Економија
Македонија – мета на најголемите тур-оператори од Белгија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), успешно ја претставуви Македонија како туристича дестинација на саемот за туризам во Брисел, Белгија.
„Единствен ефикасен начин за претставување на Македонија како туристичка дестинација е учеството на саемот во Брисел. Апсолутно исправна и сериозна активност е градењето стратегија за туризам, преку изложбениот простор и модерните промотивни материјали, со цел да се истакнат природните, културните, традиционалните, историските вредности на нашата земја. Потребна е константна, перманентна промоција за да го доближиме туристичкиот потенцијал на Македонија кај Белгиските туристи“, изјави амбасадорот на Република Македонија во Белгија, Лазар Еленовски.
Економскиот промотор за Белгија, Крешник Бектеши рече дека атрактивноста на Македонија како туристичка дестинација ги привлече најголемите тур-оператори од Белгија.
„Може да констатирам дека ова саемско промовирање на Македонија е многу успешно, имајќи предвид дека имаме поединечни средби со повеќе тур-оператори од Белгија кои имаат голем интерес да започнат да работат со Македонија. Освен JetAir уште два големи тур-оператори ќе започнат да носат туристи во Македонија. Едната компанија е од Фламанскиот, а другата од Валонскиот дел на Белгија. Исто така најголемата Тв станица во Белгија ова година ќе дојде во Македонија да снима документарен филм за природните убавини, културата, традицијата на земјата. Убеден сум дека со промоцијата што се прави во Белгија како и упорната работа на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот и Амбасадата на Македонија во Брисел, бројот на туристи од Белгија ќе има значителен раст наредниве години“, вели Бектеши.
Според Јордан Трајков, директор на АППТ, фокусираната промотивна стратегија што се спроведува преку Агенцијата на целните пазари, вклучително и белгискиот , ќе даде резултати.
„Ќе мора да поработиме и на поддршката на туризмот за да ја подобриме и зголемиме понудата на туристички производи. Во таа насока имаме неколку одлични проекти како: 1) Обележување и мапирање на планинарски патеки, 2) Обележување и мапирање на планински велосипедски патеки, 3) Креирање на електронски пазар за издавање на викендици и станови во туристичките места и 4) Отварање на авто кампови низ цела Македонија. Сите овие проекти ќе имаат огромно позитивно влијание на нашата туристичка понуда за наредните години. Ги повикувам сите граѓани на Македонија кои можеби препознаваат интерес во погоре спомнатите проекти да не контактираат“, изјави Јордан Трајков директор на АППТ.
На штандот на Република Македонија свои пултови имаат ТА „Бадем турс“, кои остварија соработка со еден од најголемите тур- оператори од Белгија “Lauwers Reizen“.
Исто така успешната соработка со “JetAir “ ќе продолжи и ќе се интензивира во наредните години. Штандот е посетен и од менаџерите на белгиската фабрика за автобуси „Van Hool“ кои инвестираат во Македонија. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во моментов успешно ги пртетставува туристичките можности и капацитети на Република Македонија на шестиот по ред саем за туризам оваа година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

