Македонија
Енергетска безбедност на регионот преку диверсификација на изворите

Безбедноста во снабдувањето со енергија, диверсификација на енергетските извори и намалување на зависноста во снабдувањето со енергија, преку блиска соработка на земјите од регионот биле дел од темите на средбата меѓу министерот за економија Беким Незири денеска оствари средба со главниот заменик-помошник државен секретар на Бирото на енергетските ресурси, Мери Ворлик.
Притоа, меѓу темите за кои беше разговарано беа и процесот на соработка на земјите на Централна и Југоисточна Европа во делот на гасното поврзување, како и проширувањето на дистрибутивната мрежа, Законот за енергетика и искористувањето на обновливите извори на енрегија.Министерот Незири се осврна на процесот на хармонизирање на европската регулатива во креирањето на националните политики во енергетиката, посочувајќи ја целосната поддршка од Брисел за проектите од заеднички интерес, кои значат регионално поврзување, како што е далекуводот Битола-Елбасан. Од аспект на поголемо искористување на обновливите извори на енергија, тема на интерес беше процесот на давање под концесија и изградба на малите хидроцентрали, како и потенцијалот и мерките за стимулирање за искористување на останатите обновливи извори на енергија во Македонија. Во делот на гасификацијата, министерот Незири информираше за развојот на дистрибутивната гасоводна мрежа во секој регион, како и за магистралниот гасоводен систем, при што истакна дека процесот на гасификација во Македонија, со цел отварање на пазарите на енергенси и обезбедување на прифатливи цени за потрошувачите, ќе биде комплетно во хармонија со плановите, иницијативите и енергетските политики на Европа и САД.Според Ворлик, овие глобални иницијативи претставуваат најдобар начин за диверсификација на енергетските извори, а со тоа и намалување на зависноста во снабдувањето и обезбедување на енергетска безбедност. Министерот Незири се заблагодари на досегашната плодна соработка во делот на енергетиката со САД, преку заедничките проекти со УСАИД и со Светската банка, и укажа на потребата од техничка поддршка во делот на активностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, како и од обврските од Договорот за основање на енергетската заедница./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Горан Ѓорѓиевски избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Со одлука на Собранието на Сојузот на стопански комори на Македонија, за нов претседател е избран Горан Ѓорѓиевски.
„Ова е специфичен момент затоа што треба многу да се направи за брендот Сојуз на стопански комори повторно да го добие реномето од пред десетина, петнаесет години. Влегуваме во нови времиња во кои ќе придонесеме за посилно деловно застапување, дигитална трансформација, раст на продуктивноста и транспарентноста на домашните компании“, изјави новоизбраниот претседател Ѓорѓиевски.
Во својата програма тој најави неколку приоритети: унапредување на деловната клима преку континуиран дијалог со институциите, поддршка на малите и средните претпријатија, поттикнување на иновациите и дигитализацијата, јакнење на регионалната и меѓународната соработка, како и инвестирање во образование и човечки капитал.
Економија
Дурмиши: Преку мерката за зелени инвестиции отворени се речиси 400 работни места во приватниот сектор

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска го посети ресторанот „Ксантика“, кој е еден од успешните примери на зелени инвестиции и создавање нови работни места.
За време на посетата министерот истакна дека преку Мерката 8 – „Создавање нови работни места преку зелени инвестиции“, досега се отворени речиси 400 нови работни места во приватниот сектор.
„Досега 228 компании инвестираа во зелени решенија – фотонапонски панели, енергетска ефикасност и модерна опрема. Компаниите вложија над 200 милиони денари сопствени средства, што е повеќе од државната поддршка. Тоа покажува дека политиката на Владата не е само субвенција, туку катализатор за приватен капитал и за зелена економија,“ рече министерот Дурмиши.
Економија
УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.
Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.
По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.
„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.
Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.