Контакт

Култура

„Поколенија“ на АКТО_4

Објавено пред

Четвртото издание на Фестивалот за современи уметности АКТО_4 оваа година ќе се одржи од 12 до 16 август на различни локации низ Битола

dobivaj vesti na viber

Како и досега, фестивалот ќе понуди интернационални тетарски перформанси, визуелни уметности од новиот бран артисти во современата уметност од Македонија и регионот и различен пристап кон уметничките форми и простори на изразување, социјални форуми и дебати на темата „Поколенија“. Наcтаните на фестивалот во Битола ќе се одвиваат на покриви, во напуштени објекти: хотели, стари куќи, згради, автобуската станица, Офицерскиот дом и други локации кои ги поврзуваат различните генерации низ времето.Оваа година на АКТО ќе гостуваат звучни музички имиња – едни од носителите на новата српска сцена „Repetitor“, „Actor One“ (Грција), потоа ќе се одржи промоција на новиот албум на „Bei the Fish“ за првпат во Битола и многу други.Атракцијата на АКТО_4 оваа година се Германците Das-Helmi куклен тeатар од Берлин.

Das-Helmi куклениот театар е создаден од берлинската формација Punktheatre, G-Ppunk Weiser Sektion. „Немавме актери па создадовме кукли“. Das Helmi своите корени ги влечат од берлинската панк сцена во деведесеттите. Се формирале на почетокот на милениумот како експеримент.

„Repetitor“ е формиран во зимата 2005 година во Белград кога Ана-Марија Цупин им се приклучи на Милена Милутиновиќ и Борис Властелица кои претходно беа дел од „The Spleeners“. Желбата за правење песни на мајчин јазик и свирење беше голема, па така веќе на почетокот на 2006. Repetitor ги забележува своите први настапи. Следуваат низа концерти низ Белград, но и во Суботица, Нови Сад, Зрењанин, Панчево, Ниш, Врање, Скопје, Загреб, Осиек, Бања Лука, Пула… Минатата година го издадоа долго очекуваниот деби албум „Sve što vidim je prvi put“. Модерно рокенрол издание кое освојува со својата енергија и непосредност. Popboks.com го нарекува најважен уметнички исчекор во српската популарна музика во новата историја.

„Actor One“ е музички проект на John Dimas и Ison. Стационирани се во Солун, а работат како диџеи на свои одделни електронски проекти носејќи ја денс музиката понапред заедно со веќе оформените „NON Collective“. Делејќи ја истата страст за музика што се базира на house и detroit groove, тие почнуваат да работат заедно пред околу една година и создаваат сопствени електронски денс звуци.Деби албумот на „Actor One“ – „Golden Girl” беше издаден во ноември 2008 за Bloop recordings и беше поддржан од страна на многу артисти меѓу кои и Hell, Agoria и Heidi. Исто така, една нивна трака ќе биде дел од компилацијата International Deejay Gigolos. Нивните уникатни диџеј сетови со четири грамофони се презентирани на разни подиуми во Грција и во странство. Врвни се нивните изведби на Reworks фестивалот како и на Nuits Sonores фестивалот во Франција.

Култура

Во Слоештица ќе биде одбележана 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски

Објавено пред

Со културна манифестација ќе биде одбележана 90 годишнината од раѓањето на македонскиот писател и поет, Петре М. Андреевски.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе се одржи во  родното село и вечното почивалиште – с. Слоештица, Демир Хисар, во вторник (25 јуни) во 13 часот, а истиот е во организација на Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошки факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенското собрание при УКЛО, -АРТ ПОИНТ – ГУМНО, с. Слоештица и Europe House – Битола.

Покрај посета и оддавање почит на гробот на Петре во селото Слоештица, предвидена е реализација на културна манифестација која вклучува литературно читање на дел од поезијата на Петре М. Андреевски и квиз со едукативен карактер, поврзан со ликот и делото на Петре М. Андреевски. Литературното читање и квизот ги подготвија студенти од Педагошки факултет – Битола, и истите ќе се реализираат во реновираниот Задружен дом во селото Слоештица.

