Контакт

Забава

Денеска е најдепресивниот ден во годината

Објавено пред

Според пресметките на психолозите, денешниот ден 18 јануари е најдепресивен во годината и затоа се нарекува “тажен понеделник“, јавуваат странските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според пресметките на психолозите, денешниот ден 18 јануари е најдепресивен во годината и затоа се  нарекува “тажен понеделник“, јавуваат странските медиуми.

Психологот Клиф Арнал пред пет години објавил колумна во која светот за првпат се сретнал со поимот “тажен понеделник“. Според Арнал, лошите временски услови, емотивната и материјална исцрпеност по новогодишните празници се причини за ваквите чувства кај луѓето во овој период од годината.

Стручњаците од областа на психологијата дури имаат и совети како луѓето полесно да го “пребродат“ овој ден. Според нив, овој понеделник не треба да се пие  алкохол,  треба да се гледаат комедии,  да не се избегнуваат средбите со роднините и пријателите и луѓето да се обидат на овој ден да си исполнат некоја желба.

За разлика од психолозите пак, економистите сметаат дека причина за депресијата која на овој ден се јавува во нагласен обем,  е неправилното распределување на финансиските средства пред новогодишните празници.

Според психолозите и месецот јануари треба да се прогласи за најдепресивен во  годината затоа што статистиката покажала дека најголем број на  “депресивци“ побарале помош од стручни лица токму во овој месец. /крај/хина/ит



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ќе ве прегазат до целта: бегајте од овие хороскопски знаци

Објавено пред

Во секојдневните врски, без разлика дали станува збор за работа, пријателство или љубов, често наидуваме на луѓе кои ништо друго не ги интересира освен своите потреби.

dobivaj vesti na viber

Тие често се ставаат себеси на прво место, донесуваат одлуки исклучиво во свои интереси и ретко ги земаат предвид чувствата и потребите на другите луѓе.

За некои луѓе, ова однесување се повторува толку често што станува дел од нивниот идентитет. Еве ги хороскопските знаци во кои се раѓаат тие луѓе.

Овен
Овните се познати по својот силен карактер, амбиција и решителност. Сепак, овие особини честопати ја преминуваат границата и се претвораат во отворен егоизам. Кога Овенот сака нешто, ретко бара мислења од другите и речиси никогаш не чека сите да се согласат – едноставно се движи кон својата цел без да се осврнува назад.

Во меѓучовечките односи, тие често забораваат дека другите имаат чувства, потреби и граници бидејќи се убедени дека тие најдобро знаат што е исправно. Иако нивната енергија може да се протолкува како ентузијазам, таа често им се претставува како чиста себичност на оние околу нив.

Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и уживаат кога сè се врти околу нив. Иако ова може да им донесе популарност и восхит, многу често оваа потреба за доминација и признание ги прави исклучително егоцентрични. Лавовите ќе бидат среќни да зборуваат за себе, за своите успеси и планови, но ретко искрено ќе ги слушаат другите.

Кога работите не одат како што треба, тие можат да станат драматични, горчливи и ладни. Емпатијата честопати не им е силна страна бидејќи веруваат дека нивните мислења и потреби се најважни. Нивното его не толерира критики, а односите со нив лесно стануваат еднострани – сè додека им обрнете внимание, сè е во ред.

Јарец
Јарците се многу амбициозни и фокусирани на успех, а тоа често ги води кон себично однесување. Тие не губат време на емоции или друштвени игри – ако не им сте корисни во остварувањето на нивните цели, ретко ќе се задржуваат во ваше друштво.

Јарците не бараат одобрение од другите, а камоли да ги вклучуваат во своите планови – тие знаат што сакаат и го остваруваат без оглед на туѓите мислења. Нивната незаинтересираност и рамнодушност кон потребите на другите може да бидат болни и разочарувачки.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Мет Дејмон покажа нов изглед на црвениот тепих, го споредуваат со Том Хенкс

Објавено пред

Холивудскиот актер Мет Дејмон (54) беше фотографиран на премиерата на филмот Shadow Force во Њујорк. Тој беше придружуван од неговата сопруга Лусијана Баросо, со која е во брак 20 години.

dobivaj vesti na viber

Но, наместо атрактивната 48-годишна избраничка на Дејмон, вниманието го украде новиот имиџ на актерот. Дејмон ја покажа својата густа, проседа коса и брада на црвениот тепих.

Многумина го споредуваат со Том Хенкс во филмот Cast Away. Хенкс го играше Чак Ноланд, кој беше заглавен на пуст остров, а Чак исто така имаше густа коса и брада во филмот.

Но, трансформацијата на Дејмон се чини дека е резултат и на подготовката за улогата, бидејќи Мет ќе го глуми грчкиот херој во претстојниот филм „Одисеја“.

Прикажи повеќе...

