Култура
Економските сили на самит против кризата
Меѓународен финансиски самит на групата Г20, која покрај најразвиените земјиво светот (Г8) ги собира и новите силни економии во развој, како и меѓународнитефинансиски институции започнува во Вашингтон.
Меѓународен финансиски самит на групата Г20, која покрај најразвиените земјиво светот (Г8) ги собира и новите силни економии во развој, како и меѓународнитефинансиски институции започнува во Вашингтон.
На собирот, чиј домаќин е американскиотпретседател Џорџ Буш лидерите ќерасправаат за глобалнатафинансиска криза, нејзините причини, последици и какода се избегне евентуално повторување.
Се очекува и расправа запоследиците од кризата врз новите економии и земјите во развој, за реформите нафинансискиот систем, слободната трговија и други прашања.
Г-20 ја сочинуваат групата осум индустриски најразвиени земји,Европската унија, Кина, Индија, Бразил, Јужна Кореја и останатите најголемиекономии.
Генералниот секретар на ООНБан Ки Мун ги повика светските лидери да не дозволат глобалната финансискакриза да стане трагедија за жителите на сиромашните држави.
„Најсиромашните инајранливите ширум светот, особено во државите во развој, најмногу ќе бидатпогодени. Би требало да ги здружиме своите сили и да преземеме итни чекори зада спречиме финансиската криза да стане човечка трагедија“, предупреди Бан Ки Мун, во писмо до лидерите на Г-20./крај/р/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Министерот Љутков: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО
Министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, Зоран Љутков, учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд, Република Узбекистан.
Во своето обраќање пред присутните министерот Љутков ја истакна заложбата на Република Македонија за унапредување на соработката со УНЕСКО и активното учество во реализацијата на иницијативите што ги обединуваат образованието, науката, културата и иновациите во функција на одржлив развој.
„Нашата држава негува посебен респект кон УНЕСКО, организација која со своето дејствување го оправдува своето постоење преку промовирање на универзалните вредности и развојни цели од заеднички интерес. Горди сме на придонесот што го вложуваме во промовирањето и имплементирањето на активностите на организацијата на национално, регионално и меѓународно ниво“, истакна министерот Љутков.
Тој посочи дека македонската влада посветува особено внимание на областите што се во фокусот на УНЕСКО -заштитата на културното и природното наследство, справувањето со климатските промени, како и развојот на новите технологии, дигитализацијата и вештачката интелигенција.
Министерот потсети дека во доменот на образованието, со поддршка на УНЕСКО, е изработен извештај за квалитетот на националниот образовен систем кој потврдува дека земјата се движи во насока на еднаков пристап, инклузија и безбедна училишна средина.

Осврнувајќи се на културната соработка, Љутков ги потенцира активностите реализирани во рамките на 20-годишнината од Конвенцијата за заштита и унапредување на разновидноста на културните изразувања (2005), во кои активно се вклучени националните институции, фестивалите „Охридско лето“, „Струшки вечери на поезијата“ и „Мајски оперски вечери“.
Посебно внимание, како што нагласи министерот, се посветува на заштитата на културното и природното наследство, со акцент на Охридскиот Регион – впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО пред повеќе од четири децении. „Како држава сме исправени пред предизвикот да ја зачуваме неговата исклучителна универзална вредност и да ја оправдаме довербата што ни е укажана,“ истакна Љутков.
Тој потсети и дека „Традиционалната изработка и свирење на гајда“ е впишана како мултинационален елемент на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото, а македонски експерти веќе работат на нови номинации.
Министерот изрази благодарност до Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција за континуираната поддршка и потсети дека Македонија годинава претседава со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, во рамките на иницијативата Јакнење на културата во функција на одржливиот развој.
На крајот од своето излагање, Љутков изрази благодарност до досегашната генерална директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, за нејзиното визионерско раководење и му посака успешна работа на новоизбраниот генерален директор Калед Ел-Енани.
„Нашата визија е јасна-Македонија да биде земја во која културата, образованието, науката и иновациите создаваат силна синергија за одржлив развој и општествен просперитет,“ порача министерот Љутков.
Култура
Промоција на играта „Синхроницитети“
Галеријата „Метаноја“ најавува нова приказна во своите заложби за уметнички и книжевен придонес во културната сфера на Македонија. Од денеска, 5 ноември, 19:00 часот, два галериски салони ќе се „огледуваат“ еден во друг.
Задоволството е уште поголемо што оваа приказна ќе почне да се „раскажува“ со промоцијата и изложба на новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески, „Синхроницитети – Чувари на приказната“.
Авторот Трпески за своето дело пишува, „Чувари на приказната“ е друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот во еден интуитивен процес на создавање и размислување.“
Покрај Марко, има уште тројца чувари на приказната кои со зборовите, како со меч со две острици, ќе „сечат“ пат низ семантичкита џунгла: Ана Голејшка Џикова, Коста Милков и Ѓоко Здравески.
Култура
Гудачкиот квартет „Пламенка Трајковск“ во рамките на Есенските музички свечености 2025
Во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“ утре, 05.11.2025г. (среда) ќе се одржи мултимедијален концерт „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ во изведба на Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска, со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културен информативен центар).
Учествуваат: Пламенка Трајковска – виолина, Сандра Крстевска – виолина, Љубица Бошкоска – виола,
Александра Јаневска – виолончело.
Гудачкиот квартет ќе направи уникатен спој на класична музика и нем филм во чест на „кралот на валцерот“.
Уникатниот, мултимедијален концерт, насловен како „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ претставува редок спој со кој гудачкиот квартет ќе ја изведува музиката на Јохан Штраус во живо, додека на платното ќе се проектира нем филм на режисерот Роберт Вине. Филмот, инспириран од виенската култура, нуди визуелно и музичко патување низ духот на европската култура од крајот на 19 век.
Публиката ќе има можност да доживее едно несекојдневно уметничко искуство во кое валцерот, некогашниот белег на европската култура, повторно ќе заживее преку звук, слика и емоција.
Концертот е замислен како омаж на двојното наследство на Штраус – како симбол на музичката елеганција и како инспирација на кинематографијата. Поводот е одбележувањето на 200-годишнината од раѓањето на славниот виенски композитор и 30 години камерно музичко творештво на виолинистката Пламенка Трајковска.
Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска е дел од Здружението Пламенка Трајковска – МКС, Скопје и претставува еден од водечките камерни ансамбли во земјата. Со својата музичка страст и креативност, тие ја спојуваат класичната традиција со современиот израз, фолклорот и кросоверот. Квартетот настапува на најзначајните културни сцени во Македонија и Европа, создавајќи концерти исполнети со енергија, емоција и уметничка прецизност.

