Забава
Британците трошат стан на честење на пријателите

Веселите и пријателски расположени Британци просечно во живот трошат околу 45 илјади евра честејќи ги своите пријатели.
Веселите и пријателски расположени Британци просечно во живот трошат околу 45 илјади евра честејќи ги своите пријатели. Според едно истражување, што го спроведе ОнеПолл, возрасниот Британец во просек годишно околу 960 евра за да ги почести пријателите, партнерите и колегите со пијалок, што значи дека целата британска популација троши над 34 милијарди евра годишно на честење пијалок. Просечниот Британец, без оглед на финансиската криза, три пати месечно оди во “ноќно крстарење“ по баровите, пабовите и рестораните и троши околу 30 евра на пријателите, износ, кој кога ќе се соберат месеците, годините и десетлетијата, испаѓа дека Британците на пријателите трошат колку еден помал стан во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Четири хороскопски знаци секогаш ги обвинуваат другите за своите проблеми

Сите од време на време бараме некого да го обвиниме за сопствените неуспеси, особено кога се наоѓаме во непријатна ситуација.
Сепак, некои хороскопски знаци имаат речиси вродена потреба да обвинат некој друг за секоја нивна грешка или неуспех во животот – без разлика дали станува збор за пријатели, партнери, колеги или самата судбина.
Наместо да се прашуваат што можат да научат од своите постапки, тие претпочитаат постојано да бараат надворешни причини за сопствените падови.
Иако секој знак има свои силни и слаби страни, овие четири се издвојуваат особено затоа што речиси никогаш не преземаат одговорност за она што им се случува.
Близнаци
Близнаците се познати по својата комуникативност и брза прилагодливост, но зад тој шармантен изглед честопати се крие неподготвеност да ги признаат сопствените грешки.
Кога работите тргнуваат наопаку, Близнаците вешто ќе ја свртат приказната и ќе ве убедат дека немаат никаква врска со тоа – дури и ако сите индикации укажуваат на спротивното.
Лав
Лавовите имаат силно его и силно чувство за достоинство, што често ги спречува да признаат дека погрешиле.
За нив, нивниот сопствен имиџ е исклучително важен, па затоа попрво ќе ги обвинуваат другите отколку да го оштетат својот углед. Кога нешто тргне наопаку, Лавовите прво ќе се запрашаат кој им ги уништил плановите, а дури потоа ќе го разгледаат сопствениот придонес во ситуацијата.
Стрелец
Иако изгледаат отворени и оптимистични, Стрелците не сакаат да преземат одговорност за своите зборови и постапки.
Нивната импулсивна природа и склоноста кон брзоплети одлуки честопати ги доведуваат во незгодни ситуации, но наместо да признаат дека згрешиле, Стрелците ќе тврдат дека едноставно ја следеле својата интуиција или дека околностите биле против нив.
Риби
Рибите се емотивни и чувствителни, но често бегаат од реалноста, особено кога треба да ја признаат сопствената одговорност. Наместо да се соочат со последиците од своите одлуки, Рибите претпочитаат да ја преземат улогата на жртва.
Ако ги соочите со фактите, тие ќе се повлечат во својот свет или ќе бидат преплавени од емоции, со што ќе го одвлечат вниманието од вистинскиот проблем.
Забава
(Видео) Хали Бери објави провокативна снимка со своето момче: „Дали прекинуваме нешто?“

Актерката Хали Бери е позната по тоа што отворено зборува за својот интимен живот. Таа неодамна го лансираше својот бренд, Respin Health, чија цел е „редефинирање на менопаузата и долговечноста“, а меѓу своите производи нуди и гел за „зголемување на интимноста“.
Бери го промовираше токму овој производ на необичен начин – во видео што го објави на социјалните мрежи по повод Денот на мајките. На снимката се гледаат Бери и нејзиното момче Ван Хант како лежат голи во кревет, скриени под покривките. „Ви покажав како ми започна денот, или поточно како ми започна Денот на мајките. Сега нема да ви покажам, но ќе ви кажам како ќе заврши Денот на мајките“, рече таа низ смеа, додека нејзиниот партнер ја поттикнуваше да го заврши видеото.
Видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Некои корисници коментираа: „Дали прекинуваме нешто?“, „Чувствувам дека не треба да бидам тука со вас“, „Што всушност гледав ?“ и „Никогаш не помислив дека ќе ја видам голата Хали Бери како продава лубрикант преку интернет.“
Забава
(Видео) Ричард Гир направи профил на Инстаграм, следи само четири лица

Ричард Гир креираше профил на Инстаграм. 75-годишниот актер објави видео на Инстаграм и им се обрати на своите обожаватели.
„Здраво на сите. Ова е кратка порака за да ве известам дека има многу лажни профили што го користат моето име или се преправаат дека се мои. Ве молам игнорирајте ги сите други профили што тврдат дека се мои. Доколку сакате да ме контактирате или да ја следите мојата работа, единственото официјално место е преку Фондацијата Гир на Инстаграм на @gerefoundation. Ви благодарам за вашата поддршка и ве молам останете безбедни на интернет“, рече тој.
Профилот има бела ознака за верификација, што потврдува дека тоа е навистина неговиот профил. Освен обожавателите, го пречекаа и неговата сопруга Алехандра Силва, како и долгогодишниот пријател Антонио Бандерас, кој му напиша кратка порака: „Добредојде, пријателе мој!“