Економија
НБРМ ја спушти проценката за раст на 2,2 отсто во 2013 г.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во четвртокот изврши мала надолна ревизија на проценката на растот на БДП за 2013 година од 2,6 на 2,2 отсто, а изврши и надолна ревизија на очекувањата за движењето на инфлацијата.
И ваквата ревидирана проценка за растот на македонската економија на НБРМ се уште е повисока во однос на владината проценка, која се движи до два отсто. Обично во претходните години, проценката на НБРМ беше пониска од проценката на владата.Воедно, НБРМ проценува дека македонската економија во изминатата 2012 година стагнирала, односно дека оствари нулта стапка на раст.Централната банка надолу ја ревидираше и прогнозата за раст на македонското БДП за 2014 година на три отсто, од 3,4 отсто, колку што прогнозираше во октомври минатата година.„Истовремено во таков амбиент извршивме и надолна ревизија на инфлацијата од 3,5 на 3,2 отсто за оваа година и од 2,6 на 2,3 отсто за наредната година, со надолни ризици“, изјави на денешната прес конференција гувернерот Димитар Богов, дополнувајќи дека е можно уште помало намалување на инфлацијата.Како што појасни Богов, благата надолна корекција на економскиот раст е последица на дел од ризиците за влошување на глобалниот економски амбиент, поради што се очекува пад на ефективната побарувачка, особено на нашите најголеми трговски партнери.Гувернерот истакна дека извозот и инвестициската активност ќе бидат главните фактори за остварување на економски раст, изразувајќи уверување дека негативниот тренд на индустриското производство конечно ќе биде прекинат. НБРМ предвидува проширување на дефицитот на тековната сметка за 3,8 отсто за 2013 година, и на 5,4 отсто во 214 година.По растот на нето приливите од прифатните трансфери во 2012 година, се очекува номинална стагнагија во 2013 година и намалување на нивното учество во БДП, при умерен номинален раст во 2014 година.Од друга страна, по зголемување на трговскиот дефицит во 2012 година, се очекува слично ниво и за 2013 година и негативен пораст во 2014 година.Богов информираше и дека НБРМ очекува стабилни капитални приливи годинава и нивен раст во наредната година, како резултат на очекувањата за повисоки странски директни инвестиции и повисоко надворешно задолжување на државата.Воедно се очекува натамошен раст на девизните резерви и нивно одржување на адекватно ниво. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