Настанот ќе заврши во АРТ ПОИНТ – ГУМНО со свечено откривање на склуптура, инспирирана од прочуената „Дениција“ на Андреевски, а изработена од познатиот македонски уметник, Никола Пијанманов.

На настанот свое присуство и обраќање најави и Амбасадорот Дејвид Гир од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Влатко Стефановски изненадување на настапот на Звјездан Ружиќ наотворањето на 45 издание на фестивалот Скопско лето

Објавено пред

Повеќенаградениот хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ настапи на отворањето на Скопско лето на 21 јуни во преполниот Куршумли ан!

dobivaj vesti na viber

На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот проект „Пијанотрон“ја почестија публиката во Скопје со вечер за паметење! Покрај тоа што публиката уживаше во авторската музика на Ружиќ, пропратена со кратка приказна за секоја композиција, пријатниот амбиент во Куршумли ан, големо изненадување за публиката беше настапот на Влатко Стефановски заедно со Звјездан, изведувајќи една авторска композиција на Звјездан и „Елено ќерко“ во еден нов , суптилен и несекојдневен аранжман кој ги стопли срцата на сите присутни.

Пијанотрон е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири. Тој го опишува Пијанотрон како еден вид на филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музиката.

Отворањето на 45 издание на фестивалот Скопско лето, со својата оригиналност, специфичност и квалитет, како настан ќе остане врежан во колективната меморија на присутните скопјани, но и на сите оние кои се нашле во Скопје и решиле токму оваа топла вечер да ја поминат токму овде, во Куршумли ан, сместени помеѓу содржините на ,,Скопско лето”.

И оваа година, на ова јубилејно издание, преку кое, полека се доближуваме кон половина век постоење на манифестацијата, ќе имаме можност, скопските летни вечери да ги поминуваме со културните настани предвидени во програмата кои веруваме, со истиот интензитет ќе остават траги во нашите сеќавања, како и оние, сиве изминати години наназад.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина актерот Доналд Сатерленд

Објавено пред

Канадскиот актер Доналд Сатерленд, ѕвездата на „Игрите на гладта“ и „Не гледај сега“, почина на 88-годишна возраст по долго боледување, потврди неговиот син Кифер.

dobivaj vesti na viber

„Со тешко срце ве известувам дека татко ми почина. Мислам дека тој е еден од најважните актери во историјата на кинематографијата.

„Не бегаше од улоги, играше добро, лошо и грдо. Го сакаше тоа што го работеше и го правеше тоа што го сакаше – не можеше да бара повеќе од тоа. Живееше добро“, рече тој.

Сатерленд играше во повеќе од 200 филмови и телевизиски серии.

Тој го освои Холивуд со неговата улога во американската воена комедија за Корејската војна, Меш, во која го играше саркастичниот армиски хирург Хоки Пирс.

Сатерленд има добиено повеќе од 200 признанија и награди во текот на неговата кариера, но никогаш не бил номиниран за Оскар.

Работел како радио новинар пред да се пресели во Лондон во 1957 година.

Дипломирал на Лондонската академија за музика и драма во главниот град на Велика Британија.

По десетина споредни улоги во британски филмови и серии, Сатерленд доби шанса да глуми во Twelve Marked, акционен филм за Втората светска војна, чија премиера беше во 1967 година.

Ова ја отвори вратата за уште една улога во воениот филм, Воините, во кој тој го играше ексцентричниот наредник Одбол.

Само неколку години подоцна, во 1971 година, публиката го виде во сосема поинаква улога.

Во филмот, Клут играше детектив на кој му помага проститутка во потрагата по исчезнат човек.

Партнерка му беше Џејн Фонда, која за таа улога доби Оскар.

Двајцата беа и во двегодишна врска.

Во трилерот „Не врти се“ од 1973 година, поради веродостојните сцени, публиката мислеше дека тој и актерката Џули Кристи всушност имаат секс.

Сатерленд подоцна ги негираше тврдењата.

Во филмот „Обични луѓе“, награден со Оскар, тој го глумеше таткото на тинејџер кој изврши самоубиство.

Доналд Сатерленд има четири сина и една ќерка.

И покрај неговите улоги, тој никогаш не беше номиниран за Оскар, но во 2017 година доби почесно признание.

