Контакт

Македонија

Вељаноски: Севкупниот развој и членството во ЕУ и НАТО се најголемиот предизвик

Објавено пред

Имаме обврска Македонија да им ја предадеме на следните генерации уште поразвиена, уште посигурна и уште постабилна, а најголем предизвик останува вкупниот државен развој, а приоритети членство во НАТО и во ЕУ, рече претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на свечената академија во пресрет на празникот 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија

dobivaj vesti na viber

На свечената акедемија по повод 23 години од одржувањето на референдумот на кој со огромно мнозинство граѓаните се изјаснија Република Македонија да истапи од поранешната СФРЈ и да стане самостојна и суверена дрќжава, која се одржа во неделата навечер во Македонскиот народен театар,  присуствуваа и претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, пратеници и министри од првиот состав на Собранието, дипломатскиот кор во Република Македонија, како и бројни јавни личности.Вељноски во својот говор повика и на соработка и единство меѓу политичките субјекти во земјата, на натамошното јакнење на довербата меѓу етничките заедници и меѓуверската толеранција.„Никогаш не престанавме да веруваме и да се бориме за нашето заедничко подобро утре под сонцето на слободата. Таквата упорност, пожртвуваност, национална одговорност и вера ја доведоа Македонија таму каде што е денес. Нашата татковина 23 години чекори по патот на независноста. Нашите граѓани 23 години ја живеат слободата и успешно се носат со одговорноста која доаѓа со независноста“, рече Вељаноски.„Огромна благодарност и до сите други македонски синови и ќерки кои овие 23 години во македонски униформи ги чуваа македонските граници и македонската земја внатре во Македонија кога беше потребно или надвор од неа како дел од мисиите на нашите нато сојузници“, рече првиот парламентарец. Осми септември, како што рече Вељаноски, е најголемиот симбол и на искрениот дијалог, соработка и разбирање меѓу различните политички партии. Затоа, според него овој датум „треба да биде денот на кој треба да го славиме и да го поттикнуваме нашето единство и соработка“.„Осми септември не е празник само на поддржувачите на една или на друга партија. Осми септември е празник на сите наши партии. Осми септември е најголемиот политички успех, како на ВМРО-ДПМНЕ, така и на СДСМ. Оваа вредност на овој голем ден мораме постојано да ја акцентираме. Како што пред 23 години македонските политичари од сите политички партии застанаа еден до друг на плоштадот во Скопје да ја обнародат и да ја прослават независноста, така ние денес имаме обврска кон тоа дело и кон тие луѓе да бидеме единствени и сплотени“, порача Вељаноски.Тој истакна дека 8-ми Септември, како ден на македонската независност подеднакво се однесува на сите, независно од тоа каков јазик говора или на кој бог му се молат, како и дека мора уште повеќе да се јакне довербата и разбирањето меѓу етничките заедници.„Членството на Македонија во НАТО е нашиот најголем приоритет. Во овој историски период, тоа е целта над сите цели. Тоа е задачата над сите наши задачи. Со силна вера и посветеност, стоиме рамо до рамо со нашите западни сојузници. Непоколебливо даваме свој придонес во афирмацијата на вредностите во кои веруваме. Со силна вера и посветеност, продолжуваме стрпливо да го чекаме денот кога македонското знаме ќе се развиори пред седиштето на НАТО во Бриесл“, рече Вељаноски.Според него следнито голем приоритет на Македонија е полноправното ченство во Европската унија.„Нашиот нов 8-ми Септември, новиот македонски Илинден, ќе биде денот кога Република Македонија ќе се интегрира во Европската унија. На патот до полноправното членство, остваривме голем напредок. Продолжуваме со иста посветеност да работиме на остварување на големата цел на граѓаните на Република Македонија. Во изминатите години, како држава направивме огромни исчекори. Различните влади водени од различни политички партии, трпеливо и посветено го пишуваа македонското европско досие. И денес го правиме истото. Продолжуваме да ја реформираме Македонија согласно европските стандарди. Продолжуваме да ја градиме Македонија согласно насоките од нашите европски пријатели. Продолжуваме да го менуваме македонското општество и прилики согласно европските рецепти. Европската унија е најдобриот проект за Македонија. Интеграцијата во ЕУ е најдобриот рецепт за модернизација на македонското општество“, рече Вељаноски.Сепак, за претседателот на Собранието, најголем предизвик и натаму продолжува да биде севкупниот развој на земјата. „Изминатите две децении покажавме дека имаме сила да ја сочуваме и да ја надградиме оваа придобивка. Покажавме дека знаеме како да ја градиме Македонија. Покажавме дека знаеме како да го чуваме наследството и вредностите на основачите на македонската држава. Покажавме дека имаме сила натамошно да ги зацврстиме темелите на Македонија. Имаме обврска оваа наша земја да им ја предадеме на следните генерации уште поразвиена, уште посигурна и уште постабилна“, потенцираше Вељаноски./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Петрушевски: Филипче да одговори дали има кредибилитет да води партија?

Објавено пред

Од

Сведоштвата на др. Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница Жан Митрев. Ова не е политика наменета за граѓаните, туку е мафијашки модел на дејствување. Дополнително, според јавно изнесените сведоштва, Заев и Филипче сакале сами да ја одредат вредноста на болницата. За возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев. Класична уцена и класична злоупотреба на власта. Овие обвинувања не доаѓаат изолирано. Тие се надоврзуваат на долгата низа сомнежи и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции. Филипче денес се обидува да се претстави како ново лице, но ја седи фотелјата на Заев и ги спроведува истите политики. Истите луѓе, истите шеми, истата злоупотреба“, рече тој.

Според Петрушевски, прашањето е едноставно, а Филипче треба да го одговори – дали човек со ваков багаж на сомнежи и скандали може да има кредибилитет да води партија?

