Забава
Мачор четири години редовно патува со автобус

Каспер, 12 годишен мачор, веќе четири години секое утро го чека автобусот број три на станицата пред својот дом во Плимут, Девон, и се вози цел пат
Каспер, 12 годишен мачор, веќе четири години секое утро го чека автобусот број три на станицата пред својот дом во Плимут, Девон, и се вози цел пат долг околу 18 километри, за еден час подоцна да се врати дома.
На своето патување, мачорот поминува низ централниот дел од градот и неколку предградија.
Мачорот секојдневно патува со овој автобус веќе толку време што сите навикнале на малиот “патник“ што не плаќа за превозот, а возачите водат сметка да се симне на точната станица.
Сузан Фајнден (65), сопственичката на Каспер, вели дека нејзиниот мачор секој ден некаде оди, а таа не знаела каде.
“Го нареков Каспер затоа што имаше навика да исчезнува како дух. Но, еден ден ја открив неговата тајна. Еден од возачите на автобусот ми кажа дека тој се вози со автобус“, вели Сузан.
“На почетокот не можев да поверувам, но тоа се објаснува. Тој сака да биде во друштво на луѓе, а автобуската станица се наоѓа точно пред мојата куќа, така што веројатно ги следел луѓето до станицата и почнал да влегува во автобусот“, додава Сузан.
Роб Стоунхаус, возач на автобусот вели дека мачорот главно седнува на седиште во задниот дел на автобусот.
“Понекогаш им се врти на патниците околу нозете и се гали, но никогаш не правел проблеми“, додава тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.