Почина само неколку месеци пред објавувањето на неговите мемоари во кои е опишана неговата богата актерска кариера.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Почина поранешниот пратеник на СДСМ, Миле Андонов

На 62-годишна возраст, денес во Кочани, почина поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Неговите сопартијци се збогуваа со...

Топ10 часа

Свршеникот на Мартина која загина во несреќата во Грција: „Ти си ангел кој ќе сјае во рајот, почивај во мир душо моја најсакана“

Свршеникот на 29-годишната Мартина од Битола која загина во сообраќајната несреќа во Грција, со емотивна порака на социјалните мрежи се...

Македонија12 часа

(Видео) Ставен под контрола пожарот во Кичево

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево. Хеликоптерот...

Топ13 часа

Почина 35-годишно момче во Скопје – му се слошило дома па лекар во Градската болница констатирал смрт

Триесет и петгодишно момче (Е.Д.) почина во Скопје. Тој бил донесен во Градската болница во текот на вчерашниот ден, без...

Македонија16 часа

Спасовски: Мицкоски го смени ставот за Преспанскиот договор, а програмата на Владата е далеку од ветувањата

Програмата на Владата и концептите на партиите кои се дел од мнозинството се различни од ветувањата коишто беа дадени пред...

Македонија16 часа

Мицкоски од Собранието: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам инвестиции и реформи

Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана...

Топ16 часа

Во несреќа кај Глумово повредени четири лица меѓу кои и деца, едниот од возачите побегнал

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат кон селото Глумово, скопско. Во несреќата...

Регион19 часа

Како снема струја на Балканот

Невиден колапс на електроенергетскиот систем ги погоди Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија. Се сомнева дека – во...

Македонија19 часа

Големи гужви за влез во Грција, се чека и до еден час

Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Граѓани за „Макфакс“ велат дека чекаат и...

Македонија20 часа

Денес почнува собраниската седница за избор на нова Влада

Собраниската седница за избор на новата Влада почнува денес во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на...

Македонија1 ден

Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција, тешко повредени уште две девојки

Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се...

Регион1 ден

(Видео) 11 загинати во пожари во Турција, и Грција се бори со огнот

Најмалку единаесет лица загинаа, а десетици се повредени во пожар со ниска вегетација што ветрот го прошири во неколку села...

Регион1 ден

Црногорците и Албанците ја објавија причината за историскиот прекин на струја

Историски прекин на струја ги погоди денеска Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и поголемиот дел од хрватското крајбрежје. Бизнисите...

Македонија1 ден

(Видео) 30-годишна Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Солун, објавија грчките медиуми

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила на патот Игнација Верија – Солун, денеска напладне. Беше околу 12 часот,...

Регион2 дена

Почна да се враќа струјата во Хрватска и БиХ, „падна далноводот меѓу Грција и Албанија“

По хаосот и прекините во електроенергетскиот систем, електричната енергија е вратена во многу градови низ Босна и Херцеговина. Се врати...

Македонија2 дена

Меџити: Нема да играм фудбал со министрите во кабинетот и нема да се занимавам со бизнисите на Лотарија и Соравиа

Денеска, од оваа промотивна конференција на програмските столбови и новиот владин тим, накратко ќе ги претставам нашите предизвици во наредните...

Македонија2 дена

Деспотовски: Изборите на 30 јуни се референдум за СДСМ – продолжуваме по старо или одиме по ново

Кандидатот за претседател на Социјалемократскиот сојуз на Македонија, Јован Деспотовски порача дека престојните претседателски избори во партијата се референдум на...

Македонија2 дена

Сообраќајка на патот Прждево кон Демр Капија, сообраќајот во целосен прекин

Oд 12:10 часот на регионален пат 1102 – село Прждево кон Демр Капија, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен...

Европа2 дена

(Видео) Дрон удри во рафинерија за нафта во Русија

Беспилотно летало ја погоди рафинеријата за нафта Илски во руската област Краснодар, при што беа повредени две лица и предизвикан...

Македонија2 дена

Филипче: Ќе ја отвориме работата на комисиите – политиките ќе се градат врз основа на широка стручна дебата

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, вчера во Куманово пред партиското членство ги образложи главните постулати на неговата програма....