Македонија
Облачно и студено со услови за провејување на слаб локален снег

Променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -5 до 4 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат од 0 до 9 степени.
Во Скопје и околината слично време со минимална температура околу 1 и дневна до 6 степени. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ препорачува: Возачите да бидат внимателни по влажните коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во земјава утринава се одвива непречено, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Според нивните податоци, коловозите на одредени места се влажни, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат на возачите прилагодување на брзината според условите на патот, строго почитување на поставената сообраќајна сигнализација и зголемено внимание при управување со возилата. Особено внимателно треба да се вози низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони.
Најризични за одрони се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ дополнително информира дека мостот на реката Вардар, на регионалниот пат Р1312 кај Башино село, останува затворен за секаков вид на сообраќај.
Македонија
Пороен дожд, грмежи и град ќе го погодат Скопје и повеќе градови

Денеска нѐ очекува променливо и нестабилно време со сериозни услови за локално невреме, предупредуваат метеоролозите.
Според најавите, во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи, а на одредени локации се очекува пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
„Процесите ќе бидат поинтензивни на неколку места и може да се развијат во форма на краткотрајно, но силно невреме“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Најризични се попладневните и вечерните часови.
Минималните утрински температури ќе се движат од 5 во Маврово и во Берово до 12 во Гевгелија, а максималните дневни од 12 во Маврово и 25 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината се очекува нестабилност со пороен дожд, силен ветер и појава на грмежи. Постојат услови и за изолирана појава на град. Температурата во главниот град ќе се движи од 12 до 23 степени.
Македонија
„Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност“, прашува СДСМ

„Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и нефункционирањето на институциите под раководство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски“, велат од СДСМ.
„Граѓаните на Скопје и цела Македонија се чувствуваат небезбедно на улиците, додека криминалот и насилството се шират на секој чекор.
Наместо ефикасна превенција и реакција, сведоци сме на институционален хаос и нефункционалност на Министерството за внатрешни работи.
Оваа неспособност загрозува човечки животи.
Уште колку луѓе треба да загинат по улиците за Тошковски да понесе одговорност?
Министерот Тошковски мора веднаш да преземе одговорност за загрозената безбедност.
СДСМ бара итна и транспарентна истрага за престрелката, целосно расветлување на настанот и изведување на виновниците пред лицето на правдата.
Дополнително, потребна е промена на безбедносниот систем и засилени мерки за зајакнување на јавната безбедност, особено во чувствителни области.
Граѓаните не заслужуваат да живеат во страв, граѓаните заслужуваат мирен и безбеден живот, а институциите мора да обезбедат сигурност“, соопшти СДСМ.