Контакт

Македонија

Ќе се намали цената на свинското месо

Објавено пред

Управниот одбор на одгледувачи и производители на свинско месо и свињи донесе одлука да ја намали цената на свинското, а килограм жива мера свиња ќе чини 90 до 95 денари, соопшти во петок претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев.

dobivaj vesti na viber

„Кај нас постојат демократски односи, одлучивме самите членови на нашето здружение да имаат извесна флексибилност и слобода при формирањето на цените, во зависност од времетраењето на соработката, големината на порачките и од зависност на начинот и времетраењето на плаќњето да се движи цената на свињите од 90 до 95 денари. Сето ова го правиме за да докажиме дека ние сакаме да имаме цврсти и постојани односи со нашите партнери“, вели Шаклев.На овој начин ќе се задоволат и потребите на потрошувачите со македонско свежо месо, со што ќе се влијае и на подобрување на стандардот на граѓаните.„Со овие цени се уште ќе се движиме во границите на рентабилноста. Но, да речеме ова е скоро долна граница на рентабилност. Се надеваме дека ова ќе се задржи и се надеваме дека до Нова година до Божикните празници ќе има извесно мало покачување, не големо туку мало покачување на цената на свинското месо, за да може да ги покриеме загубите што ги правевме девет месеци“, вели Шаклев./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник – најпосакуван работодавач за 2024 година

Објавено пред

„Алкалоид АД Скопје“ е прогласен за апсолутен победник во категоријата најпосакуван работодавач за 2024 година, трета година по ред, според анкетата спроведена од веб-порталот „Вработување.ком“.

dobivaj vesti na viber

На манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, беа доделени награди за компании во повеќе категории, врз основа на анкетен прашалник спроведен на национално ниво во текот на 2024 година.

„Ова признание претставува особена чест за нас и уште една потврда за нашата посветеност на негувањето на основните компаниски вредности – да креираме работна средина која ги поврзува сите: од вработените до образовните институции и заедницата во која живееме и работиме.  Во основата на сето тоа се високите професионални стандарди, кои ја обликуваат корпоративната култура на нашата компанија. Нашите вработени со своето знаење и посветеност се движечката сила на секој наш успех“, велат од компанијата.

Од „Алкалоид“ додаваат дека остануваат посветени на грижата за вработените, како и на нивниот раст и кариерен развој, бидејќи веруваат дека луѓето се најценетиот капитал на нивната компанија.

„Низ визија, иновација и поддршка продолжуваме да одржуваме највисоки етички и професионални норми и работна средина која и натаму ќе претставува најпосакуван избор на компанија за вработување на младите луѓе“, додаваат од „Алкалоид“.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Преку Јавниот повик за Мерката 112 ги вклучуваме младите во секторот земјоделство

Објавено пред

Во изминатите денови се распиша Јавен повик бр.02/2025 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Овој Јавен повик се однесува за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

Трипуновски информираше дека  јавниот повик е наменет за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години, кои што

• за првпат започнуваат со земјоделска активност;

• преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство;

• и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

Максималната финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци.

Овие предвидени средства ќе се доделуваат за период на реализација на деловниот план и ќе се исплаќаат на годишно ниво но најмногу на три рати. Дополнително предвидена е и 40% авансна исплата на предметната инвестиција.

Крајниот рок за доставување на барањата е 09.05.2025 година

„Би сакал да напоменам дека за аплицирање на Јавниот повик за Мерката 112 се олеснети процедурите околу исполнувањето на критериумите, со кои што излегуваме во пресрет на секој еден млад кој што сака да влезе во земјоделскиот процес. Исто така ги охрабрувам да аплицираат за оваа мерка.

Целта на Министерството и на Владата е активирање на младите во земјоделскиот сектор преку низа на мерки. Токму Мерката 112 е една од низата која што ќе им помогне на младите да се активираат и да влезат во земјоделското производство.

Овој Јавен повик е само еден стимул на нашите млади да влезат секторот земјоделство и истите да продолжат да го движат процесот во производството на квалитетна храна.

Новата енергија во земјоделството е потребна за да се зголеми производството на храна, со што ќе станеме земја која што ќе извезува квалитетни земјоделски производи и по тоа ќе станеме и понатаму препознатливи.

Министерството ќе продолжи да работи на сет на мерки кои што ќе ги анимираат младите да се вклучат во процесот на производство на квалитетни земјоделски производи.

