Култура
Чешка: Радикализација на неонацистите
Чешкатабезбедносно-информативна служба денеска предупреди дека екстремната десница,неонацистите, под покровителство на легалната вонпарламентарна Работничкапартија, се радикализирала.
Чешкатабезбедносно-информативна служба денеска предупреди дека екстремната десница,неонацистите, под покровителство на легалната вонпарламентарна Работничкапартија, се радикализирала.
“Бројот наекстремистите не се зголемува, но се поактивни. Се обединија и најдоа заедничкијазик, нешто што го немаше претходно“, се наведува во предупредувањето начешката разузнавачка служба.
Агенцијата, истотака, најавува дека на Чешка и претстојат нереди.
Работничкатапартија, поврзана со забранетиот неонацистички Народен отпор, повторно сеактуелизираше при организацијата на два походи на ромската населба Јанов, воградот Литвинов, северна Чешка, што се претворија во повеќечасовни крвавиулични борби со полицијата.
Во последниотпоход на Ромите на годишнината од Кадифената револуција на 17 ноември, беаповредени 16 лица од кои седум полицајци, а 23 симпатизери на Работничкатапартија се обвинети за предизвикување етничка омраза.
/крај/ме/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Со наградената претстава „Мојот маж“, Драмски театар ја отвора новата сезона
Новата сезона во Драмски започнува утре со претставата „Мојот маж“. Ансамблот на Драмски неодамна учествуваше на меѓународниот театарскиот фестивал Пургаторије 2024 во Тиват, Црна Гора каде за претставата „Мојот маж“ ја доби награда за „Актерска бравура”.
Во образложението на жирито е истакнато: „Неспорна работа е дека актерската уметност има свој автентичен простор во однос на режисерско-драматуршкиот концепт, но дека актерската подела во една претстава функционира како еден организам, еден комплексен ум, една добро организирана машинерија, која умее во целина темелно да ја разбере и преболи современата сурова стварност, меѓучовечката бездна што се отвора меѓу најблиските, е врвно мајсторство што се гледа сѐ помалку и помалку во театарот денес. Актерите во оваа претстава се сами по себе доволна критична маса за одличен театар, свесно поврзани со сопствената психолошка слоевитост, наелектризирани од личните неволји, подготвени да се поништат и повторно да се преродат одвнатре, откривајќи му ја на гледачот старо-новата терапевтска вистина за човечката совест“.
Режисер на претставата „Мојот маж“ е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски и асистент сценограф е Моника Ангелевска. Музиката е избор на Нела Витошевиќ.
Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Сара Климоска, Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ.
По премиерата во 2020 година претставата “Мојот маж” е веќе пет сезони на редовниот репертоар на матичната сцена.
На фестивалот Војдан Чернодрински во 2021 година претставата доби 4 награди и тоа: „Награда за костимографија“ на Роза Трајчевска–Ристоска за костимите во претставата, „Награда за современа сценска драматизација“ на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова–Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска и авторските монолози, „Награда за главна женска улога“ на Наталија Теодосиева за улогите во претставата „Мојот маж“ и „Награда за севкупен уметнички ангажман и резултат на авторот и актерите“.
Драмски театар Скопје со оваа претстава имаше повеќе гостувања со извонреден прием од публиката. Се играше во Словенија на сцената на „Местно гледалишче“ во Љубљана, во Црна Гора на сцената на „Градско позориште“ во Подгорица и минатата година на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот „РУТА“.
Култура
MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“
MINТ Fintech Group со гордост објавува дека е сребрен партнер на 45-то издание на престижниот Интернационален фестивал на филмската камера Браќа Манаки. Овој значаен настан, кој ја слави уметноста и визионерството во светот на кинематографијата, претставува платформа на која креативноста и иновациите одат рака под рака.
Како компанија што ја става иновацијата и технолошкиот развој во фокус, MINТ Fintech Group верува во поддршката на културните и уметничките иницијативи што го збогатуваат општеството. Нашата посветеност на финансиските иновации и современите технолошки решенија се одразува и во нашето партнерство со фестивалот, кој ја истакнува важноста на инспирацијата зад секој филмски кадар.
MINТ Fintech Group гордо го поддржува креативниот процес на филмската индустрија и продолжува да гради мостови меѓу финансиските иновации и уметноста.
ПР
Култура
„Бизнисот на задоволството“ почнува со прикажување во кината во целата држава
Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“, на режисерот Гоце Цветановски, од четврток, 19 септември, почнува да се прикажува во киносалите во Македонија.
Македонската кинопремиера ќе биде во „Синеплекс“ по што филмот ќе стане дел од редовниот репертоар за скопската публика. Од следната недела ќе се прикажува и во киното „Киноверзум“ во Кисела Вода.
На 19 септември проекции ќе има и во домовите на културата во Пробиштип, Богданци и во Свети Николе, како и во киното „Мис Стон“ во Прилеп. В сабота, 21.9., ќе стигне и во Домот на културата во Кочани, во присуство на дел од екипата, а на 22, в недела, ќе биде прикажан во „Киноверзум“ во Штип и во Велес.
Термините за другите градови ќе бидат дополнително објавени и можете да ги следите на фејсбук-страницата на „Бизнисот на задоволството“.
Филмот во својата меѓународна фестивалска година заобиколи пет континенти, се закити со 32 селекции и доби 10 награди, од кои пет за најдобар филм.
Трилерот на Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.