Македонија
Законот за тутун и тутунски производи на јавна расправа
Предложен е нов текст за измени на Законот за тутун и тутунски производи, според кои ќе се помести клендарот за пријавено, договоерно и откупено производство, а се предвидува и инструмент за обезбедување пари за исплата на договорените количини тутун.
По тој повод одржана е јавна расрава во Институтот за тутун во Прилеп на која покрај ттунопроизводители присуствуваа и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и министерот за земјоделство Михаил Цветков.Измените во Предлог Законот за тутун и тутунски производи произлегуваат од потребата за дорегулирање на законската рамка и од состојбата на теренот.Токму затоа се предвидуваат корекции кои ќе бидат во насока на поквалитетно договорање, производство, контрола и откуп на тутунот. По барање на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители, регистрираните откупувачи на тутун и научно – образовните институции од областа на тутунското производство, пристапено е кон изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи. Главните измени на законот се направени поради усогласување на барањата на тутунопроизводителите и научно-образовните институции за навремено обезбедување на семенскиот материјал (25 март во тековната година), кое повлекува поместување на календарот за пријавено, договорено и откупено производство на тутун.Исто така, подобрени се одредбите кои се однесуваат на процесот на договарање на производството и откупот помеѓу производителот и откупувачот на тутун, условите за упис во регистарот на откупувачи на тутун, инструментот за обезбедување на средства за исплата на договорените количини тутун, како и подобрување на одредбите за промет на необработен и обработен тутун.Градоначалникот Ристески истакна дека новите измени на законот се од особено значење за Прилеп и околината, особено ако се земе фактот дека голем дел од населението се занимава со обработка на оваа култура.Со измените се опфатија повеќе од 50 отсто од постојните одредби на законот, по што предложен е нов текст на Закон за тутун и тутунски производи./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