„Наместо повлекување и одговорност, гледаме ароганција и молк. Затоа правдата мора да зборува.Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи. Законот мора да важи за сите“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Цариниците запленија девизи, злато, музички инструменти и домашна ракија

Објавено пред

Од

Царински службеници и мобилни царински тимови во различни случаи открија неколку обиди за шверц на разна стока и тоа девизи, злато, цигари и бижутерија, ветеринарни препарати, музички инструменти и домашна ракија.

dobivaj vesti na viber

13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама се откриени од страна на мобилен царински тим кај двајца грчки државјани кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце автопат. При личен претрес на лицата, во џебот од јакната на возачот биле пронајдени 23.900 евра, а во неговиот паричник и во преден џеб од неговите панталони биле пронајдени 3 златни монети, секоја со маса од околу 8 грама и една златна плочка со маса од околу 90 грама. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 13.900 евра, златните монети и златната плочка се привремено задржани.

При контрола на автомобил кој се пријавил за влез во држвава на граничниот премин Ќафасан кај совозачот пронајдени се непријавени 20 илјади евра. Според Законот за девизно работење на странката и се вратени 10 илјади евра, а остатокот од 10 илјади евра се привремено задржани.

На излез од држвава на граничниот премин Богородица кај четворица патници се пронајдени вкупно 20.000 евра. Односно, секој од нив со себе носел по 5.000 евра, сума која е потребно да се пријави и за која е потребна потврда од овластена банка или менувачница при изнес од државава. Според Законот за девизно работење на секој од патниците им се вратени по 2.000 евра, а остатокот од по 3.000 евра или вкупно 12.000 евра се привремено задржани.

30 штеки цигари со турски акцизни маркички, 279 парчиња накит-бижутерија и 30 килограми монистри се пронајдени од страна на царински службеници при контрола на автобус со турски регистарски таблички, пријавен за влез во државава на граничниот премин Деве Баир. Цигарите биле пронајдени во фабричка празнина во просторот за одмор на возачите, а накитот бил пронајден во ќеса сместена во багажниот простор на автобусот. Вредноста на непријавените производи изнесува 73.780 денари, а избегнатите давачки се во износ од 75.038 денари.

17 шишиња со течност за инјекции за животни од 100ml и 250 ml се пронајдени во ташна на патник – странски државјанин со пријавено живеалиште во Прилеп, кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин Стење. Стоката е привремено одземена.

На влез на граничниот премин Табановце се пријавил патник кој со себе имал АТА карнет, но при контрола од страна на царински службеници во багажениот простор помеѓу пријавените музички инструменти пронајдени се и 4 парчиња нови звучни кутии, употребувана електрична гитара и употребуван модул за електрични тапани кои не биле опфатени во АТА карнетот, а патникот не ги пријавил.

На граничниот премин Табановце, по насоки од Одделението за дежурен царински центар извршен е детален преглед на возило, пришто се пронајдени 60 литри домашна ракија. Од страна на возачот пријавени биле само неколку мали канти со сирење и патнички торби, а ракијата која била во пластични шишиња и туби е откриена во задните врати под тапацирот, во кровот, под хаубата и во патнички торби.

Прикажи повеќе...

Македонија

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на Воениот комитет на НАТО

Објавено пред

Од

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на 21 и 22 јануари 2026 година ќе учествува на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите.

dobivaj vesti na viber

На состанокот, со кој ќе претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, ќе учествуваат началниците на Генералштабовите на 32-те земји членки на НАТО, командантот на Врховната сојузничка команда за Европа (SACEUR), генералот Алексис Г. Гринкевич и командантот на Врховна сојузничката команда за трансформација (SACT), адмирал Пиер Вандие (Pierre Vandier). Началниците на Генералштабовите на сојузничките земји ќе се сретнат и со претставници од индо-пацифичките партнери на НАТО, Грузија и Украина.

Во рамки на првата сесија, генералот Гринкевич, ќе ги информира началниците на Генералштабовите за подготвеноста на НАТО во зајакнувањето на колективното одвраќање и одбраната на Алијансата, во услови на заеднички безбедносни предизвици.

Во втората сесија, командантот на Врховна сојузничката команда за трансформација ќе даде акцент на можноста како НАТО да го забрза процесот на испорака на соодветни капацитети преку поддршка на земјите членки во усвојувањето и имплементацијата на иновации во соодветен обем и со соодветна динамика.

Во формат на советот НАТО–Украина, началниците на Генералштабовите ќе дискутираат за безбедносната состојба во Украина и за континуираната поддршка на НАТО кон оваа земја, вклучително и за НАТО безбедносната помош и обука за Украина (NATO Security Assistance and Training for Ukraine – NSATU) и Заедничкиот центар за анализа, обука и едукација (Joint Analysis, Training and Education Centre). На оваа сесија е поканет да учествува и претседателот на Воениот комитет на Европската Унија.

Во продолжение на состанокот на Воениот комитет на НАТО, ќе се нагласи стратешката улога на партнерствата во справувањето со меѓусебно поврзаните и растечки глобални безбедносни предизвици, преку средби со претставници на индо-пацифичките партнери на НАТО и Грузија.

Генералот Лафчиски во оваа прилика ќе реализира и билатерална средба со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал Габор Беренди, а ќе оствари и средба со припадниците на Армијата распоредени во Националното воено претставништво на Република Северна Македонија во НАТО штабот во Брисел, Кралството Белгија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет2 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ3 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет4 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет5 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет5 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет5 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа6 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет6 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет7 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија23 часа

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија1 ден

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија1 ден

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет1 ден

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет1 ден

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија1 ден

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет1 ден

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ1 ден

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...