Забава
Нов Вудсток летово во Њујорк?
Еден од основачите на легендарниот фестивал размислува за голем концерт, со што би ја одбележал 40 годишнината од Вудсток
Еден од основачите на легендарниот фестивал размислува за голем концерт, со што би ја одбележал 40 годишнината од Вудсток.
Мајкл Ланг моментално преговара со спонзори околу фестивалот, што не би бил штетен за околината, а влезот би бил бесплатен.
Ланг за весниците изјавил дека би сакал да се одржи во Њујорк.
“Не сакаме да ја загадиме околината, така што бараме начин да организираме ’зелен’ фестивал. Би сакал да видам многу бендови – Ху, Крозби, Стилс енд Наш, Сантана, Џо Кокер… Секако би ги повикал и поновите изведувачи како што се Ред Хот Чили Пејперс или Дејв Метјус“, вели Ланг.
Оригиналниот Вудсток се одржа на фарма во државата Њујорк во 1969 година, а на него многу икони на рокенролот направија пресвртница во своите кариери.
Од тогаш се направени неколку обиди за “оживување“ на Вудсток, од кои последниот бил во 1999 во Њујорк, кога во публиката избил хаос, по што организаторите морале да повикаат полиција за да ја смират побуната, а подоцна е потврдено дека дури четворица луѓе биле силувани во тек на концертот.
Ланг не верува дека имиџот на оригиналниот Вудсток е нарушен со овој немил настан.
“Се се враќа на фестивалот од 1969 година. Кога ќе спомнете Вудсток, луѓето не мислат на поновите концерти, туку на првиот“, вели Ланг.
Тој најави дека “доколку се се одвива според планот, љубителите на музиката можат да очекуваат нов Вудсток ова лето, и најави можно одржување на паралелен европски фестивал во Берлин.
На првото издание на фестивалот настапија, покрај Џими Хендрикс и Ху, Џоан Баез, Џенис Џоплин, Грејтфул Дед, Џеферсон Ерплејн и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Сè е широко на неа, а таа е толку „проклето секси“
Џенифер Лопез повторно нè почасти со совршен стајлинг и покажа дека може да биде многу секси, особено по жешката најава за тоа што следи. На гала вечерта на „The Hollywood Reporter’s Women 2025“ во Беверли Хилс, таа носеше облека во најпопуларната боја на сезоната – чоколадна.
За оваа посебна пригода, познатата Џеј Ло носеше монохроматска облека со лабав крој и не го истакнуваше струкот, ниту ги откриваше совршените стомачни мускули, а сепак беше „толку проклето секси“, како што многумина коментираа за ова нејзино појавување – со и без очила за сонце.
Немаше апсолутно ништо на себе под преголемото сако, па со добра причина сите се загледаа во нејзиното деколте, кое малку ѝ остави простор на имагинацијата.
Have u ever seen anything or anybody more beautiful than this woman ?!
Course not u haven't.
Because there simply isn't. #JenniferLopez #JLo #Oscars2026 #KOTSW #KissOfTheSpiderWoman https://t.co/b7cLHjjAmj— 🎼🎶KOTSW…🎵 ✨️ (@alister_369) December 4, 2025
Ја искомбинираше со миди здолниште кое паѓаше лежерно без да ја нагласи фигурата на една од најубавите и најстилските жени, а целата комбинација ја зачини со женствени детали – лабава коса, ефектни ѓердани околу вратот, слични на некогаш мегапопуларниот чокер, и соодветна шминка.
Пејачката, актерката и танчерката се одлучија и за кафеава кожна чанта и лак за нокти во иста боја, а монохроматската комбинација ја разби со беж чевли.
Забава
(Фото) Раскошните облини на свршеницата на Роналдо се вистински рај за очите: „Тој е среќен човек“
Георгина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо, е активен член на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен живот.
На нејзиниот Инстаграм профил често можеме да видиме фотографии од атрактивни и донекаде провокативни облеки, но таа секогаш наоѓа време да објави компилација од семејни фотографии.
Таков беше случајот и овој пат кога ги извести своите бројни обожаватели дека е на одмор со своите деца и сопругот.
Георгина уживаше во сончевите денови и семејните моменти, но насловната фотографија од оваа објава привлече најголемо внимание.
Токму нејзините раскошни облини беа во преден план, бидејќи одлучи да облече танга бикини.
Таа напиша и трогателна порака со објавата: „Јас живеам живот, сонувам соништа и сум вечно благодарна на Бога, чија љубов ме води, одржува и инспирира“, напиша таа, а потоа започна лавина од коментари.
„Кристијано е среќен човек“, „Ти си вистинска божица“, „Ги обожавам твоите семејни фотографии“, се само неколку од коментарите.
Забава
(Фото) Гвинет Палтроу го покажа сопругот
Многу познати личности блеснаа на годишната гала вечер на списанието „The Hollywood Reporter“. Покрај зачудувачката Дакота Џонсон, актерката Гвинет Палтроу не ја пропушти можноста да биде видена.
Интересно е што и Дакота и Гвинет донесоа минималистички комбинации за оваа празнична пригода и, следејќи ги нивните примери, можеме да заклучиме дека редуцираните креации повторно се пожелни.
Гвинет блесна на црвениот тепих во фустан со рамен крој украсен со длабоко деколте. Лежерниот фустан во боја на слонова коска ја истакна нејзината витка фигура и го нагласи опуштениот стил што го негува со години.
Сепак, не беше сè толку едноставно при изборот на модни парчиња. Еден дел од облеката, сепак, беше ѕвездата на изданието на актерката.
Тоа беа црвени штикли со стилот кои го „разбиваа“ монохроматското издание. Овој детаљ беше доволен за актерката да го привлече вниманието на модните критичари.
Таа го комплетираше својот стил со минимална шминка во голи тонови и едноставна фризура. Треба да се спомене дека нејзиниот сопруг Бред Фалчук, кој ретко се појавува во јавноста, беше нејзин придружник на црвениот тепих.
Се чини дека актерката сака да го чува за себе и да му го покажува на светот во посебни пригоди.
Што се однесува до неговиот стајлинг, тој верно ја следел својата сакана и избрал лесен костум што го комбинирал со сина вратоврска.
Судејќи според фотографиите, може да се каже дека тие биле најубавиот пар на настанот.