Забава

Елиминирањето на една група храна ќе ви помогне да ги изгубите масните наслаги на стомакот

Објавено пред

Иако нутриционистите и лекарите советуваат да не се елиминираат цели групи на храна за да се ослабе, всушност постои една група што треба да се избегне.

dobivaj vesti na viber

Фитнес тренерот Џерард Хол сподели едноставен, но ефикасен совет за оние кои сакаат брзо да ги изгубат масните наслаги на стомакот.

Тој истакнува една клучна навика што може да помогне во намалувањето на два вида телесни масти што се наоѓаат во абдоминалната област – а тоа е исклучување на алкохолот.

„Ако вашиот стомак изгледа подуен, ќе ви покажам како да се ослободите од него. Значи, имаме два вида маснотии што го опкружуваат нашиот среден дел – поткожни маснотии, што е надворешниот слој, и висцерални маснотии, кои ги опкружуваат внатрешните органи“, објасни тој.

Ако имате премногу висцерални масти во абдоминалната област, тие масти со текот на времето стануваат тврдоглави и потешко се отстрануваат. Сепак, со елиминирање или барем намалување на внесот на алкохол, можете да помогнете во елиминирањето на овие масни наслаги.

Џерард го нарекува алкохолот „една од најлошите работи што можете да ги направите ако сакате да се ослободите од висцералните масти“, наведувајќи ја неговата висока калорична содржина и фактот дека е лесно да се пие во прекумерни количини, како клучни причини.

„Алкохолот може да предизвика хаос во вашите хормони, вклучувајќи го и тестостеронот, а може да ве наведе и да правите лоши избори во исхраната. Кога пиете алкохол, вашето тело му дава приоритет на неговото разградување пред согорувањето на мастите, ефикасно запирајќи го секој напредок во губењето на тежината“, нагласи тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Истрага за две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете: на сила го внеле во возило и го удирале со тупаници и железна палка

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија55 минути

(Видео) Мицкоски на Денот на полицијата: Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Премиерот, Христијан Мицкоски, на Денот на полицијата – 7 мај, испрати порака дека нема компромис со криминалот. Според него, корупцијата...

Македонија1 час

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на...

Македонија3 часа

„Кога на моќниците ќе им застаруваат криминалите – сетете се дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за крај на таквата неказнивост“, велат од партијата Левица

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата намера кога зборува за „реформи во судството“ – наместо вистински промени, тие бараат свои...

Свет3 часа

(Видео) Бајден го даде првото интервју по напуштањето на Белата куќа: Глупаво е да се мисли дека Путин ќе застане на Украина

Џо Бајден, во своето прво интервју за Би-би-си откога ја напушти Белата куќа, изјави дека притисокот на администрацијата на Доналд...

Европа4 часа

Кардиналите влегуваат во конклавата попладнево, се избира нов папа

133 кардинални електори ќе влезат во Сикстинската капела денес попладне и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе...

Свет5 часа

(Видео) Се појавија првите снимки од нападот на Индија врз Пакистан

Тензиите меѓу соседните земји со нуклеарно оружје, Индија и Пакистан, драматично ескалираа откако Индија вчера вечер ја започна својата воена...

Свет5 часа

Пакистанскиот премиер: Подмолниот непријател изврши кукавички напад, овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва објави официјално соопштение во кое остро ги осуди индиските воени напади. „Подмолниот непријател изврши кукавички...

Свет5 часа

(Видео) Трамп за нападот на Индија врз Пакистан: Штета, штотуку го слушнавме тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал што Индија го нападна Пакистан. „Штета. Тукушто слушнавме за тоа, токму...

Свет5 часа

Индија го нападна Пакистан; Пакистан: Ова е срамен и кукавички напад

Индиската влада вчера вечер потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и дел од...

Македонија19 часа

Уважена жалбата на Асмир Јахоски: излегува од притвор со парична гаранција

Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважиl...

Македонија21 час

Обвинение против вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба...

Македонија22 часа

(Видео) Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение, обвини СДСМ

Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за...

Топ22 часа

10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со...

Топ23 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на...

Македонија23 часа

Пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град: УХМР најави невреме за среда

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде...

Македонија24 часа

„Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност“, велат од партијата Левица

„Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање...

Македонија1 ден

Обвинение против 59-годишник за полов напад врз дете: го допирал малолетникот во парк во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник,...

Свет1 ден

Фридрих Мерц не ја доби поддршката за нов канцелар на Германија

Конзарвативниот германски лидер на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во Бундестагот за да...

Регион1 ден

Украл автомобил со мало девојче внатре: драма на бензинска пумпа во Србија

Полицијата во Обреновац од синоќа бара „Пунто“ кое еден маж го украл од бензинска пумпа, забрзал и избегал, објави „Телеграф.рс“....