата на инвеститори достигна дури три милијарди евра, а по неговото отворање максималната понуда надмина четири милијари евра, што претставува исклучителен показател за силната доверба во економските политики и стабилноста на земјата.

Повеќе од 150 глобални инвеститори изразија интерес да ја поддржат државата во овој проект, што претставува дополнителен квантитативен доказ во прилог на фискалната стратегија на Министерството за финансии.

Во случајот на двете транши, каматата е најблиска во однос на референтната вредност на Еурибор, споредувајќи ги сите издавања на обврзници во последните дваесет години.

Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875 % за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750% за траншата со рок на достасување од 8 години.

Со изборот на стратешкиот моментот на издавање, како и со структурата на задолжувањето, беше постигнато значително намалување на приносите – конкурентно во однос на земјите со инвестициски кредитен рејтинг (околу 0,5% во споредба со просекот од 0,25%). Тоа дополнително се потврдува со фактот за големата побарувачка од страна на најеминентните меѓународни инвеститори.

Излезот на меѓународниот пазар има стратешки карактер, имајќи ги предвид потенцијалните турбуленции во доменот на геополитиката и макроекономската неизвесност на глобално ниво.

Министерството за финансии останува посветено на транспарентност и стабилност, со цел обезбедување најповолни услови за финансирање и зајакнување на позицијата на земјата на меѓународните финансиски пазари.

Во насока на одговорно и стратешко управување со јавните финансии, Министерството за финансии во последниот квартал од 2025 година интензивно работеше на анализа на пазарните услови со цел да го определи најсоодветниот момент за стратешки излез на меѓународниот пазар на капитал на почетокот од 2026 година.

Како дел од овие активности, тимот на Министерството за финансии во ноември реализираше посета на Лондон , каде што во организација на водечки инвестициски банки ја претстави земјата пред повеќе од 40 инвеститори.

Во периодот од 11 до 12 јануари 2026 година, Министерството оствари средби со повеќе од 60 глобални инвеститори, меѓу кои најголемите пензиски фондови и осигурителни компании од САД, како и инвестициски фондови од целата Европска унија. Bank of America имаше водечка улога во координацијата на процесот на издавање на обврзницата.

Со оваа Еврообврзница, планирана во Буџетот за 2026 година ќе се изврши исплата на Еврообрзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра и се обезбедуваат средства за буџетскиот дефицит којшто е насочен кон реализација на развојните проекти.

Издавањето на Еврообврзницата е согласно напорите на Министерството за финансии за адекватно управување со јавниот долг и да се одржи стабилноста на јавните финансии на среден и долг рок.

Државата стана прва земја во регионот и прва земја надвор од Европската унија која излегува на меѓународниот пазар на капитал, што сведочи за довербата во напорите на Министерството за финансии, особено имајќи го предвид износот на задолжувањето“, се наведува во соопштението на Министерството за финасии.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска-Кавахара: Продлабочување на соработката за безбедна и одржлива енергетска иднина

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Сецуко Кавахара.

dobivaj vesti na viber

На средбата присуствуваа и претставници од јапонската корпорација ИТОЧУ (ITOCHU), една од водечките и најреномираните компании во Јапонија, позната по своите инвестициски активности и експертиза во енергетски и индустриски проекти. ИТОЧУ е сериозна компанија со глобално присуство, која покажува интерес и за македонскиот пазар и потенцијалите за зелена енергетска трансформација во земјата.

На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, како и за заеднички проекти поврзани со зелената транзиција.

Министерката Божиновска истакна дека нашата земја е посветена на преземање конкретни чекори кон одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина. Таа ја оцени поддршката од јапонска страна како значајна за обезбедување на енергетска независност и одржливост.

Двете страни ја потврдија потребата од зацврстување на позицијата на Северна Македонија на глобалната енергетска мапа како кредибилен и доверлив партнер во светската транзиција кон зелена енергија. На крајот, беше заклучено дека соработката во областа на енергетските реформи и инфраструктурните проекти ќе продолжи и во иднина.

Прикажи повеќе...

Економија

COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе

Објавено пред

COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.

dobivaj vesti na viber

COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.

Што добиваат купувачите

  • Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
  • Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
  • Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
  • Стручна поддршка и советување при избор на производи.
  • Сервисна поддршка и гаранција за производите.
  • Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство

Combo

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Македонија2 часа

Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ

Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ. „Сите што...

Свет3 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет4 часа

Сестрата на Ким Јонг Ун: Надежите на Јужна Кореја за подобри односи со Северот се само илузија

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, изјави дека надежта на Јужна Кореја за подобрени односи е...

Свет4 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија4 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет12 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа12 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија16 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа16 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет17 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет17 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија17 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија18 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија21 час

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија21 час

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија21 час

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија21 час

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија22 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија1 ден

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...