Економија
Германија го зголеми извозот го намали увозот во јуни

Германскиот извоз пораснал во јуни, што покажува дека најголемата европска економија полека закрепнува од неодамнешните слабости, но увозот е намален, што пак буди сомнежи во проценките на владата дека домашното производство годинава ќе потикне раст на бруто домашниот производ.
Сезонски прилагодените податоци на Сојузниот завод за статистика покажува дека увозот во јуни пораснал за 0,6 отсто, додека аналитичарите на Reuters очекуваа раст од 1 отсто.Овој податок заедно со неодамна објавените податоци за силен раст на индустриските нарачки и производство, упатува на благ успон на извозно ориентираната германска економија, која многу добро се држеше на почетокот на кризата во еврозоната, за да едвај успее да избегне рецесија во првиот квартал до годината, по падот на активностите на крајот на 2012 година.„Извозот , традиционален придвижувач на германскиот раст, се уште има проблеми со враќање во полна брзина“, вели Карстен Брзески, виш економист во компанијата ING.Податоците покажуваат дека извозот во еврозоната, во која Германија продава 40 отсто од своите производи, во јуни паднал за 1,4 отсто на годишно ниво, додека испораките вон државите на ЕУ паднал за 4,6 отсто, бидејќи растот на најголемите светски економии, како кинескиот, забавува.Извозот во државите во ЕУ кои не се во еврозоната пораснале за 2,2 отсто на годишно ниво, соопшти Destatis.И додека извозот пораснал, податоците за увозот во јуни целосно разочараа. Увозот во јуни се намалил за 0,8 отсто, додека аналитичарите во анкетата на Reuters очекуваа раст од 0,5 отсто.Поради тоа спласнаа надежите дека јакнењето на домашната потрошувачка би можела да поттикне раст на германската економија, како и извозот на другите членки на ЕУ во Германија. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.