Заедно работиме да го вратиме македонското земјоделство и повторно да биде едно од најзначајните гранки“, рече Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Интерес за батерии – се бара спас за струјата произведена од фотоволтаици

Објавено пред

Сопствениците на фотоволтаици засилено инвестираат во батерии, со цел во целост да ја искористат произведената електричната енергија.

dobivaj vesti na viber

На последната презентација на ФЕРОИНВЕСТ во Стопанската комора, присуствуваа 60 претставници од субјекти заинтересирани да вградат батериски системи за складирање за да ја избегнат загубата на електричната енергија, а со тоа и загубата на финансии. Тоа се, пред се, фабрики кои имаат поставено фотоволтаици на фабричките покриви, но и инвеститори кои имаат изградено фотонапонски електрани на земја.

Презентацијата ја одржаа ФЕРОИНВЕСТ и глобалниот бренд WEIHENG, кој е глобално препознатлив по иновативни решенија за складирање енергија, за чии батериски системи ФЕРОИНВЕСТ е застапник за Македонија.

Компанијата ФЕРОИНВЕСТ, која нуди изведување ,,клуч на рака”, ги запозна присутните со можностите за имплементирање на високонапонски хибридни системи за складирање енергија на веќе изградени фотонапонски електрани (на фабрички кров или на земја) и можност за градење на нови фотонапонски електрани со паралелно вградување на батериски системи од самиот почеток.

Берзите во моментот покажуваат неповолен пад на цената на електричната енергија во часовите на интензивно производство од фотоволтаици во текот на денот, што ќе биде уште поизразено во текот на летните месеци.

Единствено решение е складирање на вишокот електрична енергија и нејзино користење или продавање во часовите кога има потреба од енергија и кога побарувачката на пазарот ќе формира економски поповолна цена.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Позитивна средба меѓу Трамп, Зеленски, Макрон и Стармер – Доналд си заминал од Рим

На маргините од испраќањето на папата Франциск во Рим, претседателите на САД, Доналд Трамп, Украина, Володимир Зеленски, Франција, Емануел Макрон...

Македонија2 часа

Вреди: Корупциските досиеја на ДУИ им експлодираат едно по едно

Човекот кој со години го меркаше тронот на Али Ахмети, денес се однесува како да е „паднат од Марс“, а...

Свет2 часа

(Фото+Видео) Папата погребан со едноставна церемонија во „Санта Марија Маџоре“

Поворката со ковчегот на папата Франциск пристигна во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде што поглаварот на Католичката црква...

Македонија3 часа

СДСМ бара оставка од Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ им враќа со скандалозни факти

По вооружената пресметка кај Бит Пазар во која животот го загуби 31-годишен маж, СДСМ обвини за распад на безбедносниот систем...

Скопје4 часа

Обвинителството собира докази и видео-снимки за расчистување на убиството кај Бит-пазар

По вчерашната вооружена престрелка во близина на Полициската станица во Бит Пазар, во која животот го загуби 31-годишниот А.С. од...

Свет7 часа

(ВО ЖИВО) Започна погребната миса за папата Франциск, емоции и солзи на плоштадот Свети Петар

На плоштадот Свети Петар во Ватикан, утрово точно во 10 часот по локално време, започна погребната церемонија за папата Франциск,...

Македонија7 часа

Муцунски: Дипломатскиот пасош не ѝ дава имунитет на претседателката на ДКСК

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во...

Свет8 часа

(ВО ЖИВО) Светот се збогува со верскиот лидер, денеска е погребот на папата Франциск

Папата Франциск, кој почина во понеделникот наутро на 88-годишна возраст, денеска ќе биде погребан во Рим. Погребната церемонија се очекува...

Македонија9 часа

Пороен дожд, грмежи и град ќе го погодат Скопје и повеќе градови

Денеска нѐ очекува променливо и нестабилно време со сериозни услови за локално невреме, предупредуваат метеоролозите. Според најавите, во текот на...

Европа21 час

Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните...

Македонија21 час

„Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност“, прашува СДСМ

„Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и...

Европа21 час

(Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, во кој беше убиен рускиот...

Топ22 часа

31-годишен скопјанец почина по пукање на Бит Пазар

31-годишен маж од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево на Бит Пазар. „Во врска со пукањето на Бит...

Македонија1 ден

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај. Од Обвинителството појаснија...

Македонија1 ден

Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека Владата се стреми кон компромис, кој ќе биде рационален за да се...

Економија1 ден

Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар, порача Пешевски

Според потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија за приватниот сектор, Иван Пешевски, приватниот сектор во Македонија е главен двигател...

Македонија1 ден

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија, која споделувала службени тајни на „Вибер“

На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен ѝ e пасошот откога Кривичниот суд го прифати предлогот за определување мерки за...

Македонија1 ден

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и за туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега судот им одреди мерка притвор од 30 дена. Едно...

Македонија1 ден

Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов, која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не скри нешто, не рече дека законот не важи за татко му

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски бидејќи законот важи за сите. Левицата да одговори како, освен сутерен во строгиот...