Македонија
Започнува големата василичарска прослава во Вевчани
Во Вевчани започнува главната музичка програма во чии рамки пред посетителите со свои настапи ќе се претстават повеќе значајни музички имиња од земјава и регионот. Во понеделник вечер задолжена за големата василичарска прослава е легендарната хрватска група „Прљаво казалиште“ која веќе пристигна во Вевчани и најавува вистинско рокенрол доживување.
„Првиот концерт во 2015 година, по дочекот на Новата година во Хвар, „Прљаво Казлиште“ ќе го има токму во Вевчани, на Вевчанскиот карневал. Веќе од претходно знаеме дека Македонија и „Прљаво Казалиште“ се сакаат јавно и секое гостување е вистинска веселба за целиот бенд. Со нетрпение ја очекуваме свирката во Вевчани на карневалот и љубопитни сме да видиме за нас нешто ново и поинакво. Чувме за долгата традиција на овој карневал и чест ни е да бидеме дел од ова случување. Ги повикуваме сите да ни се придружат на концертот и ветуваме вистински рокерски провод.“ – вели Јасенко Хоура од „Прљаво Казалиште“.Музичката програма оваа вечер ќе ја отвори „Суперхикс“, еден од најуспешните македонски бендови, познат по секогаш енергичните и еуфорични настапи, кој за оваа прилика ветува незаборавен провод.„Да настапуваш на еден од најстарите κарневали под масκи на Балκанот претставува посебна чест и задоволство за било κој изведувач. Вевчани е тоκму тоа, оригинална манифестација κоја храбро преκу своите масκи ги отслиκува и исмева лоκалните и светсκи политичκи моменти, а ние κаκо „Супеρхиκс“ по цели седум години од нашиот последен настап таму, повторно ја имаме таа чест да настапиме на истиот. Овој василичарсκи понеделниκ во Вевчани ќе се потрудиме да биде луд и незаборавен за сите посетители. Настапуваме час и половина и ќе ги изведеме сите наши хитови κаκо и две преработκи на наши теми од κоја една во рап стил (веројатно најлошиот рап било κога направен, но вреди да се види и чуе тоκму заради тоа). Да живее традицијата! Да живеат Вевчанската Република и карневалот“ порачуваат од „Суперхикс“.Во вторник, на 13. јануари, музичката програма на Вевчанскиот карневал ќе ја предводи музичкото име кое на најдобар начин го негува традиционалниот македонски звук, групата „ЉУБОЈНА Брас Фантази“, како и популарната македонска фолк пејачка Елена Велевска. Старата нова година – Василица ќе биде пречекана и со голем огномет.Најголемата атракција и изненадување на Вевчанскиот каневал се секако резервирани со карневалската поворка и василичарите кои своите маски до последен момент ги чуваат во најстрога тајност. Во втроник се очекува големото василичарско дефиле со кое Вевчани и секоја негова улица ќе се претворат во најуникатниот и единствен уличен театар без режија. Една од најголемите културни знаменитости во нашата земја, Вевчанскиот карневал е подготвен да ги пречека бројните посетители во Вевчани сето завиено во својот автентичен и мистичен дух и секако со специфичната порака со која вевчанци ја испраќаат изминатата година и ја пречекуваат новата, подобра година со желба таа да биде покретивна, поубава и побериќетна.Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот која се негува повеќе од 1.400 години и кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Се одржува за време на василичарските празнувања под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, а генерален спонзор е Т-Мобиле.ПРОГРАМА НА ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ 2015.Датум: 12.1.2015 – понеделник20:00 часот: Музичка програма (Концерти на Суперхикс и Прљаво Казалиште)Датум: 13.1.2015 – вторник13:00 часот: Почеток на Церемонијата14:00 часот: Поворка на Карневалот20:00 часот: Музичка програма (концерти на Љубојна Брас Фантази и Елена Велевска)Датум: 14.1.2015 – среда02:00 часот: одење на Вевчанските извори14:00 часот: Палење на маските
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

