Забава
Ирачкиот национален музеј повторно отворен по шест години
Ирачкиот национален музеј од денеска е повторно отворен за јавноста, шест години откако беше речиси целосно ограбен во хаосот по инвазијата предводен
Ирачкиот национален музеј од денеска е повторно отворен за јавноста, шест години откако беше речиси целосно ограбен во хаосот по инвазијата предводена од силите на САД во 2003 година.
Повторното отворање на музејот свечено беше одбележано вчера. Ирачкиот премиер Нури ал Малики, оцени дека хаосот во кој што беа ограбени некои од највредните дела во светот е мрачен период од историјата на Ирак, јавуваат медиумите.
Музејот, што е изграден во 1926 година, целосно е обновен, главно со помош на Италија. Во него се наоѓаат единствени дела и збирки на антиквитети од времето на древна Месопотамија, колевката на сумерската, вавилонската и асириската цивилизација, на кои што човештвото им го должи писмото, пишаните закони и првите градови.
Италијанскиот археолог Џузепе Проети рече дека неговата држава го помогнала обновувањето на музејот со еден милион евра.
Ирачкиот министер за туризам и наследство Катан Абас соопшти дека од 15 илјади украдени уметнички дела, своето место во музејот повторно го пронашле околу шест илјади и прецизираше дека Сирија на Ирак му вратила 701 уметничко дело, Јордан вратил 2.466, САД 1.046, додека останатите се вратени од страна на Шведска, Италија, Перу и Египет./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Роденденска промоција на хnula.mk од 5 до 10 ноември
„xnula.mk“ го слави својот ПРВ роденден. Успевајќи да се позиционира како доверлива премиум онлајн продавница во Македонија, нуди внимателно избрани производи за домаќинство, стик и робот правосмукалки, уреди за нега и фитнес од светски познати брендови.
По тој повод, од 5 до 10 ноември 2025 година ќе имате можност да уживате во роденденската промоција со ексклузивни цени и попусти на производи од светските брендови: Dreame, Dyson, Roborock, Ninja, Shark, Yesoul, Ovicx, Daikin и многу други. Истовремено, на нивниот Инстаграм профил ве очекува и роденденски GIVEAWAY, па препорачуваме да бидете во тек и да ги следите на социјалните медиуми.
„xnula.mk“ е премиум онлајн продавница во Македонија, посветена на сите оние купувачи кои бараат врвен квалитет за домаќинство и грижа за себе. Секое купување се одвива сигурно, со брза и бесплатна достава, како и можност за плаќање на рати, обезбедувајќи беспрекорно корисничко искуство.
„Како официјални увозници на Dreame, Dyson и Roborock, нашата цел е да понудиме исклучителни производи преку внимателно одбрани премиум брендови, кои го олеснуваат секојдневието и ја подобруваат удобноста на животот на нашите клиенти.“велат од тимот на xnula.mk.
(ПР текст)
Забава
(Видео) Поранешната мис Југославија живее во Дубаи повеќе од 20 години: „Ги почитувам нивните правила“
Поранешната српска манекенка и мис Југославија, Јелена бин Драи, живее во Дубаи веќе 24 години, каде што изгради семејство со арапскиот претприемач Саид бин Драи, со кого има четири деца. По долго медиумско молчење, Јелена неодамна отворено проговори за својот брак, семеен живот и за правилата што ги следи во Обединетите Арапски Емирати во емисија на телевизијата „К1“.
Таа призна дека ѝ требало време да се навикне на пустинската клима, но и да ја разбере културата во која сè се мери – од начинот на облекување до покажувањето почит.
„Кога дојдов, се облеков како во Милано. Мини здолништа, блузи со длабоко деколте, сè што беше нормално за 20-годишна девојка. Но, набргу сфатив дека ако сакам луѓето да ме почитуваат овде, морам да ги почитувам нивните правила. Кога сум во Србија, се облекувам како што сакам. Во Дубаи знаете како да се облекувате и како да се однесувате“, рече Јелена додавајќи: „Тоа не значи дека не ми се допаѓа модата, напротив. Сакам да изгледам убаво, но научив дека вистинската елеганција никогаш не вреска. Тоа е лекција што Дубаи бргу ја учи на секоја жена“.
Нејзиниот ден, вели таа, почнува во шест часот наутро и е исполнет со многубројни деловни и семејни обврски.
„Имам помош во куќата, но тоа не значи мир. Тоа значи бучава од шест часот наутро, врати, ѕвона, трчање“, рече таа, пренесе „Индекс“.
Откри дека нејзиниот најмлад син Рашид зборува српски, а постарите деца го прават тоа само кога е потребно.
„Кога им треба нешто, сите јазици функционираат“, додава Јелена. Таа нагласи дека во нејзиното семејство постојат јасни правила и дека, без оглед на обврските, сите се собираат како заедница навечер.
„Во Дубаи сè се мери точно и функционира прецизно, но топлината во семејството не може да се купи со луксуз или правила. Тоа се учи од дома“, рекла таа.
Начинот на облекување, истакнува, е клучен дел од почитувањето на културата во која живее, а постоењето ред носи и чувство на сигурност.
„Во Емиратите сè е видливо и сè има свои граници. Ако одите на плажа, можете да носите што сакате. Ако одите во трговски центар, мора да покажете почит кон земјата во која живеете. Ова не значи дека жената се откажува од себе, туку дека знае каде е и кому му припаѓа“, објаснила таа.
Конечно, Јелена се осврна на шпекулациите што го следат нејзиниот брак со години, особено за тоа дали нејзиниот сопруг има повеќе од една жена.
„Весниците повеќе не пишуваат дека Саид носи нова жена на секои три месеци. А што би рекла мајка ми – јас сум премногу за него“, рече Јелена со насмевка.
Таа истакна дека нема поделба во нејзиниот брак со Саид, туку рамнотежа што самите ја создале.
„Во арапската култура мажот има улога на заштитник, но ако сте сигурни во себе, таа улога не е ограничувачка, напротив. Саид има своја традиција, јас имам своја. Се почитуваме и се надополнуваме. Кога жената знае која е, не мора тоа никому да му го докажува“, заклучи Јелена.
Забава
Грешка при печењето може целосно да го уништи вкусот на колачите
Прескокнувањето на претходното загревање на рерната може значително да го промени вкусот, текстурата и дури и безбедноста на храната.
Кај колачите, загреаната рерна е неопходна — ако се печат во ладна, тестото ќе се рашири, ќе биде суво, густо и без боја, бидејќи нема доволно топлина за активирање на прашокот за печиво.
Кај лебот и тестото со квасец, топлината овозможува да се создаде карактеристична коричка и внатрешна структура. Без тоа, лебот останува рамен и без воздушни празнини.
Исто важи и за питите и лиснатото тесто — ако рерната не е загреана, тие стануваат влажни, сплескани и со стопен путер наместо со крцкава коричка.
Затоа, загревањето на рерната е клучно за правилна реакција на состојките и добар краен резултат.

